Мишел Обама испрати моќна порака со дводелниот комплет во Чикаго


Чикаго – Мишел Обама ја урна Демократската национална конвенција – со нејзините зборови и стил – и моментот беше сè што мислевме дека ќе биде. Поранешната прва дама излезе на сцената синоќа во нејзиниот роден град Чикаго, пренесувајќи порака на надеж и возбуда пред нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, да се качи на подиумот. […]

Украина го погоди рускиот С-300 систем во Ростовскиот регион


Украинските одбранбени сили го погодија рускиот систем за противвоздушна одбрана С-300 во близина на Новошахтинск во Ростовскиот регион во ноќта на 20-21 август, објави Генералштабот на украинските вооружени сили на Телеграм, пренесува Укринформ. „Единици на украинската морнарица, во соработка со други елементи на Одбранбените сили, погодија позиција на системот за противвоздушна одбрана С-300 во близина […]

Украина изврши голем напад со беспилотни летала врз Москва, објави градоначалникот


Москва – Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, при што руските единици за ПВО уништија најмалку 10 беспилотни летала што летаа кон главниот град, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Некои од беспилотните летала се уништени над градот Подолск, прецизира тој. Градот се наоѓа на околу 38 километри јужно од Кремљ. „Системите […]

„Америка, надежта ни се враќа“: Двојката Обама ја поддржа Харис


Чикаго – Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел синоќа им се обратија на делегатите на конвенцијата на Демократската партија, каде што ја поддржаа Камала Харис во трката против Доналд Трамп, велејќи дека таа е личност која сака да им даде на сите луѓе еднакви можности. Како прв црномурест претседател во американската историја, […]

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања


Вашингтон – Кампањата на кандидатката на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собра околу половина милијарда долари донации откако стана кандидатка. Според повеќе неименувани извори, Харис само во првата недела по изборот за кандидатка собра 200 милиони долари, а во јули вкупно 310 милиони долари. Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, […]

Путин обвини странски земји дека им помогнале на терористите во опсадата на училиштето во Беслан во 2004


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на комеморацијата за жртвите од масовната заложничка криза пред 20 години упати сериозни обвинувања против странски земји. „Ние многу добро знаеме дека странските земји не само што се обидоа да оправдаат монструозно злосторство, туку им пружија на терористите секаква помош: морална, политичка, информативна и финансиска“, рече Путин во малиот град […]

Азербејџан официјално поднесе барање за приклучување кон БРИКС


Азербејџан официјално поднесе молба за приклучување кон организацијата БРИКС, соопштија локални медиуми. БРИКС е основан во 2006 година и моментално во организацијата членуваат девет држави (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканска Република, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати). Од 2009 година, БРИКС се претвори во единствен геополитички блок кој годишно одржува самити и спроведува координација […]

Мајмунските сипаници не се нов коронавирус, вели регионален директор на СЗО


Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска изјави дека мајмунските сипаници, без разлика дали се работи за нов или стар вид, не се нов коронавирус, бидејќи се знае како да се контролира нивното ширење. „Значи, дали ќе сакаме да избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминирање на мајмунските сипаници на […]

Трамп објави лажна фотографија од Тејлор Свифт како ги повикува луѓето да гласаат за него


Поранешниот претседател Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“ објави лажна слика од мегапопуларната пејачка Тејлор Свифт како ги повикува луѓето да гласаат за него на ноемвриските избори. Републиканскиот претседателски кандидат објави фотографија од Тејлор Свифт, облечена во црвено, бело и сино, со натпис „Тејлор Свифт сака да гласа за Доналд Трамп“. […]

Невреме во Полска: Поплавени патиштата во Варшава, сообраќајот парализиран


Патиштата во Варшава се поплавени по синоќешното невреме, невидено во последните 40 години. Полицијата ги повика возачите да не користат автомобили, туку само јавен превоз. Во последните 24 часа во некои делови на Варшава наврнале 120 литри вода на метар квадратен, а на аеродромот Окенце се забележани 93,8 литри вода на метар квадратен. Тој аеродром […]

Пронајдени тела на шест заложници во ноќна операција на израелската армија во Газа


Тел Авив – Војската на Израел (ИДФ) соопшти дека пронашла тела на шестмина заложници во операција во текот на ноќта во Газа. „Телата на заложниците беа спасени од областа Кан Јунис во Газа. Тие беа киднапирани од Хамас на 7 октомври. Операцијата за спасување беше овозможена со прецизни разузнавачки информации од ИСА, разузнавачките единици и […]

САД: Иран стои зад обидот за хакирање на кампањите Трамп и Бајден-Харис


Вашингтон – Владата на САД заклучи дека иранската влада стои зад хакирањето и протекувањето податоци насочени кон претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и кандидатката на демократите Камала Харис, соопштија ФБИ и други американски разузнавачки агенции. ФБИ го информираше Трамп за своите прелиминарни наоди откако медиумите објавија […]

Сè уште се трага по исчезнатите од јахтата во која се наоѓаше и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч


Палермо– По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило. Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица […]

Бајден на конвенцијата на демократите: Се бориме за душата на Америка


Чикаго – Претседателот на САД Џо Бајден се обрати пред учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде треба да се официјализира кандидатурата на Камала Харис за претседателската функција. Помалку од еден месец по повлекувањето од трката, Бајден беше пречекан и поздравен како херој на конвенцијата. Говорот на Бајден официјално го најави неговата ќерка Ешли […]

Џорџ Сантос се спогоди со обвинителите, се соочува со казна затвор до осум години


Вашингтон – Поранешниот член на Претставничкиот дом, Џорџ Сантос, кој беше отстранет од Конгресот по речиси дваесетина кривични обвиненија, вчера попладне склучи договор со обвинителите да признае вина по сите точки од федералната тужба против него. Сантос призна вина за вршење измами преку електронска пошта и кражба на идентитет. -По години лажење, поранешниот конгресмен Џорџ […]

СЗО предлага да се покренат планови за вакцинација во областите погодени од Мпокс


СЗО денеска препорача дека земјите погодени од вирусот Мпокс (мајмунски сипаници)  треба да  почнат планови за вакцинација во областите каде што се појавиле случаи на инфекција. Повторното појавување на Мпокс во Демократска Република Конго, ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август, највисоко ниво на здравствено предупредување. СЗО веќе прогласи таква […]

Бајден почна програма која им овозможува на илегалните имигранти кои се венчале со Американци да добијат државјанство


Американската влада почна програма која им овозможува на стотици илјади имигранти да добијат американско државјанство. Ова е еден од најголемите чекори на демократскиот претседател Џо Бајден со цел да им се обезбеди правен статус на луѓето кои нелегално влегле во САД и живеат таму долги години. Програмата почнува неколку месеци пред изборите на 5 ноември. […]

Фалсификатор во Неапол имал три милиони лажни евра, низ Европа веќе продал осум милиони


Во Неапол минатата недела бил уапсен фалсификатор осомничен за печатење 11 милиони евра во лажни банкноти, соопшти денеска Европол. Европол објави дека уапсениот, кого не го именува, веќе продал осум милиони евра фалсификувани банкноти низ цела Европа и додаде дека полицијата од него запленила речиси три милиони евра фалсификувани банкноти. – Покрај тоа, се верува […]

Мајк Линч, контроверзниот технолошки тајкун, е меѓу исчезнатите на суперјахтата која потона кај Сицилија


Мајк Линч, контроверзниот британски технолошки тајкун, е исчезнат откако суперјахта на која се наоѓал потона покрај брегот на Сицилија, според повеќе извештаи. 56-метарската суперјахта, наречена „Бајезијан“, потона во раните утрински часови во понеделникот во близина на Портчело, Палермо, за време на лоши временски услови. Во моментот на пишување, едно лице загина, а шест други, меѓу […]

Борел: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални


Крајната одговорност за смртта на главниот руски опозициски лидер Алексеј Навални ја сносат рускиот претседател Владимир Путин и властите кои го уапсија, изјави денеска високиот комесар за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Во соопштение што го објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), по повод одбележувањето четири години од труењето на руски […]