Залужни отпуштен од воена служба, именуван за амбасадор во Лондон


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за официјално разрешување на поранешниот врховен командант, Валериј Залужни од воена служба, наводно поради здравствени проблеми, а потоа го именува за нов амбасадор на Украина во Велика Британија и Северна Ирска. Украинските медиуми јавуваат дека на Залужни ќе му биде дозволено да носи воена униформа, иако е […]

Украина го изврши најдлабокиот напад во Русија, погодувајќи рафинерија оддалечена 1.500 километри


 Украинско беспилотно летало со долг дострел утрово ја погоди рафинеријата Гаспром Нефтехим Салават во Башкортостан. Според изворот на Украинска Правда, станува збор за дрон SSU кој поставил рекорд со преминување 1.500 километри. Газпром Нефтехим Салават е една од најголемите компании за рафинирање на нафта и петрохемиско производство во Русија. Специјализирана е за производство на бензин, […]

Дел од Бразил е отсечен од остатокот од светот – поплавите го прекинаа снабдувањето со струја


Бројот на жртвите во големите поплави на југот на Бразил достигна сто, соопшти локалната агенција за цивилна одбрана. Службите за итни случаи, исто така, продолжуваат да трагаат по десетици илјади луѓе кои се исчезнати. Речиси 400 општини се погодени од екстремни поплави поради обилните дождови кои ја поплавија бразилската држава Рио Гранде до Сул. Поплавите […]

Иран осуди познат ирански режисер на камшикување и осум години затвор


Судот во Иран го осуди познатиот филмски режисер Мохамед Расулоф на осум години затвор и камшикување за злосторства против националната безбедност, изјави неговиот адвокат Бабак Пакнија. Тој рече дека судот утврдил дека филмовите и документарците на Расулоф се „примери за заговор со намера да се изврши злосторство против безбедноста на земјата“. „Судот, исто така, изрече […]

Во пресрет на завршувањето на средното училиште, Барон Трамп влегува во политичката арена


Барон Трамп, синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, сѐуште не завршил средно училиште, но веќе почна да игра големи политички игри. Републиканската партија на Флорида во средата вечерта го избра 18-годишниот Барон Трамп за еден од делегатите на државата на Републиканската национална конвенција, пренесува Politico. Претставник на кампањата на Трамп рече дека Барон е […]

Во Шпанија децата помлади од осум години ќе можат бесплатно да гледаат борби со бикови


Децата помлади од осум години, придружувани од возрасен, ќе можат бесплатно да гледаат борби со бикови во Севиља, а групите за заштита на животните предупредуваат дека тоа може да предизвика „психолошка штета“. Борбите со бикови се критикувани подолго време, додека милиони граѓани потпишаа петиција за нивна забрана. Децата се поканети да ги гледаат „новиладите“, кои […]

Грета Тунберг казнета поради протести во Стокхолм


Шведската климатска активистка Грета Тунберг (21) е казнета поради протести во Стокхолм и судот и наредил да плати казна од 6.000 шведски круни (512 евра). Тунберг е обвинета дека ги игнорирала полициските наредби да ги напушти двата протести пред шведскиот парламент во март, на кои се повикуваше на акција за климатски промени. Активистката беше обвинета […]

Нетанјаху знае дека опстанокот на Хамас значи негов пораз


Тешки одлуки го чекаат израелскиот премиер по изненадувачкиот договор на Хамас за претставениот нацрт на договорот за прекин на огнот. По неколку месеци наизменично тешки преговори меѓу завојуваните страни и посредниците, дојде време за тешки одлуки. Хамас се согласи на нацрт-договор за прекин на огнот, кој е „далеку од исполнување на барањата на Израел“, според […]

ОН: Во Појасот Газа за три дена убиени 109 Палестинци, а 296 се ранети


Најмалку 109 Палестинци загинаа, а 296 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од понеделник до среда попладне, вклучително и жени и деца кои беа убиени во нападите врз станбени куќи во Рафа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за Координација на хуманитарни прашања (UNOCHA), врз основа на информациите што ги доби од Министерството за […]

Ден на Европа – чествување на европскиот мир и единство


 На 9 мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.  Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за […]

ЕК бара информации од Икс за ризикот од користење на вештачката интелигенција


 Европската комисија испрати барање до платформата Икс за повеќе детали за нејзините активности и ресурси за проценката на ризикот од користењето на генеративните алатки на вештачката интелигенција во ЕУ.  Со документот, доставен врз основа на Законот за дигитални услуги, ЕК бара од Икс да обезбеди детални информации и внатрешни документи за проценките на ризикот и […]

Украина ќе може да повикува во војска и затвореници


Украинскиот парламент денеска гласаше за мерка со која се овозможува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување. Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголем непријател. […]

Европската народна партија одби да потпише писмо за осуда на политичкото насилство на крајната десница


  Расправија избувна меѓу политичките партии во Европа откако десноцентристичката група на која ѝ припаѓа Урсула фон дер Лајен одби да потпише писмо со осуда на крајната десница и серија напади врз политичари во Германија, Белгија, Шпанија, Шведска и Ирска. Во отвореното писмо се повикува Фон дер Лајен да „отфрли секаква нормализација, соработка или сојуз […]

Британија го протера рускиот одбранбен аташе – бил шпион


Руското одбранбено аташе, „непријавен шпион“ ќе биде протерано од Велика Британија како одговор на „растечката закана“, соопшти денеска британската влада. Ова доаѓа како дел од големиот пакет мерки за „насочување и попречување на операциите за собирање на руски разузнавачки информации“ во Велика Британија, се вели во соопштението на владата. Како дел од потегот, Британија ќе […]

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 100, а 128 лица се водат како исчезнати


Бројот на загинатите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана. Спасувачките служни информираа дека 128 лица се водат како исчезнати. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во вторникот побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две […]

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина


 Амбасадорите на земјите-членки на Европска Унија постигнаа начелен договор приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, соопшти денеска белгиското претседателство со ЕУ. – Тие пари ќе бидат искористени за поддршка на обновата на земјата и за воена одбрана на Украина во контекст на руската агресија, објави белгиското претседателство на […]

Уште еден социјалдемократ е физички нападнат во Германија


  Уште еден политичар е физички нападнат во Германија. Берлинската сенаторка за економски прашања Франциска Гифи, од Социјалдемократската партија (СПД), беше повредена во вторникот попладне во напад во библиотека во германската престолнина. „Госпоѓа Гифи ненадејно била нападната одзади од маж во библиотека […] околу 16,15 часот со торба полна со тврда содржина и удирана во […]

Путин бара за запре емиграцијата на млади луѓе од Русија


  Бранот на емиграција на млади луѓе што Русија го доживеа во последните години и кој се засили од почетокот на војната мора да се запре. Оваа цел за следните шест години ја постави рускиот претседател Владимир Путин во декретот „За националните развојни цели на Руската Федерација“. Според документот објавен на веб-страницата на Кремљ, до […]

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија


Обединетите нации денеска изразија загриженост откако беа пријавени неколку десетици случаи на колера во Кенија, која е погодена од поплавите. Според Светската здравствена организација (СЗО), 44 случаи на колера има во една од најпогодените области од поплавите, во областа на реката Тана во источна Кенија. „Верувам дека со тамошната влада и со националните и меѓународните […]

„Гардијан“: Додека Белград го пречекува Си со највисоки почести, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад


 Кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Србија на втората етапа од својата европска турнеја, а властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина, пишува „Гардијан“. Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите […]