Катица Јанева спроведена во затворот „Идризово”


Фото: Б. Грданоски

Катица Јанева, од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија, денеска е спроведена во затворот „Идризово“, каде треба да ја одлежи затворската казна за случајот „Рекет“.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, за повеќе медиуми потврдува дека Јанева е спроведена во затворот во Скопје, но дека спроводот е без упатен акт од судија за извршување на санкции, кој требаше да го издаде судот во Гевгелија.

„Спроведена е во „Идризово“ без упатен акт, што сметаме дека е спротивно на Законот за кривична постапка. Ќе поднесеме вонреден правен лек до Врховниот суд“, вели Фрчкоска.

Јанева е осудена на седум години затвор за случајот „Рекет“, за кој скопска Апелација ја потврди казната. Таа од изрекувањето на првостепената пресуда па до сега, беше во домашен притвор поради опасност од бегство.

Вчера, во „Идризово“ беше спроведен и Бојан Јовановски, кој доби деветгодишна затворска казна во истиот случај.