Трамп назначи поранешен директор на компанија за брза храна за амбасадор во ЕУ


  Американскиот претседател го назначи Ендрју Пуздер, поранешниот извршен директор на компанијата за брза храна Hardee’s and Carl’s Jr., за амбасадор на САД во ЕУ. „Енди е адвокат, бизнисмен, економски коментатор и најпродаван автор“, напиша Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“. „Во 2000 година, тој беше назначен за генерален директор на CKE Restaurants, матичната […]

Конгресот го усвои првиот законски предлог на Трамп за апсење илегални имигранти


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои првиот законски предлог на претседателот Доналд Трамп, кој бара апсење на илегални имигранти обвинети за кражби и насилни злосторства. Законот е усвоен со 263 гласа „за“ и 156 „против“, со поддршка на 46 демократи и 217 републиканци. Тој предлог, именуван по Лејкен Рајли, девојката од Џорџија која минатата […]

Саудиска Арабија планира да вложи 600 милијарди долари во САД


Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ријад во следните четири години сака да вложи 600 милијарди долари во САД. Но, тој не прецизираше во што ќе инвестира Саудиска Арабија, бидејќи САД изминатите години се помалку се потпираа на саудиската нафта, која беше основа на […]

(Видео) Нов пожар се шири во Калифорнија, регионот повторно е под црвен аларм


Опасноста од пожар останува на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се евакуираат поради пожарот што останува надвор од контрола во близина на Кастаик во северниот дел на округот Лос Анџелес. Пожарот што ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура изгоре повеќе од 9.000 хектари и е нула отсто […]

ЕУ ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 35 милијарди евра


Во 2025 година, Европската унија ќе и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош како дел од кредитната иницијатива Г7 ЕРА и програмата „Украински средства“, најави потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за трговија Валдис Домбровскис. „ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на Украина преку кредитната иницијатива Г7 ЕРА и помош за Украина во […]

Трамп потпиша извршна наредба за запирање на мигрантите да влезат преку јужната граница на САД


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за запирање на влегување на мигранти во САД преку јужната граница со Мексико, соопшти Белата куќа. Документот им наложува на Одделот за домашна безбедност, Министерството за правда и Стејт департментот да го забранат влезот на илегалните мигранти преку јужната граница, да ги вратат во татковината и да ги […]

Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија


Колумбиските безбедносни сили запленија 8,2 тона кокаин во пристаништето на градот Буенавентура на пацифичкото крајбрежје, што претставува едно од најголемите количества запленета дрога во историјата на земјата, соопшти претседателот Густаво Петро, пренесува ДПА. „Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на […]

Брисел го задржува здивот пред првиот потег на Трамп


Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа, заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја, од Панама до Гренланд. И, засега, европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување. Реакцијата на огнениот инаугуративен говор на Трамп од ходниците на Европската комисија во Брисел е пригушена. […]

Писториус: Можно е Русија во 2029 – 2030 година да нападне земја-членка на НАТО


 Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус вчера изјави дека постои теоретска можност Русија да се обиде да нападна земја-членка на НАТО во периодот 2029 – 2030 година. – Воените експерти многу внимателно ги следат случувањата во Русија. Воената индустрија таму значително се развива, се произведуваат многу тенкови и авиони, што значи дека значително растат […]

Швајцарски градови мета на руски хакери за време на Светскиот економски форум


 Руски хакери го нападнаа кантонот Шафхаузен во северна Швајцарија и градовите Женева и Сиера и ги парализираа нивните веб-страници, јавија синоќа швајцарските медиуми. Информациската служба на Шафхаузен, работејќи со надворешен провајдер, успеала целосно да се одбрани од нападот и работата на управата не била загрозена, се наведува во соопштението. Националниот центар за кибер безбедност предвиде […]

Гутереш: Бандите во Хаити можат да ја преземат престолнината


Бандите во Хаити би можеле целосно да ја преземат престолнината Порт-о-Пренс, што би довело до целосен колапс на државната власт, доколку не се обезбеди дополнителна меѓународна поддршка за ослабената национална полиција, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Во извештај презентиран на синоќешната седница на Советот за безбедност, Гутереш изрази загриженост за влошената состојба во […]

САД ги прогласи Хутите за „странска терористичка организација“


Претседателот на САД, Доналд Трамп го прогласи јеменското движење на Хутите, познато под името „Ансар Алах“ за странска терористичка организација, соопшти Белата куќа. Со тоа предвидени се построги санкции, од тие што беа воведени од администрацијата на Џо Бајден, кон Хутите како одговор на нејзините напади врз комерцијалните бродови во Црвено Море и врз американските […]

Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за директор на американската Тајна служба. Каран беше дел од обезбедувањето на Трамп во време на обидот за атентат во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули.  „Тој ја демонстрираше својата голема храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да ме спаси од куршум на атентатор во Батлер, […]

Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико


Американската армија ќе испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико, соопшти Белата куќа два дена откако претседателот Доналд Трамп потпиша указ за миграцијата, Дополнителните трупи вклучуваат 500 маринци, како и екипажи на армиските хеликоптери и разузнавачки аналитичари. Тие ќе им се придружат на 2.200 активни воени лица и илјадници војници на Националната гарда, кои […]

Милијардерот Блумберг ќе го финансира телото на ОН за климата по повлекувањето на САД


Милијардерот Мајкл Блумберг објави дека неговата фондација ќе се вклучи во финансирањето на телото на ОН за климатски промени, откако претседателот Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор. Интервенцијата на Блумберг има за цел да обезбеди Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) да остане целосно финансирана и покрај тоа […]

Фокс њуз објави што се вели во писмото на Бајден до Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп за Фокс њуз ја откри содржината на писмото што Џо Бајден го оставил во фиоката на неговото биро во Овалната соба. Писмото започна со „Почитуван претседателе Трамп“. „Додека се збогувам со оваа света функција, вам и на вашето семејство ви посакувам сѐ најдобро во следните четири години. Американскиот народ – и […]

Путин загубил една третина од севернокорејските војници во Курск


   До средината на јануари, севернокорејската војска во областа Курск загуби околу 4.000 луѓе убиени и ранети, што е една третина од вкупниот број војници на НДРК кои учествуваат во војната против Украина. Ова го објави руската служба на Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци од западните разузнавачки служби. Во борбите кај Курск загинаа најмалку 1.000 […]

Израел и нуди на Украина ракети и оружје запленети од Хезболах


Украинската амбасада во Израел објави дека се водат разговори за пренос на заробеното оружје на Хезболах на украинските сили, со што Израел значително ќе ги поддржи украинските воени напори за прв пат од почетокот на руската агресија. Израел предложи да се пренесе оружјето од руско производство, запленето од израелската војска во Либан на украинските сили. […]

Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Русија ќе се соочи со „високи даноци, тарифи и санкции“ доколку претседателот Владимир Путин не ја оконча војната во Украина. На својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) Трамп денеска објави пост со изрази на „љубов“ кон рускиот народ и спомена дека секогаш имал „добри односи“ со Путин, […]

Санчез: Сопствениците на социјалните мрежи мора да одговараат за труење на општеството


Сопствениците на социјалните мрежи мора да одговараат за „труење на општеството“ и „еродирање на демократијата“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека за време на состанокот на Европскиот совет ќе предложи да се стави крај на анонимноста на социјалните мрежи и нивните алгоритми да се направат потранспарентни. – […]