Британскиот весник Обзервер доби нов сопственик


Лондон – Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал „Обзервер“, најстариот неделен весник во светот, на „Тортоиз медиа“. Компанијата Скот Траст, која е сопственик на Гардијан медиумската група, соопшти дека Тортоиз Медиа го купува Обзервер преку комбинација на готовина и акции. Обзервер е основан во 1791 година и стана дел од медиумската […]

Армијата на ботови на Путин објавила над 30 милиони коментари за четири месеци


По скандалот со изборите во Романија медиумите се фокусираа на протечени документи за  начинот на кој Москва ја користи технологијата и социјалните мрежи за да ја наметнува својата пропаганда надвор. Тие истражувања открија дека руска пропагандна компанија работела на популаризација на екстремно десничарските партии во Европа – и создала барем еден мем споделен од Илон […]

Политички судења, убиства и прогони: 2024-та една од најмрачните години во модерна Русија


Активистите за човекови права во Русија (OVD-Info) објавија годишно резиме на настаните во рускиот правосуден систем. Според нив, главните трендови од  последниве години продолжија и во 2024 година – насочено политичко прогонство, напади врз ранливи групи и усвојување на сè порепресивни закони. Според извештајот, 2.976 лица се соочуваат со политички мотивирани обвиненија во Русија денес, […]

Трамп го тужи главниот весник во Ајова поради анкета објавена пред изборите


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го тужеше „Регистарот на Де Моан“ од Ајова и неговиот анкетар за „дрско мешање во изборите“ во објавувањето на истражувањето викендот пред изборите, кое покажа дека демократката Камала Харис има изненадувачко водство од три процентни поени во државата. Компанијата што го поседува весникот во вторникот ја отфрли тужбата како неоснована […]

Брегзит ја чинеше Велика Британија 27 милијарди фунти само во трговијата


Штетата од Брегзит за трговските врски со ЕУ го чинеше Обединетото Кралство 27 милијарди фунти во првите две години, но целокупното влијание беше поограничено отколку што прво проценија прогнозерите, откри најсеопфатниот извештај откако Велика Британија целосно го напушти блокот на почеток на 2021 година. Истражувачите од Лондонската школа за економија открија дека трговските бариери биле […]

Саркози изгуби на суд, стана прв бивш претседател што ќе носи електронска алка


Највисокиот француски апелационен суд денес  ја потврди пресудата против поранешниот претседател Никола Саркози за корупција и трговија со влијание, наложувајќи му да носи електронска алка една година, прва за поранешен шеф на држава. Саркози изгуби по последната можна жалба и едногодишната затворска казна ќе ја „одлежи“ со носење електронска нараквица, без да биде затворен.  Казната […]

Ердоган: Турција е поголема од Турција, не можеме да се ограничиме на сегашната територија


Претседателот на Турција и лидер на владеечката партија АКП, Реџеп Таип Ердоган, порача денес дека „Турција е поголема од Турција“ и дека како  нација не можат да ги ограничат нејзините хоризонти на 782 илјади квадратни километри„. „ Турција не е ничија колонија, ниту е земја на суб-индустриски идеи или на оние кои произведуваат идеи од […]

Кај Курск веќе загинаа или се ранети неколку стотици севернокрејски војници


  Неколку стотици севернокорејски војници кои се борат заедно со руските сили против Украина се убиени или ранети за време на битката во пограничниот регион Курск, изјави во вторникот висок американски воен претставник. Официјалниот претставник не даде детали за тоа колку точно загинале, но рече дека севернокорејските сили не изгледаат добро истренирани за битка, што […]

Двајца Малезијци ослободени од Гвантанамо по 18 години. Никогаш не им се судело


Соединетите Американски Држави вратија двајца малезиски државјани во Куала Лумпур откако ги држеле во Гвантанамо 18 години, објавија локалните медиуми, пренесува Anadolu. Министерот за внатрешни работи Датук Сери Саифудин Насут Исмаил потврди дека Малезија ги прифатила затворениците и го олеснила нивното враќање во земјата. Мохамад Фарик Амин (48) и Мохамед Назир Леп (47) беа уапсени […]

Зеленски: Не ни треба посредник како Орбан


„На Украина не ѝ се потребни посредници како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нема да го пуштам него и луѓето како него“ – порача претседателот на Украина, Володомир Зеленски околу наводните мировни напори на претседателот на Унгарија и актуелчен претседавач со ЕУ. Според зеленски, Орбан нема ни кредибилна армија, ни мож со тоа да го убеди […]

Зеленски призна дека Донбас и Крим не можат да се вратат на воен начин


  Украинската армија нема сила да ги врати Донбас и Крим кои ги зазеде Русија, но Киев не може да се откаже од овие територии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украинскиот устав ни забранува да го правиме тоа. Де факто, овие територии сега се контролирани од Русите. Немаме сила да ги вратиме. Можеме да сметаме […]

Две лица приведени за убиството на рускиот шеф за хемиското оружје


  Две лица се приведени под сомнение дека го убиле началникот на трупите за радијациона, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник, изјавија извори за „Комерсант“ и „Известија“. Според нив, органите на редот ги зеле трагите „од местото на злосторството“, обрнувајќи внимание на два сомнителни автомобили кои биле […]

Унгарија се претвора во центар за рускиот гас


Никогаш не губете добра деловна можност, е максима на унгарскиот премиер. Иако Виктор Орбан бескрајно ја обвинува војната во Украина за сите неволји на економијата, унгарската влада и локалните енергетски компании сега се меѓу најголемите воени профитери, тврдат енергетските експерти. „Унгарија стана трговски центар за рускиот гас“, изјави за БИРН Атила Холода, поранешен заменик државен […]

Обвинителите издадоа налог за апсење на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес


Обвинители издадоа налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес поради наводна врска со малолетничка. Моралес (65) тврди дека обвинението против него е „стратегија за блокирање на неговата претседателска кандидатура“ во 2025 година и дека тој е жртва на „брутална судска војна“ организирана од актуелниот претседател Луис Арсе, објави Гардијан. Јавниот обвинител во понеделникот […]

Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана


Во САД употребата на дрога меѓу тинејџерите не е зголемена по падот забележан на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, покажуваат резултатите од големата годишна студија. Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена. Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од […]

Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов – признал сѐ


Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва. Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), загина вчера рано утрото кога беше активирана експлозивна направа што се наоѓала на мобилен телефон. Руските безбедносни служби […]

Суд во Авињон утре ќе донесе пресуда за Французинот кој овозможувал силување на неговата сопруга


Суд во Авињон утре ќе ја донесе пресудата за Доминик Пеликот и околу 50 други мажи обвинети за долгогодишно силување на Жизел Пеликот, сопругата на првообвинетиот, која стана икона на феминизмот со нејзината одлука да го одржи судењето отворено за јавно со цел да се сврти вниманието кон сексуалните злосторства врз жените ширум светот. Во […]

Поднесено обвинение за убиство на извршниот директор на UnitedHealth


Њујорк – Луиџи Манџионе, човекот обвинет за убиството на извршниот директор на UnitedHealth, Брајан Томпсон на улица на Менхетен овој месец, е официјално обвинет за убиство, соопштија обвинителите. „Овој вид намерно, насочено вооружено насилство не може и нема да се толерира“, наведе окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег во соопштение со кое го објави обвинението. Манџионе, […]

ЕК започна постапка против ТикТок поради „изборни ризици“


Брисел – Европската комисија отвори формална постапка против ТикТок под сомнеж за непочитување на обврските од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) за проценка и ублажување на системските ризици поврзани со изборниот интегритет, особено во контекст на претседателските избори во Романија одржани на 24 ноември.  Во врска со ваквата одлука претседателката на Европската комисија, Урсула […]

„Машинерија на смртта“: Во сириските масовни гробници закопани 100.000 луѓе


  КУЈТАФА, Сирија – Меѓународен обвинител за воени злосторства во вторникот рече дека доказите што се појавија од местата за масовни гробници во Сирија ја разоткриле државната „машина на смртта“ под соборениот лидер Башар ал Асад, во која тој процени дека повеќе од 100.000 луѓе биле мачени и убиени од 2013 година. Говорејќи по посетата […]