Најмалку 21 загинат, а илјадници ги напуштија домовите во поплавите во Доминиканската Република


Најмалку 21 лице загина во Доминиканската Република по обилните дождови во текот на викендот, а илјадници ги напуштија своите домови, соопштија денеска доминиканските власти, пренесе Би-Би-Си. Меѓу загинатите има и три деца, а девет Доминиканци загинаа откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕидот на тунелот на автопатот во главниот град Санто Доминго. Оперативниот центар за […]

Состојбата во Газа, заштитата на животната средина и иднината на ЕУ, меѓу темите на пленарната сесија на ЕП


Состојбите во Појасот Газа, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и на користењето на пестицидите, иднината на ЕУ и европските избори следната година, ќе бидат меѓу темите за дебата на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.     Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе расправаат за предлогот за зајакнување […]

Зеленски побара брзи промени во операциите на војската, разреши командант


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата побара брзи промени во операциите на украинската војска и најави разрешување на командантот на медицинските сили на војската. Потегот на Зеленски беше објавен кога се сретна со министерот за одбрана Рустем Умеров и се совпадна со дебатата за водењето на 20-месечната војна против Русија, со прашања за тоа […]

Розалин Картер, сопругата на Џими Картер, почина на 96 години


  Розалин Картер, сопруга на 39-от претседател Џими Картер, почина во домот на двојката во Џорџија на 96-годишна возраст. На Розалин Картер, која стана еден од водечките застапници за ментално здравје во нацијата за време и по времето на нејзиниот сопруг во Белата куќа, ѝ беше дијагностицирана деменција во мај. Во петокот, нејзиното семејство објави […]

Франција понуди да лекува болни и ранети палестински деца од Газа


  Франција ќе испрати воен брод во Источниот Медитеран за да им пружи медицинска помош на Палестинците на кои им е потребна, соопшти денеска кабинетот на претседателот Емануел Макрон. Како што јави ДПА, се очекува за неколку дена во Египет да пристигне носач на хеликоптери од француската морнарица. Во исто време, на почетокот на неделава е […]

Орбан сака да биде Мардок во Брисел, со платени медиуми води „културна војна“ со ЕУ


БРИСЕЛ – Виктор Орбан се претвора во Руперт Мардок од Брисел, внесувајќи ја својата верзија на „фер и избалансирано“ новинарство во ЕУ. Познат по тоа што го напаѓа граѓанското општество и ги потиснува медиумите во Унгарија, Орбан ги поддржува новинарите и тинк-тенкерите да ја шират неговата порака во главниот град на ЕУ. Пред претседавањето со […]

Израелските војници стигнаа до домовите на лидерите на Хамас


Израелската армија денеска соопшти дека се судрила со оперативците на Хамас во населбата Римал во Појасот Газа и открила 35 влезови кои водат до подземната мрежа на тунели и командни центри на Хамас и дека е пронајдено големо количество оружје. Како што е наведено, во населбата Римал има „резиденции на високи функционери на Хамас кои […]

Волстрит журнал: Кандидатурата на Бајден за негов реизбор е „чин на длабока себичност“


 Во пресрет на 81. роденден на претседателот Џо Бајден критичарите се повикуваат на резултати од најнова национална анкета во која мнозинство од Американците сметаат дека тој е престар за нов претседателски мандат и бараат неговиот кабинет да си даде оставка.  – Кога тој лани наполни 80 години Белата куќа организираше свадба за да го одвлече […]

Осомничениот напаѓач од Мемфис пронајден мртов


  Напаѓачот кој отвори оган на три локации во Мемфис, Тенеси, при што уби четири жени, а петта тешко рани, се самоуби во својот автомобил, соопшти локалната полиција.   Полицајците го пронајдоа Мејвис Кристијан Џуниор (52) во неговиот автомобил, откако уби три жени, една тинејџерка и критично рани уште една тинејџерка.   „Полицајците одговорија на […]

Хамнеи: Израелските сили не можат да го уништат Хамас


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека и покрај масовните бомбардирања во Газа, израелските сили по 40 дена не можат да го уништат Хамас и оцени дека „бруталното бомбардирање на болници, жени и деца во Газа е знак на екстремна нервоза на лидерите на израелскиот режим поради поразот“. „Поразот на ционистичкиот режим […]

Маж во Мемфис уби четири жени и рани една


Американската полиција  трага по напаѓач по серијата вооружени пресметки во градот Мемфис, во сојузната држава Тенеси, во кои вчера се убиени четири жени, а една се наоѓа во критична состојба. „Полицајците одговори на информација за пукање на Хауард Драјв околу 21,22 часот. Во текот на истрагата, беше утврдено дека овој инцидент е поврзан со две […]

Турција и 2.000 адвокати ќе поднесат тужба против Израел за геноцид во Газа


Турција ќе се обрати до надлежните институции за „геноцидот во Појасот Газа“ и нема да го остави ова прашање недовршено, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералното собрание на Националниот студентски сојуз на Турција, цитиран од Анадолија. -Заедно со над 2.000 адвокати ќе поднесеме тужба до надлежните органи за геноцид. Ќе го следиме […]

СЗО влезе во Ал Шифа, најде масовна гробница и 32 деца во критична состојба


Хуманитарен тим  за проценка на СЗО ја посетил болницата Ал Шифа во северна Газа и видел знаци на гранатирање и пукање во она што е опишано како зона на смртта, објави денес Светската здравствена организација (СЗО). Тимот ја опишал ситуацијата како „очајна“, имајќи предвид дека болницата не функционира како медицинска установа поради недостигот од чиста […]

Катарскиот премиер потврди дека Израел и Хамас се блиску до договор за заложниците


Катарскиот премиер, шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, денеска изјави дека е се поубеден дека ќе се постигне договор за заложниците меѓу Израел и Хамас, додавајќи дека предизвиците кои остануваат( до исполнување на договорот)  ” се многу мали”. -Предизвиците што стојат на патот за постигнување договор се само практични и логистички, рече шеикот Мохамед во Доха, […]

Украинската армија ги потисна руските сили на левиот брег на Дњепар


 Украинската армија денеска објави дека ги истуркала руските сили „на три до осум километри“ во внатрешноста на левиот брег на реката Дњепар. -Првите податоци варираат од три до осум километри во зависност од спецификите, географијата и топографијата на левиот брег, изјави портпаролката на армијата Наталија Гумењук. Доколку се потврди оваа вест, тогаш тоа ќе биде […]

Орбан: Украина е светлосни години далеку од ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина е „светлосни години“ оддалечена од пристапувањето кон Европската унија. Говорејќи на конгресот на неговата партија Фидес, Орбан кажа дека тој и неговата влада ќе се спротивстават на разговорите во ЕУ кон средината на декември за тоа дали Киев треба формално да ги почне преговорите за пристапување во европскиот […]

Аргентина без здив: Дали популистичкиот провокатор ќе победи на изборите?


  Аргентина викендов се движи на работ на непредвидлива нова политичка ера со непредвидливиот крајнодесничарски популист познат како „Ел Локо“ (Лудиот), благ фаворит да стане претседател на втората по големина економија во Јужна Америка на изборите во недела. Додека 35 милиони аргентински гласачи се подготвуваа да го изберат својот нов лидер во услови на зголемена […]

Украина има проблем како да регрутира нови војници


  На глобалната сцена, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано испраќа порака: во посетите на Вашингтон и другите западни престолнини, тој се фокусираше на снабдување на Киев со понапредно оружје, муниција и финансирање. Дома, сепак, се соочува со проблем со човечките ресурси. Војната се приближува кон крајот на својата втора година, а војската на Украина има […]

Германските фармери не ја сакаат Украина во ЕУ


  По минатонеделната препорака на Европската комисија за отворање формални пристапни преговори со Украина, Јоаким Руквид, претседателот на Здружението на германските фармери (ДБВ), предупреди на нејзините последици врз земјоделскиот сектор. Пристапувањето „ќе доведе до пропаст на семејното земјоделство во Европа“, рече тој на прес-конференцијата за иднината на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ. Ова мора […]

Блиску е договорот за ослободување десетици жени и деца кои се заложници во Газа


  Израел, САД и Хамас се „блиску“ до договор преку катарски посредници со кој ќе се ослободат десетици жени и деца заложници кои ги држат терористите во Газа, во замена за петдневна пауза во борбите, пишува „Вашингтон пост“. Изданието цитира „детален договор на шест страници“, кој вели дека Израел и Хамас ќе ги замрзнат сите […]