Германија прави попис на бункери и засолништа


 Германските власти денеска, во време на зголемена тензија со Русија, соопштија дека прават попис на бункери и засолништа за населението во случај на напад и додадоа дека сакаат да го зголемат нивниот број. – Сите згради, вклучително и приватниот имот, кои би можеле да послужат како засолништа, како што се подруми, гаражи и станици на […]

Норвешка ја прекина истрагата за можната врска меѓу Норвежанец, сопственик на бугарска фирма и експлозивните пејџери за Хезболах


Норвешката безбедносна служба (ПСТ) денеска соопшти дека не пронашла докази за продолжување на истрагата за норвешка поврзаност при испораката на пејџерите што експлодираа во септември до Хезболах во Либан. Во истовремените експлозии на уредите загинаа десетици луѓе, а илјадници беа повредени, Израел ја презеде одговорноста за пејџерскиот напад, кој го изненади Хезболах и беше проследен […]

Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци


Рускиот државјанин Никита Журавел денеска беше осуден на 14 години затвор откако беше прогласен за виновен за велепредавство за наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби. Окружниот суд во Волгоград соопшти дека Журавел „не се согласува со политиката на Руската Федерација“ и дека преку интернет се допишувал со претставник на украинските безбедносни […]

Левицата се врати на власт во Уругвај


  МОНТЕВИДЕО – Кандидатот на левиот центар на опозицијата Јаманду Орси обезбеди победа на претседателските избори во Уругвај, покажаа официјалните резултати во неделата, со преброени 99 отсто од гласовите, во трката во вториот круг, во која анкетарите очекуваа тесна борба. Јаманду Орси, предизборниот фаворит за неколку поени, обезбеди мала, но удобна разлика од 49,81 отсто […]

ОН: Во Америка и во Европа жените најчесто ги убиваат нивните партнери, а во остатокот од светот нивните семејства


Најмалку 85.000 жени и девојки биле убиени ширум светот во 2023 година, повеќето од интимни партнери – роднини или партнери, според бројките објавени од ОН денес. Ова, според нив е „алармантно ниво“ на фемицид. „Домот останува најопасното место за жените“, бидејќи 60 отсто од нив биле жртви на „сопружници или други членови на семејството“, се […]

Брод полн со туристи потона во Египет


Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море. „Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот. Инцидентот се случил околу 5 часот и 30 минути кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил […]

Ултранационалистот Георгеску ја шокираше Романија на претседателските избори


  Романскиот ултранационалист Калин Георгеску во моментов е на пат да се пласира во вториоткруг од претседателските избори, според привремените резултати од неделата, со повеќе од 99,9 отсто од избирачките места. Според речиси целосните резултати, Георгеску води со 22,94 отсто од гласовите. По него следува реформската кандидатка, либералот Елена Ласкони со 19,17 отсто, која е […]

Ќе се реновира Бакингемската палата


Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години, поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра. Реновирањето на британската кралска Бакингемска палата почна во 2017 година, со цел промена на старите кабли и водоводот, коишто не биле сменети од […]

Првата одлука на Трамп? Новиот американски претседател ги исфрла трансродовите луѓе од војската


Новоизбраниот претседател подготвува извршна наредба која ќе стапи на сила веднаш по неговата инаугурација на 20 јануари, со која практично ќе им се забрани на транс лицата да служат во војска, а потоа и медицински отпуштени илјадници транс-војници во вооружените сили кои моментално се активни. За време на неговиот прв мандат, Трамп во 2017 година […]

Шефот на литванската полиција: Не е исклучен тероризам за авионската несреќа во близина на Вилнус


Началникот на литванската полиција денеска изјави на прес конференција дека не може да се исклучи терористички напад како причина поради која товарен авион се урна рано утрото во близина на аеродромот во Вилнус. „Тоа е една од верзиите што треба да се истражи и да се потврди. Има уште многу работа пред нас“, рече Арунас […]

Независниот кандидат Калин Георгеску води на изборите за претседател на Романија


Независниот ултрадесничарски кандидат на претседателските избори во Романија, Калин Георгеску, води со 22,84 отсто од гласовите, додека актуелниот премиер и претседателски кандидат на Социјалдемократската партија, Марсел Чолаку, освои 19,24 отсто, според резултатите добиени по пребројани 99,5 отсто од гласовите. Медиумите претходно објавија, по преброени 80 отсто од гласовите, дека и двајцата кандидати постигнале изедначен резултат […]

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус


Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија – Вилнус, се урна во близина на куќа, изјави градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас. Несреќата се случила на околу 4 километри од аеродромот во Вилнус. Спасувачките екипи реагирале на местото на настанот. Од урнатините на […]

Поранешниот шеф на дипломатијата на Украина, Кулеба: Војната нема брзо да заврши


Поранешниот шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави денеска дека не очекува брзо завршување на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта. „Би сакал да ги потсетам сите дека клучот за мирот е во Москва, а не во Киев“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен. Во својата претседателска кампања, […]

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта


Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов. Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека […]

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од германските социјалдемократи


Околу три месеци пред предвремените избори во Германија, социјалдемократите официјално ќе го номинираат Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар и покрај неговиот исклучително низок рејтинг, јави ДПА. Неговата формална номинација доаѓа откако партијата беше поделена со двонеделна жестока дебата за тоа дали далеку попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус треба да биде номиниран за […]

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7


Блискиот исток, Украина и изборот на Доналд Трамп – тоа ќе бидат водечките теми на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 во италијанскиот град Фjуџи, на околу 80 километри од Рим, јави ДПА. Средбата ќе трае два дена и тоа е последната од министрите за надворешни работи на земјите […]

COP29: Рекордни 300 милијарди долари за посиромашните земји во борбата против климатските промени


Побогатите земји, меѓу кои САД, Велика Британија и земји од ЕУ, ветија рекордни 300 милијарди долари (287 милијарди евра) за да им помогнат на земјите во развој во борбата против климатските промени, пренесува Би-би-си. Ова беше заклучокот на разговорите на климатскиот самит на ОН COP29 во Азербејџан. Донесувањето на конечната одлука доцнеше 33 часа, а самата […]

Украина доби зелено светло да користи француски ракети со долг дострел


Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Ноел Баро изјави дека Украина смее да користи француски ракети со долг дострел на руска територија, пренесува Би-би-си. Баро дополни дека Франција нема „црвена линија“ во поддршката за Украина, сè додека користењето на француски ресурси од украинските сили е во рамките на самоодбрана. Министерот не потврди дали досега биле искористени […]

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина


Руските вооружени сили регрутираа стотици Јеменци да се борат во Украина, што доведе до операција за шверц на луѓе што ги истакнува растечките врски меѓу Москва и бунтовничката група Хути, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Јеменските регрути кои отпатувале во Русија изјавиле за британскиот дневен весник дека им биле ветени високо платени работни места, па дури […]

Во шумски пожари лани уништени над 500 000 хектари земјиште во ЕУ и соседството


Брисел – Во текот на минатата година Европа, Блискиот Исток и Африка се соочија со едни од најголемите шумски пожари регистрирани од 2000 година, при што беа опожарени над 500 000 хектари земјиште, се наведува во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.  – Во последниве години катастрофалните шумски пожари станаа вообичаени во Европската […]