Кирацовски најави тужби за неколку медиуми
Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, на својот Фејсбук профил, најави тужби за неколку медиуми, затоа што ширеле лаги за неговиот имот.
Како што пишува Кирацовски, поради тоа што ширеле лаги за неговиот имот, тој за клевета ќе тужи неколку медиуми.
– Демант и тужба за клевета за vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk; Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири – објави Кирацовски на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1155934041272012