Руски ракетен напад врз Киев


Најмалку две лица се повредени и згради се оштетени во руски ракетен напад утринава врз Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари во делови од градот, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку две лица се повредени во нападот. Украинските системи за противвоздушна […]

Шведска го прекинува финансирањето на УНРВА


 Шведска повеќе нема да ја финансира Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), туку ќе обезбедува хуманитарна помош за Газа преку други канали, изјави шведскиот министер за помош Бенјамин Дуса. Одлуката на Шведска да го прекине финансирањето на УНРВА дојде како одговор на забраната за работата на агенцијата во Израел, […]

Американски дипломати отпатуваа во Сирија


Американски дипломати пристигнаа во Сирија за директно да разговараат со новите исламистички владетели, надевајќи се дека ќе поттикнат умерена и инклузивна земја и ќе најдат индиции за исчезнатите Американци, соопшти Стејт департментот. Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година и кулминираше […]

Стапи во сила привремената забрана за дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк


Њујорк – Федералната управа за авијација (ФАА) планира привремено да ги забрани летовите на дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк поради широката загриженост на јавноста, изјави гувернерката на државата.  Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, во изјавата нагласи дека разговарала со секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас, кој и рекол дека „ФАА планира да одобри […]

Зеленски: Од Нова година го прекинуваме транзитот на руски гас во Европа


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на оваа година. „Нема да го продолжиме транзитот на руски гас“, рече Зеленски на прес-конференција за време на самитот на ЕУ во Брисел. Зеленски, исто така, апелираше до европските сојузници […]

Речиси една четвртина од вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ потекнува од обновливи извори


Учеството на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на Европската унија лани изнесувало 24,5 отсто, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на 2022 година, објави денеска Евростат. Како што се наведува, овој удел е за 18 отсто помал од посакуваниот удел од 42,5 отсто, што е целта што Европската унија сака да […]

Економските проблеми на Германија и Франција може да е прошират, предупреди Тајани


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска предупреди на опасноста актуелните економски проблеми на Германија и Франција да се прошират надвор од нивните граници, јави италијанската новинска агенција АНСА. „Економската ситуација во Германија и Франција не помага за развојот на внатрешниот пазар. Не треба да се радуваме на тешкотиите во овие две земји со […]

Путин со вратена самодоверба се пофали за успесите во Украина


  МОСКВА – Претседателот Владимир Путин се пофали дека неговата воена операција во Украина ја зајакна Русија и негираше дека соборувањето на клучниот сојузник Башар Асад во Сирија му наштетило на престижот на Москва, за време на својата годишна прес-конференција во четвртокот. Тој го искористи цврсто кореографираниот настан, кој траеше околу 4 и пол часа, […]

Мецола: Ако се „влечкаме“ со проширувањето на ЕУ, други ќе ја пополнат празнината


 Во 2024 година подзабавивме и не можеме да бидеме горди поради тоа, но во 2025 година треба да забрзаме ако сме навистина сериозни во напорите да го потврдиме местото на Европа на светската сцена, бидејќи имаме малку простор за друг избор, порача претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното денешно учество на […]

Каде оди Сирија по Асад?


„Повеќето европски влади едвај чекаат да се ослободат од сириските мигранти“, вели Лина Чаваф, која беше истакната ТВ личност во Дамаск додека не побегна во 2011 година, откако застана на страната на народниот бунт против сега соборениот моќник Башар ел Асад. Навистина, Европејците изгледаат премногу желни да го видат грбот на сириските баратели на азил […]

Европа пред економска апокалипса


Економските вкрстени ветрови што ја зафаќаат Европа се закануваат да предизвикаат бура во наредната година. Очекувањата се дека новиот претседател на САД,  Доналд Трамп ќе воведе нови тарифи за сè, од Бордо до Бриони и  ќе го зајакне своето барање земјите од НАТО  да собираат повеќе пари за сопствената одбрана или да ја изгубат американската […]

Ќерката на Пелико: Ќе умреш сам како куче во затвор


Францускиот суд го прогласи Доминик Пелико за виновен за повеќекратно дрогирање и силување на неговата сопруга во текот на речиси една деценија и поканување на десетици непознати да го силуваат нејзиното онесвестено тело во нивниот дом. Поротата, исто така, ги прогласи за виновни сите 50 обвинети во случајот, отфрлајќи ги тврдењата на некои од нив […]

Велика Британија размислува за испраќање војници во Украина


Велика Британија би можела да испрати свои војници во Украина да ги обучуваат украинските вооружени сили, тврди Тајмс, цитирајќи го министерот за одбрана на земјата, Џон Хили.Медиумите јавуваат дека Хили во средата пристигнал во Киев, каде што се сретнал со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров. „Британските трупи би можеле да бидат испратени во Украина […]

Поранешниот сопруг на Жизел Пелико виновен за силувањата, доби 20 години затвор


Судски совет од пет судии го осуди Доминик Пелико (63) за тешко силување на неговата сопруга Жизел Пелико, фотографирање и дистрибуирање на фотографиите. Тој доби максимална казна од 20 години затвор. Во момент на изрекувањето на пресудата во судницата беше и Жизел заедно со своите деца. Вкупно, тој и останатите 46 мажи кои ја силувале […]

Стампедо во Нигерија, најмалку 32 деца загинаа – сиромаштијата ги однесе во смрт


Најмалку 32 деца загинаа за време на стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија официјални лица, јавува Anadolu. Инцидентот се случи вчера во исламското средно училиште Башорун во главниот град на државата Ибадан. Портпаролот Дотун Ојелиса им потврди на новинарите дека загинале 32 лица, додавајќи дека бројот може да се промени по целосниот […]

Филантропот Мекензи Скот донирала уште 2 милијарди долари во 2024 година


Њујорк – Милијардерката авторка и филантроп Мекензи Скот призна уште 2 милијарди долари донации во блог пост во средата, со што вкупниот износ што го подари од 2019 година изнесува  19,2 милијарди долари. Таа, исто така, откри нови информации за тоа како управува со своето богатство, велејќи дека ги упатила советниците да ги инвестираат нејзините […]

Воена помош од Лондон за Киев вредна 225 милиони фунти


Лондон – Велика Британија ќе испрати дополнителна воена опрема вредна 225 милиони. Британски фунти за Украина за да и помогнат во војната против Русија. „Храбриот народ на Украина продолжува да им пркоси на сите очекувања со својот нескротлив дух“, наведе британскиот министер за одбрана Џон Хили во изјавата. „Но, тие не можат сами да го […]

Зеленски го отфрли планот на Трамп за Украина


Париз -Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за францускиот весник Ла Паризиен, во кое зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната. Зеленски изјави дека нема да поддржи замрзнување на конфликтот со Русија за да се забрзаат мировните преговори, нагласувајќи […]

САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај човек


Вашингтон –  Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека пациент со тешка форма на птичји грип H5N1 бил хоспитализиран во Луизијана. Ова е првиот познат таков случај во САД. Специјалистите не очекуваат зачестеност на вакви случаи во САД, но предупредуваат дека H5N1 може да предизвика смртни последици, како што е забележано […]

САД воведуваат санкции за руски компании поврзани со „Северен тек 2“


Вашингтон – САД воведоа санкции против руски компании заради нивното учество во изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, соопшти американскиот Стејт департмент. Санкциите опфаќаат и нови сопственици на бродови кои претходно беа блокирани од Вашингтон. Овој потег доаѓа откако во септември 2022 година експлозии го оштетија „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. „Северен тек 1“ […]