Борел изјави дека е ужаснат од убиството на израелските заложници во Газа, повика на прекин на огнот
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е ужаснат од „убиството на шест израелски заложници кои ги држеше Хамас“, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа. – Овие невини млади мажи и жени требаше одамна да бидат однесени на безбедно и повторно да се соберат со своите најблиски. […]