„Ќе режирам уште еден или два филма“ – Вуди Ален му даде интервју на Алек Болдвин

Вуди Ален, во ретко интервју, зборува со Алек Болдвин на Инстаграм во живо. Сепак тие не разговараа за горливата тема за обвинението за сексуална злоупотреба кои беа покренати против режисерот ниту за трагедијата на снимањето на Раст


САД- За време на најавеното и очекуваното интервју на Алек Болдвин со Вуди Ален, емитувано на Инстаграм профилот на актерот, познатиот и наградуван режисер Вуди Ален ги објави своите планови за неговото идно пензионирање: „Ќе режирам уште еден или два филма“, изјави тој, додавајќи дека „ентузијазмот исчезна „поради падот на театарското искуство“.

Без да открива повеќе детали за проектот, Ален откри дека ќе режира филм што ќе се снима во Париз на крајот на летото. Тоа е очекуваното враќање на американскиот режисер по филмот „Рифкиновиот фестивал“ од 2020 година, кој не доживеа промоција каква што заслужува поради короната.

Веќе тогаш, среде здравствената вонредна состојба, зборовите на Ален најавуваа пензионирање: „Имам 84 години, наскоро ќе умрам. Би можел дури и да го напишам најдоброто сценарио на светот, но ако никој не може да го продуцира филмот нема да може да се проектира…Не сум многу охрабрен “, рече тој во 2020 година. „Денес луѓето се среќни што се дома, мислат дека е убаво да вечераат и да гледаат филм на нивниот голем екран со сараунд систем. Но, не сакам да снимам филмови за телевизија, па едноставно би можел да одлучам да престанам да снимам филмови“.

Во дијалогот меѓу двете холивудски ѕвезди не беше спомната ниту трагедијата на снимањето на Раст, ниту пак обвинувањата против Ален.

Во разговорот со Алек Болдвин кој траеше околу еден час, Ален зборуваше и за неговиот нов начин на живот, многу подомашен: „Дома сум и немам што да правам, покрај малку движење, вежбање со кларинет и пишување. Дома  пишувам многу. Напишав многу дела и си помислив: „Што ако повеќе не снимам филмови? Убаво е да се живее вака“ И тогаш си помислив: „Па, би можел да направам уште еден или два филма““.

Режисерот кој доби четири Оскари, исто така, рече дека не би сакал да пишува сценарија за други, туку повеќе да се посвети на пишување романи.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)