Повеќе од 30.000 вработени на Универзитетот во Калифорнија почнаа штрајк


Повеќе од 30.000 професори, библиотекари, водоводџии, електричари и други работници на Државниот универзитет во Калифорнија, најголемиот јавен универзитетски систем во САД, денеска почнаа седумдневен штрајк со барање за повисоки плати.

Штрајкот во 23 кампуси почна две недели откако претставниците на Универзитетот ги завршија преговорите нудејќи зголемување на платите од пет проценти од 31 јануари, што е далеку од зголемувањето од 12 проценти што го бара синдикатот.

Синдикатот наведува дека универзитетот има пари на сметките на резервниот фонд и може да обезбеди зголемување на платите со средства од оперативните готовински вишоци.