Ќе се рушат дискотеките во Парк за да се гради Луна парк
За 30 до 40 дена, доколку сѐ оди како што треба, ќе почне изградбата на Луна паркот во Скопје, а за таа цел ќе се уриваат и дискотеките лоцирани во Градскиот парк.
– Во финална фаза е тендерската постапка и моите очекувања се дека за отприлика 30-40 дена би започнале, нормално сѐ ако биде во ред со постапката до крајот, би започнале со градежни активности таму. Тоа ќе биде еден од проектите кои многу години го бараат граѓаните – рече Ѓорѓиевски.
За реквизитите кои беа набавени во минатото, Ѓорѓиевски рече дека сериозно работи добар правен тим. Комисии имаат утврдено дека не само потеклото туку и квалитетот на тие реквизити е незадоволувачки, вели тој.
Со правната постапка очекува на Градот да му се вратат парите за нивна исплата.
Одговарајќи на други прашања, Ѓорѓиевски дополни дека во функција на изградба на Луна паркот, ќе се уриваат и дискотеките во Градскиот парк.