Утре ќе има помрачување на „крвавата Месечина“, следното 2025 година


 Ретко затемнување на „крвавата Месечина“ ќе се случи утре и ќе биде видливо речиси од целиот свет. Инаку, ова ќе биде последна ваква појава до март 2025 година. Тој астрономски феномен е познат како „крвавата Месечина“ поради необичната црвеникава нијанса што Месечината ја добива. Помрачувањето, инаку, може да се набљудува без специјална опрема. Целосно затемнување […]

Вештачка крв првпат е пренесена во човек


 Крв направена во лабораторија првпат е пренесена во човек, а тоа – како дел од новото клиничко тестирање вештачка крв во светот. Тоа било мало количество крв, за да се дознае како телото ќе реагира на неа. Научниците веруваат дека трансфузијата ќе продолжи да се заснова на дарувањето крв, но тука нивната цел е да […]

Двајца ученици од Битола одат на светска олимпијада по природни науки


  БИТОЛА – Искра Нечаковска (14) и Олег Трајковски(15), ученици во прва година од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола се дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19.Меѓународна јуниорска  олимпијада по природни  науки  (IJSO 2022)  што  ќе  се  одржи  во  Богота, Колумбија, од 2‐12 декември 2022 година. На олимпијадата ќе учествуваат […]

Французин осмисли нараквица за спречување напад, поттикнат од лично трагично искуство


Поттикнат од лично трагично искуство, Французинот Александре Сере осмисли и дизајнираше уред-нараквица за спречување напад на улица. По три години работа, иноваторот, со неговиот петчлен тим го претставија „Сарат“ (Carrat) – уред во облик на стилска нараквица поврзана со мобилна апликација Александре живее во центарот на Париз, па пред три години, една вечер ја чекал […]

7 ноември во историјата – Рузвелт го освои четвртиот мандат


  На 7 ноември 1944 година, американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт е избран за невиден четврти мандат на функцијата. ФДР останува единствениот претседател кој служел повеќе од два мандати. Рузвелт се издигна над личните и политичките предизвици за да се појави како еден од најпочитуваните и највлијателните претседатели на нацијата. Во 1921 година, на 39-годишна […]

Последниве осум години веројатно се најжешките во историјата


Последниве осум години би можеле да бидат забележани како најтопли години во светот поради зголемениот интензитет на емисиите на стакленички гасови. Извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО) за состојбата на глобалната клима за 2022 година е резултат на пленарните сесии на 27-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации (ОН) за климатски промени […]

6 ноември во историјата –  ОН го осудија апартхејдот во Јужна Африка


  На 6 ноември 1962 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која ја осудува расистичката политика на апартхејдот на Јужна Африка и ги повикува сите нејзини членки да ги прекинат економските и воените односи со земјата. Во сила од 1948 до 1993 година, апартхејдот, кој доаѓа од африканскиот збор за „одделност“, беше […]

Можете да читате Твитер и Фејсбук цела ноќ и да немате поим што се случува во светот


Натпреварот помеѓу лажните и вистинските вести не е фер затоа што лагата може да се измисли во секунда, а вистинската вест бара време за да се потврди. Ова го изјави за БГНЕС Томас Кент, специјалист за дезинформации и новинарска етика, претседател и извршен директор на Радио Слободна Европа до 2018 година, професор на Универзитетот Колумбија […]

5 ноември во историјата – Наредбата е дадена: Бомбардирајте го Перл Харбор


  На 5 ноември 1941 година, Комбинираната јапонска флота доби строго доверлива Наредба бр. 1. За нешто повеќе од еден месец, американското пристаниште на Хаваите, Перл Харбор, ќе биде бомбардиран, заедно со Малаја (сега позната како Малезија), холандските Источни Индии и Филипините. Односите меѓу Соединетите Држави и Јапонија брзо се влошуваа по јапонската окупација на […]

Мистерија на гробишта во Португалија: Лешевите не се распаѓаат, туку се мумифицираат


Многу закопани тела на покојници од некоја причина не се распаѓаат, туку се мумифицираат, а со тоа почнаа да стануваат проблем на гробишта во Португалија. Имено, локалните закони налагаат поради заштеда на простор телата по некое време да се ексхумираат и да се стават во помали гробови. Но, некои од нив не се распаѓаат, што […]

Џекпотот во американската лотарија достигна рекордни 1,6 милијарди долари


Џекпотот на американската лотарија за извлекувањето предвидено за утре, денеска достигна рекордна сума од 1,6 милијарди долари. Тоа е најголемиот џекпот во светската историја. Премијата за лотаријата не е доделена последните 39 извлекувања. Шансите за освојување џекпот се еден спрема 292,2 милиони. Колку за споредба, статистиката на американското Министерство за здравство покажува дека шансата да ве […]

Скршената гитара на сцена од Курт Кобејн може да достигне цена од 400 илјади долари на аукција


САД- Можете да поседувате една од старите гитари на Курт Кобејн, но не очекувајте дека ќе удрите на кои било моќни акорди. Една од скршените секири на фронтменот на Нирвана ќе биде понудена на аукција насловена Икони и идоли: Rock ‘N’ Roll од Julien’s Auctions, која ќе започне на 11 ноември. Вкупно, повеќе од 1.500 […]

„Сејачот“ на Ван Гог полеан со зеленчукова супа во Рим


Италија– Во Палатата Бонапарта во Рим, активисти за борба против климатските промени истурија супа од зеленчук врз сликата на Винсент Ван Гог „Сејач“. Ремек-делото со наслов „Сејач“ инаку е заштитено со стакло, а е изложено во Палацо Бонапарта во центарот на Рим. Кон средината на минатиот месец, активисти од еко-групата „Just Stop Oil“ истурија супа […]

Викенд хороскоп: Овенот се поврзува со сродната душа, Водолијата ја чекаат романтика и пари


Овен Месечината на Риби во петок со Нептун ја буди вашата помека страна додека се движи низ вашата дванаесетта куќа. Квадратот Месечина-Марс го возбудува вашиот темперамент. За среќа, оптимизмот создаден од Месечината конјунктот Јупитер ќе ве издигне над конфликтот. Саботното спротивставување Венера-Уран носи промени во вашите односи и финансии. Застанете и размислете пред да преземете […]

(Видео) Се испраќа нов 3-Д биопечатач на МВС, целта е да се произведат цели органи во вселената


 Биопечатените делови од телото би можеле да бидат клучни во медицинските третмани во иднината, а научниците вложуваат големи напори во нивен развој. Американската вселенска агенција НАСА, компанијата „Редвајр“ и центарот „4Д-Био-3“ испраќаат нов 3-Д биопечатач до Меѓународната вселенска станица (МВС) каде што ќе вршат биопечатење на менискус на човеково колено во орбитата, а резултатите ќе […]

Гугл ја гаси апликацијата „стрит вју“


  Гугл, традиционални, продолжува со гасење на своите услуги, а сега на ред е „стрит вју“ апликацијата. „Стрит вју“ е едноставен начин за добивање 360° приказ, во речиси секоја улица на планетата, што ја прави совршена алатка за стекнување на ран впечаток за следната дестинација за патување или едноставно истражување на светот од удобноста на […]

Малиот „Ајнштајн“ од Белгија


Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе запише на докторат… Иако има само 12 години. Таткото на детето, Александар Симонс изјави дека момчето се запишува на докторска студија за природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето […]

Остатоци од кинеска ракета денеска ќе паднат на Земјата, никој не знае кога и каде


  Кина ги засили напорите за истражување на вселената во последниве години. Од испраќање различни вселенски летала на Месечината и Марс, изградба на сопствена вселенска станица до куп сателити кои орбитираат околу Земјата. Но, проблемот е во тоа што штом ќе испратат ракета во вселената, тие навистина немаат контрола врз неа откако ќе ја заврши […]

4 ноември во историјата – Откриен влезот на гробницата на кралот Тутанкамон


  На 4 ноември 1922 година британскиот археолог Хауард Картер и неговите работници откриваат скали кои водат до гробот на кралот Тутанкамон во Долината на кралевите во Египет. Кога Картер првпат пристигнал во Египет во 1891 година, повеќето од античките египетски гробници биле откриени, иако малку познатиот крал Тутанкамон, кој починал кога имал 18 години, […]

Природни состојки кои помагаат при херпес на усните


Пред нас е сезоната на настинки и грип, а штом ни ослаби имунитетот се појавуваат проблеми во вид на херпес на усните. Тоа може да биде многу непријатно. Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси. Со помош на овие предлози ќе се ослободите од херпесот на природен и безболен начин. Прополис Прополисот делува како […]