Ќе се монтира нов пешачки портален семафорски столб на булеварот „Александар Македонски“


Во недела ќе се монтира нов пешачки портален семафорски столб на булеварот Александар Македонски кај бензиската станица “Макпетрол”, информираат од ЈП „Улици и патишта“, Скопје.

-Екипите на ЈП “Улици и патишта” Скопје по налог на Град Скопје денес ги демонтираа светлосните сообраќајни знаци на пешачкиот премин кај бензиската станица “Макпетрол” на булеварот Александар Македонски и го подготвија теренот за монтажа на новите семафори на овој булевар. Денес се поставени вертикалните семафорски столбови,а во недела ќе се монтира новиот портален хоризонтален семафорски столб за пешаци – се вели во соопштението на претпријатието.

Од ЈП „Улици и патишта“, Скопје, додаваат и дека работата ќе ја извршуваат екипите одговорни за одржување на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во градот, со асистенција од полиција и дека во текот на работата ќе биде воведен времен режим на сообраќајот.