22 декември во историјата – Родено е првото горила во заробеништво


 

На 22 декември 1956 година, бебе горила по име Коло влезе во светот во зоолошката градина Колумбус во Охајо, станувајќи првото горила родено во заробеништво. Со тежина од приближно 4 килограми, Коло, западнанизински горила чие име беше комбинација од Колумбус и Охајо, беше ќерка на Мили и Мек, две горили заробени во француски Камерун, Африка, кои беа донесени во зоолошката градина Колумбус во 1951 година. Пред раѓањето на Коло, горилите во зоолошките градини беа фатени во дивината, често со брутални средства. За да фатат горила кога била млада и сѐ уште е доволно мала за справување, ловците често морале да ги убијат родителите на горилата и другите членови на семејството.

Горилите се мирни, интелигентни животни, родени во Африка, кои живеат во мали групи предводени од еден возрасен мажјак, познат како сребрен грб. Постојат три подвидови на горила: западна низина, источна низина и планина. Подвидовите се слични и поголемиот дел од горилите во заробеништво се од западните низини. Горилите се вегетаријанци чиј единствен природен непријател се луѓето кои ги ловат. Во просек, горилата живее до 35 години во дивината и 50 години во заробеништво.

Во времето кога се роди Коло, заробените горили честопати никогаш не ги научиле родителските вештини од своите родители во дивината, па зоолошката градина Колумбус изгради живеалиште кое ја симулираше природната околина и многу од горилите родени таму сега се растени од нивните мајки. Во ситуација кога тоа не функционира зоолошките градини креираат програми за сурогатство, каде младите животни се одгледуваат од луѓето, а потоа им се преваат на другите гиоолрили за грижа и растење.

Денес има приближно 750 горили во заробеништво ширум светот и се проценува дека околу 100.000 низински горили (и многу помалку планински горили) останале во дивината. Повеќето зоолошки градини се активни во програмите за размножување во заробеништво и се согласија да не купуваат горили родени во дивината.

Коло почина во 2017 година.