Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, но кој ќе работи таму?


Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, општината денеска распишува тендерска постапка
Граѓаните најмногу бараат поликлиника и Општина Бутел денеска распишува тендерска постапка за нејзина изградба, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. Новата поликлиника Бутел ќе се гради на улица „Бутелска“, на местото на постојната модуларна амбуланта. Ќе има приземје и кат. Околу 118 милиони денари ќе чини целиот проект.

Но, се наметна прашањето кој ќе работи во поликлиниката Бутел, ако знаеме дека во моментов имаме сериозен недостаток на специјалисти, односно оваа поликлиника треба да биде во рамки на Здравствен дом Скопје, каде сегашните специјалисти еден ден одат во поликлиника во Ѓорче Петров, а другиот во друга поликлника.

– Паралелно на креирање на инфраструктура и можности на здравствени услуги, ние работиме, имаме веќе работна група за Национална стратегија за креирање на човечки капацитети во здравството. Во моментот интезивно работиме на вработување на приватните специјализнати, на медицинските сестри. Се надевам дека за брзо време по креирање на доволно модерна инфраструктура, ќе може да дојдеме тука на прес-конференција за екипирање на целата клиника со човечки фактор, со доктори и медицински сестри.

Ние сме свесни дека имаме недостаток на здравствени услуги за граѓаните и заради инфраструктурна гледна точка, но и заради недостаток за доктори и медицински сестри. Знаете дека капацитетот не може да се креира за еден ден. Треба време“, рече министерот за здравство Азир Алиу, кој присуствуваше на прес -конференцијата.

„Вие мора да проектирате за 10 години и инфраструктура и човечки капацитетиЕ, а тоа според министерот ќе се направи со Националната страгеија која е во изработка, каде ќе се знае за 10 години колку ќе имаместуденти, паралелки за средно медицинско училиште, за лаборанити иза техничари и ќе може да се проектира понатаму каде и каков тип професиналци требаат.

– Преговараме освен со Словенија и со Италија и со Австрија, за да може да обучиме наш кадар. Тие ќе одат таму на краток престој и мораме паралелно да работиме и на инфраструктура и на човечки капацитети – рече Алиу.

Тој е уверен дека и дигитализацијата ќе помогне за да може нашите експерти и доктори, кои живеат надвор од Македонија, да може да бидат активни и да се вклучат во нашиот здравствен систем.

– Граѓаните најмногу бараат поликлиника и Општина Бутел денеска распишува тендерска постапка за нејзина изградба, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. – Општина Бутел обезбеди планска документација. Донесовме ДУП на 16.02 2024 година. Го донесовме едногласно. Зацртавме маркица за нова поликлиника. Веднаш потоа обезбедивме проект во вредност од 3 милиони денари. Целосна проектна документација.

Додаде дека се обезбедени 117 милиони денари, од кои 90 отсто се од Министерството за здравство, а 10 отсто од Општина Бутел.

Костовски посочи дека се работи за модерна поликлиника, која ќе се простира на 1.500 квадратни метри. Тендерската постапка се очекува да трае околу еден месец.

Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека оваа поликлиника е пример за соработка меѓу централната и локалната власт.

-Во новата поликлиника ќе има општа медицина, ординации за педијатрија, биохемиска лабораторија, кабинет за радиологија, стоматологија, гинекологија, психијатрија…, рече Алиу.

Одговорајќи на новинарско прашање, Костовски изјави дека по завршувањето на тендерската постапка и откако ќе биде избрана фирма, се очекува веднаш да бидат поставени темелите на новата поликлиника или не повеќе од два месеца. Рокот е 18 месеци според условите поставени за градба.