Апелациониот суд во Њујорк ја врати забраната против Трамп да коментира за судскиот персонал во постапката


Апелацискиот суд во Њујорк денеска ја врати наредбата со која му забранува на Доналд Трамп да коментира за судскиот персонал во случајот против него за финансиска измама. Судијата Артур Енгорон, кој постапува во овој случај, ја издаде наредбата на 3 октомври, откако Трамп објави понижувачки коментар на социјалните мрежи за судска службеничка. Трамп, поранешен американски […]

Истражна комисија на ОН ќе бара докази за сексуално насилство од припадници на Хамас врз заложниците


Њујорк – Комисијата на ОН што ги истражува воените злосторства на двете страни од конфликтот меѓу Израел и Хамас ќе се фокусира на сексуалната злоупотреба од страна на Хамас за време на нападот на 7 октомври и е на пат да објави повик за собирање докази, изјави нејзината претседателка Нави Пилај, пренесоа британските медиуми. Таа […]

Унгарија нема да го поддржи предлогот за почеток на преговори за пристапување на Украина во ЕУ


Будимпешта- Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската унија за почеток на преговори за прием на Украина како членка на блокот, изјави Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер. На прес-конференцијата во Будимпешта, тој посочи дека е прерано да се започнат официјални разговори со Киев за пристапувањето на земјата во ЕУ, разурната од војна, […]

Светна елката пред „Рокфелер“ во Њујорк


ЊУЈОРК  – Легендарната новогодишна елка пред Центарот Рокфелер беше осветлена со повеќе од 50.000 разнобојни светилки во средата навечер додека толпата се собираше во Њујорк за празничната традиција. Огромното дрво – норвешка смрека од 12 тони и 80 стапки висока од северниот дел на Њујорк – беше осветлено во центарот Рокфелер со околу 8 километри […]

Палестинската активистка Ахед Тамими ослободена од Израел


  Активистката Ахед Тамими беше еден од 30-те палестински затвореници кои Израел ги ослободи во средата, како дел од договорот за примирје со Хамас. Израелската затворска служба соопшти дека мешавина од мажи и жени биле ослободени „од голем број [негови] објекти“. Тамими (22) беше уапсена претходно овој месец поради објава на Инстаграм, за која нејзиното […]

Бразил ја извади војската на границата со Венецуела поради несогласувања околу регион богат со нафта


 Бразил ги засили одбранбените акции долж својата северна граница додека го надгледува територијалниот спор меѓу соседите Гвајана и Венецуела, соопшти вчера Министерството за одбрана. „Министерството за одбрана ја следи состојбата. Засилени се одбранбените дејствија во северниот пограничен регион на земјата, со што се промовира поголемо воено присуство“, се наведува во соопштението, пренесуваат агенциите. Одлуката на […]

Папата Франциско не отпатува на климатскиот самит во Дубаи, има акутен бронхитис


Папата Франциско рече дека има многу заразна и акутна форма на бронхитис што го спречи да отпатува во Дубаи на климатскиот самит КОП28, но се пошегува дека е „сè уште жив“. Папата, кој во декември наполни 87 години, во последниот период имаше голем број здравствени проблеми. Неколку пати беше хоспитализиран, последен пат во јуни. Но, […]

Фон дер Лајен: Следната година ЕУ ќе може да произведе милион проектили


Следната година ЕУ ќе може да произведе еден милион проектили, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на настан организиран од Европската агенција за одбрана. Таа додаде дека ЕУ веќе испорачала или во моментов произведува 480.000 проектили за Украина. Фон дер Лајен зборуваше за потребата да се зголеми европското воено производство за […]

Врховниот суд на Русија го забрани ЛГБТ движењето, било „екстремистичко“


  Врховниот суд на Русија го усвои барањето на Министерството за правда да го оквалификува меѓународното социјално движење ЛГБТ како екстремистичко и да ги забрани неговите активности во земјата. На судијата му беа потребни четири часа да го разгледа тужбеното барање. Бидејќи случајот беше класифициран, рочиштето се одржа зад затворени врати. Не се појави никој […]

Де Кро ги најави приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ


Брисел – Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска на прес-конференција во Брисел ги најави приоритетите на претстојното претседателство на Белгија со ЕУ, означувајќи со тоа „неофицијален почеток“ на претседавањето на неговата земја со Европскиот совет, еден месец пред неговиот официјален старт.  – Нашето претседавање доаѓа во важен момент, кога треба да одговориме на очекувањата на нашите […]

Оваа година е најжешката во историјата. „Следната може да биде уште полоша“


На еден месец до крајот на годината, познато е дека во 2023 година светот ќе достигне глобално затоплување од околу 1,4 степени Целзиусови над нивоата од прединдустриската ера, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Привремениот извештај на СМО за состојбата на глобалната клима потврдува дека 2023 година ќе биде најтоплата година досега, со голема разлика во […]

Пет работи што треба да ги знаете за Хенри Кисинџер


  Поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер, кој почина во средата на 100-годишна возраст, изврши големо влијание врз глобалните работи за време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд помеѓу 1969 и 1977 година, заработувајќи и омаловажување и Нобелова награда за мир. Еве пет работи што треба да ги знаете за неговиот живот во владата и […]

Официјално отворена конференцијата за клима КOП28 во Дубаи


Конференцијата на ОН за климата КOП28 беше официјално отворена денеска во Дубаи. Прогласувајќи го овогодинешниот форум за отворен, неговиот претседавач Султан ал-Џабер ги повика земјите да најдат заедничка основа за политиката за да ги постигнат глобалните климатски цели. Претседавачот на минатогодишното издание на конференцијата, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, ги покани присутните на […]

„Политико“: Туск највлијателна личност во Европа 


Магазинот „Политико“ објави листа на највлијателни луѓе во Европа. Како и претходните години има три категории – сонувачи, попречувачи и работници. Во 2023 година за највлијателна личност во Европа е избран опозицискиот лидер и најверојатно новиот премиер на Полска, Доналд Туск, кој Политико го опишува како „ветер на промени“. Според „Политико“, враќањето на Туск на […]

ЕУ подготвува директива за заштита на новинарите и граѓанските активисти од неосновани тужби


Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа политички договор за директивата за заштита на новинарите и активистите за човекови права од неосновани обвиненија или тенденциозни судски постапки, јави дописникот на МИА од Брисел.   Како што претпладнево шпанското претседателство со Европскиот совет, директивата има за цел да го спречи растечкиот феномен на користење […]

Терористички напад во Ерусалим, двајца напаѓачи и двајца цивили убиени, осуммина повредени


Две лица се убиени, а осуммина ранети во напад со огнено оружје на влезот во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Една жена загина на местото на нападот, а повозрасен маж им подлегнал на повредите на пат кон болница. „Двајца терористи кои пристигнаа на местото на настанот со возило вооружено со оружје пукаа кон цивили на автобуска […]

Германската министерка за внатрешни работи предупредува на зголемен ризик од терористички напади


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупреди на зголемен ризик од терористички напади по ненадејниот напад на палестинското движење Хамас против Израел на 7 октомври и неодамнешните апсења во Германија, јави ДПА. -Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламисти, се значајна закана во секое време, изјави Фезер за Си-Ен-Ен. Таа додаде дека војната во […]

Во пожар во хостел во Казахстан загинаа 13 лица


Тринаесет лица загинаа синоќа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градскиот оддел за итни случаи. Пожарот избувнал во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости во хостелот. Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, […]

Во Дубаи денеска започнува Климатскиот самит КОП28


Делегати од речиси 200 земји денеска се собираат во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на отворањето на самитот на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени  позната како KOП28. Намалувањето на штетните емисии во атмосферата, постепеното укинување на употребата на фосилни горива, обезбедувањето средства од богатите до сиромашните земји за […]

Израел не постигна договор со Хамас за следната група заложници, но примирјето продолжува


Израел и Хамас првично не се договорија за следната група заложници што исламистите ќе ја ослободат денеска со цел да се продолжи примирјето кое истекува во 7 часот утрово по локално време, но потоа двете страни рекоа дека прекинот на огнот ќе трае најмалку уште еден ден. Тел Авив објави дека израелските вооружени сили се […]