Денеска почнува зимата


Фото: Б. Грданоски

На северната хемисфера на Земјата денеска почнува зимата, а за жителите на јужната хемисфера доаѓа лето.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

На денот на почетокот на зимата, денот е најкраток, а ноќта најдолга.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Денеска е 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.