Хорор на забава за Ноќта на вештерките во Чикаго: Најмалку 15 луѓе застрелани, двајца критично


Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.

-Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.

-Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението.

Очевидци велат дека во дворот избила тепачка и дека од мажот било побарано да си замине, што тој одбил и потоа пукал, пишува Њујорк пост.

„Му рекоа дека не може да влезе, а тој отишол до својот автомобил, се вратил и почнал да пука. Удрени се неколку лица, меѓу кои и тројца што ги познавам“, рече сведокот.