Колапс на воздушниот сообраќај во Велика Британија


Лондон– Британската Влада вчера соработуваше со авиокомпаниите за да им помогне на патниците заглавени на аеродромите ширум Европа да се вратат дома, откако дефект во британскиот систем за контрола на летање предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај, кои најверојатно ќе траат со денови. Повеќе од 1.500 летови беа откажани во понеделникот бидејќи контролорите на летање […]

Белата куќа за смртта на Пригожин: Знаеме дека Кремљ има обичај да ги убива своите противници


Вашингтон  – Белата куќа синоќа излезе со претпоставка дека Кремљ е одговорен за смртта на Евгениј Пригожин, лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“ кој минатата недела загина во авионска катастрофа.  -Сите знаеме дека Кремљ има обичај да ги убива своите протвници. Совршено јасно е што се случило, изјави синоќа на прес брифинг портпаролката Карин Жан-Пјер.  […]

Масовно убиство во северен Тексас


Далас – Локалната полиција пронашла четири тела во дом во Ален, Северен Тексас, а според извештајот на истражителот, се работи за очигледен случај на убиство и самоубиство. Полицијата пристигнала на адресата околу 08:45 часот по локално време за да провери, откако еден од соседите повикал полиција бидејќи членовите на семејството не ја отворале вратата. Полицајците влегле […]

Повеќе од 80 отсто од Американците загрижени за состојбата на демократијата во САД


Вашингтон – Повеќе од 80 отсто од американските гласачи се загрижени за состојбата на демократијата во САД, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за двопартиска политика и агенцијата „Морнинг консалт“. Според порталот „Хил“, дури 82 отсто од гласачите се изјасниле дека се загрижени за демократијата во САД, вклучително и 40 отсто кои се изјасниле дека […]

Фон дер Лајен официјално го предложи Вопке Хукстра за нов еврокомесар


Брисел – По денешниот разговор со кандидатот предложен од Владата на Холандија за нов еврокомесар Вопке Хукстра, решив да им предложам на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент да го именуваат за член на Европската комисија, соопшти попладнево претседатаелката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен. Таа информира дека Хукстра, кој е актуелен холандски министер за надворешни работи, […]

САД и неколку европски земји спречија штетна програма за кибер напади на клучна инфраструктура


Министерството за правда на САД објави денеска за меѓународна операција со преземени акции во САД и неколку европски земји за спречување на штетната компјутерска програма Qakbot  и разбивање на нејзината инфраструктура.  Oваа програма инфицирала повеќе од 700,000 компјутери низ целиот свет со продор на штетни програми и направила штета од повеќе стотици милиони долари.  Од […]

Кина е главен снабдувач на критички важни делови за руските беспилотни летала


Вашингтон- Кина е главен снабдувач на критички важни делови за руските беспилотни летала користени против Украина, соопшти Меѓународната работна група за санкциите против Русија.  Копретседатели на оваа група се поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Мекфол, кој го предводи Институтот за меѓународни студии Фриман-Спогли, и Андреј Јермак, шеф на кабинетот на претседаелот на Украина.  […]

Еминем побара претседателскиот кандидат Рамасвами да не користи негова музика во кампањата


Вашингтон– Претендентот за републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами доби барање од рап пејачот Еминем да престане да ја користи неговата музика на своите митинзи, јави денеска Си-ен-ен. BMI, организација за изведувачки уметности, ја информирала кампањата на Рамасвами а по барање на Еминем, дека нема да дозволи лиценца за употреба на музиката на раперот на кампањата.  […]

Над половина од жителите на ЕУ лани користеле смарт телевизори – најмногу на Малта, најмалку во Бугарија


Лани 52 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле телевизори поврзани на интернет, што претставува раст за 9 процентни поени во однос на 2020 година, соопшти денеска Европската сатистичка служба – Евростат. Гледано по земји, граѓаните на Малта во најголем процент користеле паметни телевизори и тоа 78 отсто, пред […]

Големи делови од Флорида се евакуираат заради ураганот Идалија


Вашингтон – Ураганот Идалија се приближува кон Флорида и може да се засили од прва до трета категорија со максимална брзина на ветерот од 130 километри на час, додека наредбите за евакуација стапуваат во сила во повеќе места на западниот брег на полуостровот.   Невремето се очекува „брзо да се интензивира“ и може да стане […]

Илјадници луѓе протестираат во Колумбија поради поскапувањето на бензините


Неколку илјади луѓе денеска излегоа на улиците во неколку градови во Колумбија за да протестираат против драстичното поскапување на горивата во таа јужноамериканска земја. Демонстрантите велат дека зголемувањата на цените наметнати од првата левичарска влада на Колумбија го отежнуваат работењето на малите бизниси и може да ги зголемат трошоците за храна. Сепак, Владата на претседателот […]

Авион безбедно слетал во Мумбај откако му запрел моторот при лет


Мумбај – Авионот „IndiGo“, кој летал од Мадурај до Мумбај, изгубил еден од двата мотори, но безбедно стигнал до целта. Станува збор за „Airbus A321 (VT-IUJ)“ чиј мотор „Pratt & Whitney (PW)“ престанал да работи за време на летот. Со оглед на фактот дека авионите со два мотори можат да слетаат со еден во функција, авионот […]

Двајца новинари во Русија осудени во отсуство на 11 години затвор


Москва – Двајца руски новинари се осудени денеска во отсуство во Москва на по 11 години затвор за ширење „лажни информации“ за руските вооружени сили, соопшти Руското обвинителство. Московскиот суд ги осуди Руслан Левиев и Мајкл Наки на 11 години затвор затоа што во март минатата година на платформата Јутјуб објавиле видео со „лажни информации“ за […]

Подољак: Западните сојузници одобрија напади врз руски цели на Крим


 Украина тврди дека не нејзините западни сојузници одобриле напади врз руски цели на полуостровот Крим. Денес постои апсолутен консензус дека можеме да уништиме сè што е руско на окупираните територии, како на пример на Крим, изјави синоќа на украинската телевизија советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак. Тој додаде дека западните партнери минатата година […]

Стејт департмент го избра дипломатот Ламберт за врвен функционер за кинеска политика


Вашингтон – Стејт департментот го избра дипломатот Марк Ламберт за свој врвен функционер за кинеска политика, изјавија пет извори запознаени со ова прашање, носејќи ново раководство во институцијата која се соочи со кадровски проблеми и критики поради справување со иницијативите фокусирани на Кина, објави Ројтерс. Ламберт најверојатно ќе биде именуван за заменик-помошник секретар за Кина […]

Нигериската армија спасила 25 заложници, меѓу кои и деца, киднапирани од исламските бунтовници


Нигериската војска денеска соопшти дека спасила 25 заложници, главно жени и деца, кои ги држеле исламските екстремистички бунтовници во североисточниот регион на земјата, кој е во центарот на џихадистичкото насилство од 2009 година. Нигериската армија соопшти дека нејзините сили ги спасиле заробениците за време на „операција за чистење“ во областа Гвоза во државата Борно. Четиринаесет […]

Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин


Moсква – Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина при урнувањето на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ. Авионската несреќа се случи два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, во кој ја презедоа контролата […]

Кои се тајните приватни армии во Русија со амбиција да го заменат „Вагнер“?


Речиси 30 приватни воени компании работат во Русија, иако се официјално забранети. Сега многу од нив се подготвени да се борат за да ја пополнат празнината што ја остави исчезнувањето на Евгениј Пригожин, лидерот на „Вагнер“. Почетокот на т.н. „специјалната воена операција“ не оди според планот и руското воено раководство се повеќе сфаќа дека Украина […]

Уставниот суд на Пакистан нареди ослободување на Имран Кан


Исламабад – Уставниот суд на Пакистан одлучи дека притворот на поранешниот премиер Имран Кан е „незаконски“ и дека тој треба веднаш да биде ослободен, јавува Анадолија. Според телевизијата „Гео њуз“, жалбата на пакистанската Партија за движење на правдата (ПТИ) против апсењето на Кан била разгледана во Уставниот суд, кој одлучил дека тоа било сторено на незаконски […]

Кремљ одлучува кој ќе биде конкурент на Путин на претседателските избори во 2024 година


Кремљ одлучи за „конкурентите“ на Владимир Путин на претседателските избори во 2024 годинам, пишува руска „Медуза“. Еден од главните критериуми за нивниот избор била возраста.  Според изворите на „Медуза“ властите веруваат дека присуството на политичари помлади од 50 години меѓу пријавените кандидати може да ги натера Русите да мислат дека 70-годишниот Путин „веќе не е […]