Кина ја приклучи на мрежа најголемата соларна централа во светот, следниот проект е уште поамбициозен


Компанијата „Пауер Чајна“ ја приклучи на мрежа најголемата соларна централа во светот со капацитет од 3,5 гигавати, која се наоѓа во близина на градот Урумчи во автономниот регион Ксинџијанг.

Новиот соларен проект зафаќа површина од 809 квадратни километри и, според планот, ќе произведува 6,09 терават-часови електрична енергија годишно и ќе снабдува околу три милиони домаќинства во Кина, пишува порталот Енердата.

Покрај тоа, Кина го најави почетокот на изградбата на соларен проект од 4,6 гигавати исто така лоциран во Ксинџијанг.

Изградбата ќе трае 24 месеци и ќе се одвива во две фази, а се очекува оваа соларна централа на крајот да произведува 6,67 тереват-часови електрична енергија годишно.

Капацитетот на соларната енергија во Кина скокна за 55 отсто во 2023 година и надмина 609 гигавати, додека инсталираниот капацитет на енергија од ветер порасна за скоро 21 отсто надминувајќи 441 гигавати.