На британскиот брод што потона во Црвеното Море има 21.000 тони ѓубриво


 Британскиот товарен брод што потона во Црвеното Море по ракетниот напад на јеменските Хути претставува ризик за животната средина и поморскиот сообраќај, предупреди денеска американската команда за Блискиот Исток (Centcom). Товарниот брод Рубимар под знаме на Белизе, регистриран во Велика Британија и со либански екипаж, потона вчера товар ѓубриво, откако беше погоден од два проектили […]

Руската армија пресретнала 38 украински дронови над Крим, мостот затворен два час


Руската армија синоќа над Крим уништила 38 дронови на вооружените сили на Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија. Претходно Министерството соопшти дека се уништени четири украински дронови летала над регионот Белгород и еден над Ленинградската област. Мостот на Крим бил затворен за сообраќај два часа.

Трамп се поблиску до номинација – победи на партиските избори во Ајдахо, Мисури и Мичиген


Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација Доналд Трамп победи на партиските кокуси во американските сојузни држави Ајдахо, Мисури и Мичиген. По победата во три сојузни држави во саботата, Трамп има поддршка од 244 делегати, додека другиот кандидат за републиканска претседателска номинација, поранешната амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, има поддршка од 24 […]

Дали Русија ќе се обиде да го анектира отцепениот регион на Молдавија?


Телефонот на Александру Фленчеа непрекинато ѕвони од минатата недела. „Не можам да ви кажам колку телефонски повици добив во последните два дена и од новинари и од познаници“, изјави Фленчеа по телефон за Ал Џезира. Луѓето постојано го прашуваат дали е безбедно да се остане во Молдавија. Фленчеа го води здружението Иницијатива за мир (Initiative […]

Европските социјалисти го избраа Николас Шмит како кандидат да се соочи со Урсула фон дер Лајен


  Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го избра Николас Шмит за главен кандидат за изборите во ЕУ во време кога трае загриженоста од бранот на крајната десница. Шмит, актуелниот еврокомесар за работни места и социјални права, го доби мандатот со акламација во саботата попладне на крајот од конгресот на партијата во Рим. Седумдесетгодишниот политичар од […]

САД почнаа испорака на хуманитарна помош во Газа со падобрани


  Војската на Соединетите Држави ја спроведе својата прва акција за хуиманитарна помош со падобрани во Газа во саботата, соопштија американските официјални лица, а хуманитарните агенции предупредија на растечка хуманитарна катастрофа во палестинската енклава додека Израел продолжува со својата офанзива. Обединетите нации велат дека една четвртина од населението е на чекор од глад, а Палестинците […]

Луѓето продолжуваат да доаѓаат на гробот на Навални и да носат цвеќиња


  Утрото на 2 март, ден по погребот на Алексеј Навални, луѓето продолжија да носат цвеќе на неговиот гроб на гробиштата „Борисов“ во предградие на Москва, напиша новинарот Александар Пљушчев. „Има многу безбедносни сили, огради долж целата улица, но сите се пријателски расположени“, пишува на каналот. „На гробиштата можете мирно да одите, не ве брзаат […]

Дронови ги погодија Санкт Петербург и Одеса


  Експлозија се случи во петкатна станбена зграда во Санкт Петербург, Русија. Според неколку медиуми, дрон удрил во зградата. Немаше жртви како резултат на „инцидентот во областа Красногвардеиски“, напиша гувернерот на градот Александар Беглов. Тој не ја наведе причината за експлозијата. „Нема жртви. Делумно е оштетено застаклувањето на балконите на две куќи. Жителите на погодените […]

Снежна бура во Калифорнија, снег и до три метри


  Силна снежна бура беснееше во текот на ноќта кон саботата во планините на Сиера Невада која затвори долг дел од главниот автопат во Калифорнија, а силните ветрови и обилните врнежи ги погодија пониските височини, оставајќи десетици илјади клиенти без струја. Во некои области се очекува и до три метри снег. Националната метеоролошка служба во […]

Бајден објави дека САД ќе спуштат храна со падобрани во Газа


  Американскиот претседател Џо Бајден во петокот ги објави плановите за спроведување на првиот воен авион кој ќе достави храна и залихи со падобрани во Газа, еден ден откако смртта на Палестинците кои чекаа помош го фрлија центарот на вниманието на хуманитарната катастрофа што се развива во преполната крајбрежна енклава. Бајден рече дека воздушната помош […]

Голем штрајк во јавниот превоз во Германија


Јавниот транспорт во десетина германски градови продолжи да биде парализиран и вечерва, во екот на вториот круг штрајкови на синдикатот Верди. Автобусите, метрото и трамваите во повеќе од 70 градови и рурални области низ земјата запреа или беа сериозно нарушени поради штрајковите, кои започнаа во многу области во четвртокот. Климатските активисти го поддржаа штрајкот Штрајковите […]

Ќерката на Навални се прости од својот татко: Животот го даде за Русија, а јас ти ветувам…


Даша Навална, ќерката на починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, се прости од својот татко на Инстаграм. Воедно објави и постара фотографија на која се гушкаат и се смешкаат.             View this post on Instagram                       A post shared by […]

Силно невреме го зафати западот на САД, во Калифорнија се очекува снег до три метри


Опасна  зимска бура зафати големи делови од западниот дел на САД, при што жителите во Калифорнија беа повикани да се засолнат и да се подготват за прекин на електричната енергија, силни ветрови и рекордни количества снег овој викенд, веројатно и до 3 метри, пишува Гардијан. Опасни услови Опасните услови во регионот на Сиера Невада се […]

Литванија затвори уште два гранични премина со Белорусија


Литванија денеска затвори уште две гранични точки со Белорусија поради закани по националната безбедност. – Презедовме мерки за ограничување на движењето на луѓе, стоки и возила, четири од шесте гранични премини со Белорусија се веќе затворени, изјави министерката за внатрешни работи Агне Билотаите. Литванија минатата година затвори два премини на границата со Белорусија. – Соседството […]

По погребот на Навални, приведени десетици лица во Русија


За време и по погребот на Навални, приведени десетици лица во Русија Верувањата на Навални нема да исчезнат – идеите не можат да се измачуваат, трујат или убиваат. Тој останува инспирација за многумина во Русија и пошироко“, наведе на Икс високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел Од Сања Костовска […]

Јулија се прости од Алексеј со трогателна порака: „Љоша, ти благодарам за 26 години апсолутна среќа“ (видео)


Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во руски затвор во средината на февруари, во петокот се прости од својот сопруг со емотивна порака на социјалните мрежи. На денот на неговиот погреб во Москва, на мрежата Х се појави трогателна објава и видео. Во својата објава, Јулија му се заблагодари на […]

Последната фотографија на Алексеј Навални: Слика што го дефинира моментот


  Последната слика што ја видовме од жив Алексеј Навални беше тој како се смешка и се шегува. Конечната слика пред да биде положен во гробот е поотрезнувачка. Во согласност со православната традиција, телото на рускиот опозиционер е сликано во отворен ковчег. Човек кој некогаш беше политички и физички енергичен и огнен, сега е мирен […]

Украина уништила руски систем за воздушна одбрана „Панцир“ на руска територија


  Украинската војска извести дека со дронови уништиле систем за воздушна одбрана „Панцир С-1“ во пограничниот руски регион Белгород Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина извести дека во четвртокот, 29 февруари, во регионот Белгород, рускиот ракетно-оружен комплекс „Панцир С-1“, дизајниран да ги заштити воените и воено-индустриските објекти, бил успешно нападнат од […]

Људмила Навална се прости од синот Алексеј (Видео)


  Погребот на Алексеј Навални на гробиштата „Борисов“ на периферијата на Москва е во тек. Првата слика од неговото тело лежи во ковчег – се гледа само лицето додека телото покриено со цвеќиња – беше објавена од тимот на Навални на социјалните мрежи. На погребот пристигнаа неговите родители Анатолиј и Људмила Навални. 💔 Alexei Navalny's […]

Песков: Собирањето луѓе за погребот на Навални е спротивно на законот


Кремљ денеска соопшти дека собирањето на луѓе за погребот на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, што ќе се одржи подоцна денеска, е во спротивност со законот, пренесоа британските медиуми. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да даде оценка за Навални како политичка фигура и додаде дека нема што да му каже на неговото семејство. […]