Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца
Во текот на ноќта градот беше осветлен од две силни експлозии. Во нападите врз украинските градови имаше жртви, меѓу кои и деца. Русија, пак, се соочува со се построги санкции од меѓународната заедница

Инвазијата на Русија врз Украина навлезе во чевртиот ден. Киев ја издржа ноќта под жесток напад на руските сили. Во текот на ноќта градот беше осветлен од две силни експлозии. Во нападите врз украинските градови имаше жртви, меѓу кои и деца. Русија, пак, се соочува со се построги санкции од меѓународната заедница.
Во утринските часови нападите врз Киев не престанаа. Прогласена е опасност и беше наредено сите да останат во засолништа.
Во текот на ноќта екипата на Си-Ен-Ен од Киев јави за бројни експлозии во и околу градот, од кои две големи експлозии го „осветлиле небо во ноќта“ југозападно од Киев.
Новинарите на американската ТВ куќа наведуваат дека украинските власти ги предупредиле жителите на Киев и другите градови да се подготват за воздушни напади, кои се чини дека почнааа во раните утрински часови по локално време.
Си-Ен-Ен објави снимка од, како што се чини, голем пожар во близина на центарот на Киев, а „Киев пост“ објави дека гори магацинот за нафта Василков, на околу 20 километри јужно од Киев.
Истовремено, и во Харков и во Василики се слушале силни детонации.
Руски ракети паднаа врз украинскиот град Василкив југозападно од главниот град Киев, при што е запален нафтен терминал, изјави градоначалничката во видео објавено на интернет.
„Непријателот сака да уништи се наоколу“, рече градоначалничката Наталија Баласинович.
Фотографиите и видеата објавени на интернет покажуваат огромен пламен кој го осветлува ноќното небо. Локалните власти ги предупредија жителите да внимаваат на можните отровни испарувања.
Експлозии синоќа одекнаа на повеќе страни во Украина, а руските сили разнесоа гасовод во градот Харков. Засега не е познато колку е важен овој гасовод и дали после ова може да дојде до прекин во испораката на гас. И покрај војната, Украина продолжува да испорачува руски природен гас во Европа.
Украинските сили денеска се бореле со руските војници на улиците на североисточниот украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синегубов.
Russians have entered Kharkiv. Street battles audible pic.twitter.com/JX1eZfCe9h
— Roland Oliphant (@RolandOliphant) February 27, 2022
„Воени возила на рускиот непријател упаднаа во Харков, вклучувајќи го и центарот на градот“, рече Синегубов. „Вооружените сили на Украина го уништуваат непријателот. Ги замолуваме цивилите да не излегуваат“.
На видеата објавени од Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи, и Украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, се гледаат неколку воени возила кои се движат по улица и, одделно, запален тенк.
„Ситуацијата во Киев е мирна, главниот град е целосно е под контрола на украинската армија и одбранбените сили“, рече Микола Поворозник, првиот заменик-шеф на градската државна управа на Киев, во изјава објавена непосредно пред 7 часот по локално време.
Русија претрпе значителни загуби во четвртиот ден од војната против Украина, при што Украинските одбранбени сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден собориле 18 хеликоптери, 16 авиони, 102 тенкови, 540 борбени возила, еден ракетен систем Бук.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и објави дека околу 3.500 руски војници биле убиени или ранети, а според Пентагон, Русите истрелале повеќе од 250 проектили врз цели во Украина.
Кубанската влада, традиционален сојузник на Русија, повика на „сериозно, конструктивно и реално“ дипломатско решение за украинскиот конфликт во саботата, критикувајќи ја резолуцијата претставена пред Советот за безбедност на ОН во петокот.
Синоќа, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.
Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ ќе отстрани „одредени“ руски банки од платниот систем SWIFT, како одговор на клучното барање на Киев.
Таа зборуваше по видео-конференција со лидерите на САД, Германија, Франција, Италија и Канада, со цел да се координира одговорот на Западот на инвазијата.
⚡️Russian troops have entered Kharkiv.
“There has been a breakthrough in light equipment including in the central part of the city,” Chairman of the Kharkiv Regional State Administration Oleg Sinegubov announced.
He urged local residents to remain in shelters.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 27, 2022