Колони луѓе се собраа на последното испраќање на Навални – церемонијата може да доцни


  Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека сѐ уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. Неговата портпаролка Кира Јармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата. Во живо:   „Непознати лица се јавуваат […]

Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете


Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството. Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и […]

Трамп ја обжали одлуката на судот во Илиноис за забрана за учество на изборите во оваа држава


Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесоа жалба на судската одлука на округот Кук, во сојузната држава Илиноис, за отстранување на неговото име од гласачкото ливче за прелиминарните избори на 19 март, јавија американските медиуми. Жалбата беше поднесена синоќа, неколку минути пред полноќ и неколку часа откако судијката Трејси Портер ја донесе пресудата. Таа […]

Финска: Украина може слободно да ја бомбардира Русија со наше оружје


Украина може да користи оружје обезбедено од Финска за да погоди цели на руска територија, изјавија високи претставници во Хелсинки. Финскиот министер за одбрана Анти Хакенен рече дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да направи со оружјето што го обезбедува, објави во четвртокот финскиот радиодифузен сервис Yle. Хаканен додаде […]

Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малрони


Поранешниот канадски премиер Брајан Малрони почина на 85-годишна возраст, објави неговата ќерка на социјалните мрежи. Брајан Малрони, роден во Квебек, ја водеше земјата од 1984 до 1993 година. Тој го одбележа канадскиот политички живот во 1980-тите, особено со потпишувањето на историскиот договор за слободна трговија со САД, што подоцна беше проширен и во Мексико.

Шолц: Доколку бидат испорачани на Киев ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва


Германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на таканаречениот „Јавен дијалог“ во Дрезден, го повтори својот веќе познат став, да не се дозволи испраќање на ракетите “Таурус“ во Украина, објави Укринформ. Овој пат, аргументите на Шолц во поддршка на неговиот став беа дека ракетите од германско производство може потенцијално да се користат против цели во руската […]

Отстапувањето од зелените политики на ЕУ би претставувало економска катастрофа, вели европратеничката Тери Рајнтке


Отстапувањето од Европскиот зелен договор и од она што досега е постигнато во однос на климатските и еколошките прашања, би претставувало катастрофа не само за природата, туку и за економијата, вели водечката кандидатка на европските Зелени за изборите за Европарламентот во јуни годинава, актуелната германска европратеничка Тери Рајнтке во интервју за Европската новинска мрежа (ЕНР), […]

Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатeли


Разликите меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон околу помошта за Украина се претвораат во отворено непријателство, пишува Политико (Politico). Овие разлики особено станаа видливи по изјавите на Макрон за испраќање војници во Украина Претходно, францускиот претседател кажа дека ЕУ се согласила да ја создаде „деветата коалиција за длабоки удари“, снабдувајќи ја […]

Бајден и Трамп ја посетија границата на САД со Мексико


Американскиот претседател Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ја посетија американско-мексиканската граница во ист ден, во време кога големиот прилив на мигранти стана едно од најважните прашања за гласачите. Бајден го посети пограничниот град Браунсвил, Тексас, со намера да ги потсети гласачите дека републиканците во Конгресот го отфрлија двопартискиот предлог за зајакнување на мерките […]

Конгресот усвои мерка за привремено финансирање на владата на САД


Конгресот на САД донесе краткорочна финансиска мерка за да се избегне делумното затворање на американската федерална Влада, што ќе се случеше утре.  Американските медиуми пренесуваат дека усвојувањето на мерката овозможи една група федерални агенции да функционираат до 8 март, а други до 22 март. Усвојувањето на одлуката го поддржаа 77 членови на Сенатот, а 13 […]

Трамп: Бајден треба да полага когнитивен тест, за да дознаеме зошто донесува ужасни одлуки


 Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „мора да направи когнитивен тест“. -Џо Бајден треба да направи когнитивен тест. Можеби на тој начин би можеле да откриеме зошто носи толку ужасни одлуки, рече Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial. Тој додаде дека веќе направил два теста […]

САД и Франција: Реториката на Путин е неодговорна


 Вашингтон и Париз синоќа ги нарекоа „неодговорни“ зборовите на рускиот претседател, кој го предупреди Западот на реалниот ризик од нуклеарна војна доколку испрати свои војници да се борат во Украина и рече дека Москва има оружје да нападне цели на Запад. -Ова не е првпат да ја видиме неодговорната реторика на Владимир Путин. Вака не […]

САД ја блокираа изјавата во СБ на ОН со која Израел се обвинува за смртта на Палестинците во Газа


САД ноќеска ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН, предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, со која се посочува дека израелските сили се одговорни  за отворање оган врз Палестинците кои чекале да им се достави храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и за убиство на повеќе од […]

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш


Најмалку 43 лица загинаа во пожар што избувна во шесткатен трговски центар во Дака, Бангладеш. Министерката за здравство, Саманта Лал Сен рече дека пожарот избувнал доцна синоќа во ресторан во трговскиот центар Грин Кози Котиџ и брзо се проширил на другите катови. До утрово, најмалку 43 лица починаа, а 22 други останаа со тешки изгореници […]

Масакр во Газа додека Палестинци чекаа храна и пукањето на израелски војници


  Израелските војници пукаа врз толпата Палестинци кои се тркаа да извлечат храна од хуманитарниот конвој во градот Газа во четвртокот, изјавија очевидци. Повеќе од 100 луѓе загинаа во хаосот, со што бројот на загинати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се искачи на повеќе од 30.000, според здравствените власти. Израел рече дека […]

Полска планира во 2025 година да лансира воени сателити за надзор


Полска планира да лансира серија воени сателити за надзор во 2025 година, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на земјата Цезари Томчик. „Следната година, како Министерство за одбрана и Армија на Полска, сакаме да ги ставиме нашите први полски сателити во орбитата. Полска планира да набави сателитски систем опремен со радарски и оптички технологии кои ќе […]

Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна


Властите во Куба за прв пат побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации поради недостигот на храна во таа островска земја, што е знак за тоа колку е сериозна моменталната кубанска економска криза, јави Би-Би-Си. Светската програма за храна на ОН соопшти дека добиле официјално барање од кубанската Влада за помош во […]

Остин: Израел уби над 25 илјади жени и деца во Газа


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври. Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата. Остин беше прашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку […]

Израелската армија уби најмалку 104 луѓе додека чекаа хуманитарна помош


 Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа. Според очевидци жртвите чекале хуманитарна помош во близина на Довар ал-Наблус. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра истакна дека повредените се префрлени во болниците во северниот дел на појасот Газа. Според сведоците, израелските […]

Украина собори за три дена уште пет авиони „Су-34“. Како ѝ успева?


  Командантот на украинските воздухопловни сили Николај Олешчук изјави дека украинските вооружени сили собориле уште два авиони „Су-34“ во правците кон Авдиивка и Мариупол. Русија не ги коментираше овие информации. Претходно во четвртокот Олешук пријави уште еден соборен авион. Така, според изјавите на украинската војска, во последните три дена биле соборени пет руски авиони. „Форбс“ […]