Кина ги повикаа САД да ги укинат сите царини: Не е вистина дека веќе сме во преговори

Кина повика на крај на сите „еднострани“ американски царини, бидејќи се појавија индикации дека администрацијата на Трамп би можела да ја деескалира трговската војна со Пекинг.
Кина тврди дека не одржала трговски разговори со Вашингтон и покрај коментарите на американската влада кои сугерираат дека имало ангажмани.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека САД ќе склучат договор со Кина, а вчера изјави дека има „директен контакт“ меѓу двете земји.
Трамп, кој ги нарекува неговите тарифи „реципрочни“, вели дека тие имаат за цел да го поправат неправедниот трговски дисбаланс со САД.
-САД треба да ги отстранат сите „еднострани царински мерки“ против Кина „ако навистина сакаат“ да го решат трговскиот проблем, изјави денеска портпаролот на Министерството за трговија Хе Јадонг.
Администрацијата на Трамп ќе размисли за намалување на тарифите за увезената кинеска стока од сегашното ниво од 145 отсто на меѓу 50 и 65 отсто, додека ги чека преговорите со Пекинг, изјави извор запознаен со ова прашање.
-Кина и САД не се консултираа или преговараа за царините, а камоли постигнаа договор, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун на одделен брифинг со новинарите, нарекувајќи ги извештаите за такви информации „лажни вести“.