Оваа година светот беше сведок на најсмртоносните земјотреси и поплави во поновата историја


Додека илјадници луѓе ги загубија животите во многу катастрофи предизвикани од климатските промени во 2023 година, многу земји ги доживеаја „најсмртоносните“ земјотреси и поплави во својата понова историја. Во продолжение преглед на најразорните земјотреси и поплави во светот оваа година. Иако годинава немаше земјотреси со јачина поголема од осум, имаше 18 земјотреси со јачина поголема […]

Од САД за Украина 250 милиони долари – последна транша достапна без гласање во Конгресот


Вашингтон  – САД соопштија дека и доделиле на Украина 250 милиони долари помош за одбрана. Тоа е последната транша од помошта достапна без ново гласање во американскиот Конгрес. „Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси помагајќи и на Украина да се одбрани“, напиша државниот секретар Ентони […]

Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе


Прага – Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21 декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице. -При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши […]

Се создава држава во држава среде Германија. Екстремистите купуваат земја, имаат и „крал“


Десничарските екстремисти стратешки купуваат рурално земјиште низ Германија. Нивната цел е да создадат заедници кои се независни од државата, велат од германската разузнавачка агенција и владините министерства, а пренесува британски Гардијан. Властите и невладините организации кои ги следат екстремно десничарските групи велат дека членовите на движењето Рајхсбиргер, кое ја отфрла германската држава како што е […]

Иран и Русија договорија трговија во риали и рубљи


 Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина во билатералната трговија наместо долари ќе користат рубљи и риали, објавија денеска иранските државни медиуми.  Договорот беше финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот. Британските медиуми потсетуваат дека и Иран и Русија […]

Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор


Париз – Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор почина денеска на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри. -Почина утрово на сон во својот дом во Париз, изјавила Обри. Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година. Претходно беше француски министер за […]

ЕУ подготвува резервен план за финансирање на Украина во вредност од 20 милијарди евра


Лондон – ЕУ подготвува резервен план вреден до 20 милијарди евра за Украина, користејќи структура на долгот што ги заобиколува приговорите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за финансирање на земјата разурната од војна, објави „Фајненшл тајмс“. Откако лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за предложениот четиригодишен пакет од 50 милијарди евра за Украина […]

„Њујорк Тајмс“ поднесе тужба против Мајкрософт И ОпенАИ за наводна повреда на авторски права


Вашингтон – Издаваштвото на весникот „ЊујоркТајмс“ денеска поднесе тужба против Мајкрософт и ОпенАИ за наводна повреда на авторските права на една од најстарите и најголеми медиумски компании во светот.   Претстојниот судски процес, во кој весникот побара да одлучува порота во јужниот округ на Њујорк, отвара далекусежни последици за иднината на издаваштвото на вести во ерата […]

Хамас ја обвинува израелската армија за кражба на органи од убиени Палестинци


Властите на Хамас во Газа денеска го обвинија Израел за кражба на органи од телата на Палестинците предадени на Хамас и повикаа на меѓународна истрага. Според Хамас, при прегледот на телата било откриено дека нивната форма била значително изменета поради кражба на витални органи, пренесува Анадолија. Се додава дека израелската армија ги предала телата без […]

Нетанјаху одбива да разговара за поствоениот план за Газа


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наводно, ги одбил барањата на безбедносните функционери да почнат да прават планови за контрола и управување со Појасот Газа по завршувањето на војната со Хамас, се вели во извештај. Во текот на последните неколку дена, три барања до кабинетот на премиерот беа пренесени во име на директорите на Мосад, Шин […]

Бројот на загинати во пожарот во фабрика во Индонезија се искачи на 18


Во пожарот во кинеската фабрика во Индонезија, што се случи по експлозија пред три дена, животот го загубија 18 лица, меѓу кои осум кинески државјани, соопштија денеска кинески претставници. „Осум кинески државјани се меѓу 18-те загинати во Индонезија откако изминатиот викенд избувна пожар во топилница за никел на островот Сулавеси“, објави „Ифенг њуз“, повикувајќи се […]

Руски медиуми: На бродот „Новочеркаск“ имало 77 морнари, 50 се ранети или исчезнати


  Најмалку 19 руски морнари се повредени (часови подоцна бројот е променет на 23), а 33 се водат за исчезнати по нападот на украинските вооружени сили, објави изданието на независните руски новинари „Астра“ на нејзиниот канал на Телеграм. Според Киев, „Новочеркаск“ е уништен. Според Москва, украинскиот напад го оштетил бродот на нејзината црноморска флота. Тврдењето […]

Европската агенција за лекови не ги сака амстердамските „црвени фенери“ за сосед


Брисел – Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази „крајна загриженост“ поради планот на локалните власти во Амстердам за преселување на познатиот комплекс на „црвените фенери“ од квартот Де Вален на локација во јужните предградија на градот, во близина до седиштето на ЕМА.  Планот на амстердамската градоначалничка Фемке Халсема предвидува дислоцирање на „црвените фенери“ од централното […]

Почина познатиот германски политичар Волфганг Шојбле


На 81-годишна возраст почина познатиот германски политичар Волфганг Шојбле, а како што се соопштува легендата на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) починал во сон. Шојбле, кој беше дел од Бундестагот повеќе од 50 години, остана со сопругата, четирите деца и четири внуци. Роден е во Фрајбург во 1942 година, каде студирал, а потоа студирал на Универзитетот во […]

Шведска ги враќа учебниците во училиштата: „Намалена брзината на читање на учениците поради лаптопите“


Шведска долго време се гордее со своите дигитализирани училници, но се покажа дека овој систем има свои недостатоци. Така, конзервативната влада сега сака повеќе книги во училиштата. За ова во 2023 година издвои 60 милиони евра, пишува Дојче веле. Учениците од 4-то одделение во основното училиште „Ловестад“ во Сјобо, јужна Шведска, ги ставија своите паметни […]

Русија ќе распореди свои хаубици близу границата со Финска


Москва – Русија ќе  распореди свои најнови хаубици во северниот воен округ што се граничи со Финска и Норвешка, изјави шефот на државниот одбранбен конгломерат Ростек. – Тестирањето на новите самоодни артилериски единици е завршено и нивното масовно производство е веќе започнато, изјави Сергеј Чемезов, шефот на Ростек, додавајќи дека првата пилот серија ќе биде […]

ОН назначија холандски дипломат од кариера за координатор за хуманитарна помош за Газа


Њујорк – Холандската политичарка од кариера и дипломат Сигрид Каг денеска беше назначена од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за координатор за хуманитарна помош за Газа, јави ДПА. Каг, која ќе ја преземе новосоздадената функција на 8 јануари следната година, неодамна беше вицепремиерка и министерка за финансии на Холандија. Таа претходно имаше различни високи функции […]

Новиот аргентински претседател Милеи ќе отпушти 5.000 вработени во владата


Администрацијата на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи денеска објави дека новата влада ќе отпушти повеќе од пет илјади луѓе кои биле вработени на почетокот на оваа година, пред Милеи да ја преземе функцијата. Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Милеи, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина. До […]

Над 4.700 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа во последните два месеци


Палестинската Црвена полумесечина денеска објави дека примила повеќе од 4.700 камиони со хуманитарна помош од Египет во последните два месеци. Претставниците на организацијата примија 4.760 камиони со кои беше доставена хуманитарна помош до луѓето од енклавата од Египет во периодот од 21 октомври до 22 декември, се наведува во соопштението. Хуманитарната помош главно вклучувала храна, […]

Хакери украле лични податоци преку апликации за плаќање паркинг низ Европа


Хакери украле лични податоци на клиенти преку апликации за плаќање паркинг низ Европа и Велика Британија. Најголемиот европски оператор на апликации за паркирање ја пријавил ситуацијата кај регулаторите за информации во ЕУ и во Велика Британија, соопшти Гардијан.  Земени се имиња на клиенти, телефонски броеви, адреси и делови од броеви на кредитни картички, но податоците за […]