Кинески борбен авион влегол во воздушниот простор на Јапонија! Тоа е кршење на нивниот суверенитет и жестока закана


Денеска се случи инцидент во Источното Кинеско Море.

Упадот на кинески воен авион во воздушниот простор на Јапонија претставува „сериозно нарушување на јапонскиот суверенитет“, изјави денеска портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши, по инцидентот во Источното Кинеско Море.

„Нарушувањето на нашиот воздушен простор од страна на кинески воен авион не е само сериозно нарушување на нашиот суверенитет, туку и закана за нашата безбедност“, изјави портпаролот на новинарите.

Тој додаде дека јапонската влада ќе продолжи внимателно да ги следи воените активности на Кина. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека кинески воен шпионски авион влегол во јапонскиот воздушен простор во 11:29 часот во понеделникот околу две минути.