Желки стари речиси 100 години за прв пат станале родители
Двојка загрозени, речиси 100-годишни желки од Галапагос во зоолошката градина во Филаделфија за прв пат станале родители. Зоолошката градина во соопштение истакнала дека е „пресреќна“ поради доаѓањето на четири младенчиња, што е првпат во нејзината историја подолга од 150-години. Младенчињата се потомци на женката Мами и мажјакот Абразо, двајцата најстари жители на зоолошката градина. […]