Казнети туристички агенции кои немаат туристички придружник за организираното патување


Фото: Б. Грданоски
Од градската управа информираат дека изминатиов викенд при вонреден инспекциски надзор во вечерните часови на неколку локации во Скопје од кои поаѓаат туристичките автобуси за меѓународни патувања, извршено е инспекторирање со овластените инспектори за туризам и угостителство од Инспекторат на Град Скопје, при што се констатирани неправилности кај организаторите на туристичките патувања-туристичките агенции кои најчесто немаат туристички придружник за организираното патување поради што истите се санкционирани и им се изречени казни.

– Сакаме да напомене дека и во наредниот период Инспекторат на Град Скопје ќе врши засилени контроли се со цел да и во туристичката дејност се почитуваат законските прописи – велат од Градот.