Можно е и Илиноис да му забрани на Трамп учество во прелиминарните избори


Изборната комисија на американската сојузна држава Илиноис денеска ќе дебатира дали на Доналд Трамп ќе му биде дозволено да биде кандидат на републиканските прелиминарни избори во таа држава. Тоа уследи по петицијата со која се бара да се забрани неговото учество. Состанокот на Државната изборна комисија на Илиноис, кој е рамномерно поделен меѓу демократите и […]

Синдикатот на работниците од безбедноста на германските аеродроми за четврток свика штрајк


 Германскиот синдикат Верди ги повика работниците од безбедноста во четврток да штрајкуваат на главните германски аеродроми, јави ДПА. Според соопштението, синдикатот, кој бара зголемување на платите за вработените, повикал околу 25.000 вработени во безбедносната индустрија да прекинат со работа од четврток наутро до полноќ. Весникот „Билд“ пренесе дека доколку има штрајк, не ќе може да […]

Објавен имотот на Путин: Има два авомобила „волга“, една „лада нива“, камп приколка, стан и 752.000 долари


  Централната изборна комисија на Руската Федерација објави изјава за приходи на Владимир Путин, регистриран кандидат на претседателските избори. Весникот „Комерсант“ прв ги објави овие податоци. Во текот на шест години, од 2018 до 2022 година, Путин заработил 67,5 милиони рубљи (752.000 долари). Ова е плата на претседателот на Руската Федерација, приходи од банкарски депозити, […]

Трамп номиниран за Нобеловата награда за мир


Републиканската конгресменка Клаудија Тени го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир. „Доналд Трамп беше клучна фигура во олеснувањето на првите мировни договори на Блискиот Исток во последните 30 години“, изјави Тени за Fox News Digital. Според неа, со децении бирократите, професионалците од областа на надворешната политика, како и меѓународните организации […]

Израелски агенти облечени како жени и болничари упаднаа во болница во Западен Брег (Видео)


  Израелските сили маскирани како цивилни жени и болничари упаднаа во болница во вторникот на окупираниот Западен Брег, убивајќи тројца палестински милитанти во драматична рација што нагласи колку смртоносното насилство се прелеа на територијата од војната во Газа. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили отвориле оган во одделенијата на болницата „Ибн Сина“ во […]

Орбан мисли дека само тој може да уценува, го нарече Брисел „империјалистички“


Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Брисел врши притисок и ги уценува суверените држави на ЕУ кои не се согласуваат со политиката на војна, миграцијата и родовите прашања што ја води официјален Брисел. Во интервју за францускиот Ле Поинт, Орбан рече дека Брисел не го почитувал суверенитетот на Унгарија кога земјата одбила да се согласи […]

Палестинците ќе умираат и за вода, 20 невладини организации огорчени од прекинот на помошта


 Околу 20 меѓународни невладини организации денеска соопштија дека се огорчени од најавата на десетина земји дека ќе ја прекинат помошта за агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) во време кога Газа е во ситуација на „хуманитарна катастрофа“. УНРВА е главниот обезбедувач на помош во Газа и регионот и прекинот на нејзиното финансирање ќе влијае […]

Велика Британија размислува да ja признае палестинската држава


Велика Британија ќе го разгледа признавањето на палестинската држава како дел од заедничките напори за постигнување „неповратно“ мировно решение, изјави шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон, пренесува Гардијан. Тој посочи дека на Палестинците треба да им се даде политички хоризонт за промовирање на мирот на Блискиот Исток. Камерон ја започна својата четврта посета на регионот […]

Украина: Соборивме моќен руски бомбардер „Су-34“


Украинските одбранбени сили соборија руски ловец-бомбардер „Су-34“ во областа Луганск во источна Украина, изјави портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалиов. Ковалиов додаде дека рускиот авион „Су-34“ бил соборен на 29 јануари. ⚡️ Military: Ukraine downs Russian Su-34 jet over Luhansk Oblast. Ukrainian air defenses shot down a Russian Su-34 jet over […]

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради


Повеќе од 2,6 метри снег падна досега во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите. Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 […]

Видео за холокаустот објавено од Европската комисија предизвика гнев во Варшава


  Видеото, објавено од Европската комисија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во саботата, предизвика бурни реакции во Полска, што ја натера извршната власт на ЕУ да ја отстрани објавата на социјалните мрежи, за која Варшава рече дека е погрешна. Во клипот, комесари на ЕУ ги именуваа жртвите на холокаустот од различни делови […]

Полска: Опозицискиот лидер го спореди премиерот Туск со Хитлер


  Лидерот на главната полска опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качињски, ги спореди постапките на новата влада на Доналд Туск со оние на Хитлер на партискиот митинг во централниот полски град Лублин. Качињски дојде во Лублин на откривањето на споменикот на Лех Качињски, братот близнак на Јарослав, кој загина во авионска несреќа кај […]

ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година


 Светската метеоролошка организација (СМО) денеска официјално потврди нов рекорд на температура за континентална Европа од 48,8 степени Целзиусови во Италија на 11 август 2021 година и предупреди дека се очекуваат нови екстремни температури. Наодите се објавени во Меѓународниот весник за климатологија. „Меѓународен панел од научници за атмосферата ја потврдија температурата регистрирана од автоматизирана метеоролошка станица […]

Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз


Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција. – Сакаме да ги блокираме логистичките центри затоа што бараме подобра распределба на додадената вредност. Масовната дистрибуција направи многу профит во последниот квартал […]

Амнести интернешенел: Одлуката за повлекување на финансирањето на УНРВА е сурова и нехумана


Одлуките на најмалку 11 земји донатори да го суспендираат финансирањето на Агенцијата на ОН за помош во Палестина (UNRWA), по наводите дека поединечни членови на персоналот биле вмешани во нападите на 7 октомври во јужен Израел, ќе им нанесат катастрофален удар на повеќе од два милиони бегалци во окупираниот појас Газа за кого организацијата служи […]

(Видео) Силна експлозија во Ротердам: Превртени автомобили, скршени стакла, исчезнати


Три лица се водат за исчезнати откако синоќа експлозија предизвика голем пожар во станбена населба во Ротердам. Службите за итна помош потврдија дека најмалку едно лице е повредено. Таа била пронајдена на улица и пренесена во болница, пишува NL Times. Пожарникарите сѐ уште се обидуваат да го изгаснат големиот пожар предизвикан од експлозија во гаражата […]

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег


Северна Кореја денеска истрела „неколку“ крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска. Сеул „откри неколку крстаречки ракети лансирани во Западното Море (Жолто Море) околу 7:00 часот по локално време“, се вели во соопштението. Американските и јужнокорејските разузнавачки агенции „во моментов вршат детална анализа“ на лансирањето, додаваат истите извори. Официјалната новинска агенција […]

САД лани продале оружје за рекордни 238 милијарди долари


Продажбата на американско оружје во странство минатата година нагло порасна и достигна рекордни 238 милијарди долари, јави Би-Би-Си. Американската влада директно преговарала за продажба на оружје во вредност од 81 милијарда долари, што е зголемување од 56 отсто во споредба со 2022 година, потврди Стејт департментот. Останатото било директна продажба на американски воени компании на […]

ФТ: Членките на ЕУ го поддржаа планот за користење замрзнати руски средства


Членките на ЕУ поддржаа план за ослободување милијарди евра замрзнати средства на Руската централна банка како прв чекор кон нивно можно искористување за обнова на Украина. Синоќешната едногласна одлука, што допрва треба да биде официјализирана во наредните недели, е дел од покажувањето поддршка за Киев. Тоа доаѓа и во пресрет на самитот в четврток на […]

Блинкен: Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку во 1973 година


Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку што беше во изминатите децении, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА. „Тврдам дека барем од 1973 година не сме виделе таква опасна ситуација во регионот како оваа со која се соочуваме сега. А, веројатно дури и пред тоа“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот […]