Шолц го отфрли барањето на Трамп земјите-членки на НАТО да потрошат пет отсто од БДП за одбрана


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го отфрли барањето на идниот американски претседател Доналд Трамп, Германија и другите земји-членки на НАТО да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, јави ДПА. „Пет проценти би биле над 200 милијарди евра (204 милијарди долари) годишно, а федералниот буџет не е ни 500 милијарди […]

Фицо го покани Зеленски на преговори за транзитот на гас низ Украина


Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори за прашања поврзани со транзитот на гас. „Таков состанок ќе создаде добра основа за отворени дискусии за испорака на гас за Словачка и други земји преку украинска територија“, рече Фицо во отвореното писмо до Зеленски. Двете земји се вклучени во жесток […]

Фон дер Лајен се опоравува, ќе се врати во ЕК идната недела


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен добро се опоравува од пневмонијата од која боледуваше и се наоѓа во нејзината куќа во Хановер, информира денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.  Таа соопшти дека Фон дер Лајен уште оваа недела ќе отсуствува од своето работно место во Брисел, поради што побарала со заседанието на […]

Украина нуди 150 пожарникари за да и помогнат на Калифорнија во борбата со шумските пожари


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да и помогне на Калифорнија во борбата со нејзините разорни шумски пожари, нудејќи да испрати 150 украински пожарникари да и помогнат на опустошената држава. „Денеска му наложив на министерот за внатрешни работи на Украина и на нашите дипломати да се подготват за можно учество на нашите […]

Вучиќ: Србија е најдоброто место на Земјата за средба меѓу Трамп и Путин


  Во Србија Доналд Трамп има најголема поддршка во цела Европа, а Путин е се уште многу, многу популарен, рече српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја можната средба на двата светски лидери.   Според Вучиќ,. Белград е заинтересиран да биде место за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.   […]

Данска подготвена да разговара за безбедносните интереси на САД на Арктикот


 Данска разбира дека САД имаат безбедносни интереси на Арктикот и е подготвена да разговара за тоа со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави денеска шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен. Расмунсен на прес-конференција во Ерусалим рече дека Данска е подготвена да ги продолжи разговорите со Трамп, во тесна соработка со Гренланд, со цел […]

Лос Анџелес: „Ова не е добро… Подгответе се за 72 часа пекол“


Бројот на загинати во шумските пожари во Лос Анџелес се искачи на 24, а денеска стигнаа предупредувања за жителите на Лос Анџелес да се подготват за 72 часа пекол. Метеоролозите ги предупредија жителите во евакуационите зони опустошени од пожар дека „опасни по живот“ ветрови со брзина од 70 милји на час (113 км/ч) ќе дуваат […]

ЕК ги отфрли обвинувањата на Цукерберг за цензура на социјалните мрежи


Брисел – Извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен ги отфрли обвинувањата на првиот човек на „Мета“, Марк Цукерберг дека ЕУ се обидува да ги цензурира социјалните мрежи, оценувајќи ги ваквите тврдења како лажни.  – Знаеме дека тоа не е вистина. Во Европа слободата на говорот е една од нашите […]

Зеленски понуди помош на САД во гасењето на пожарите во Лос Анџелес


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека пожарникарите на Украина се подготвени да помогнат во борбата против пожарите во Калифорнија. Тој дал инструкции на украинскиот министер за внатрешни работи да ги подготвни луѓето за заминување во САД. Today, I instructed Ukraine’s Minister of Internal Affairs and our diplomats to prepare for the possible participation of […]

Еве како анектирањето на Канада би ја променило американската политика


Доналд Трамп вели дека Канада треба да стане 51-та држава. Треба да внимава што сака. Не, тоа (веројатно?) не е сериозна идеја, но новоизбраниот претседател продолжува да го трола сојузникот на Соединетите држави на север околу тоа да стане следната држава во унијата. Во понеделникот, откако канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека ќе се повлече […]

Кристерсон: Шведска не е во војна, но нема ниту мир


Стокхолм – Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави денеска дека неговата земја „не е во војна, но нема ниту мир“, мислејќи на хибридните напади и прокси војната што се водат на нејзина територија, пренесоа француските меидуми. -Шведска не е во војна, но не е ниту во мир. Вистинскиот мир е слобода и отсуство на сериозни конфликти […]

Безос верува дека Маск нема да го искористи Трамп за да ја „турка“ својата вселенска програма


Кејп Канаверал – Основачот на Амазон, Џеф Безос, изјави дека не мисли оти извршниот директор на СпејсИкс Илон Маск, ќе ги искористи своите блиски врски со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за да ја поткопа неговата вселенска компанија Блу Ориџин (Blue Origin), додавајќи дека се чувствува „многу оптимист“ за вселенската агенда на претстојната администрација. – […]

Кои се најновите информации за пожарите во Лос Анџелес и што ги предизвика?


Најголемиот од четирите пожари, оној во областа Палисадес сега е проширен на повеќе од 20.000 хектари, иако пожарникарите постигнаа скромен напредок во контролата над огнот, објави Би-Би-Си. Пожарот се движи кон исток, загрозувајќи го ексклузивниот кварт Брентвуд, дом на Гети Центарот, светски познатиот уметнички музеј кој сега е евакуиран. Студентите од блискиот Универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес, […]

Шведска испраќа воени бродови во Балтичкото Море: „Се случуваат чудни работи“


Шведска ќе учествува во операцијата на НАТО за заштита на подморничките кабли во Балтичкото Море, објави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон на прес-конференција за одбрана. Новата членка на НАТО ќе придонесе со три воени бродови и еден надзорен авион во операцијата, рече Кристерсон. НАТО ги засилува своите напори за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море […]

Во Индија утре почнува фестивал на кој се очекуваат 400 милиони посетители


Шестнеделниот фестивал Маха Кумб Мела почнува утре во северниот индиски град Прајаграј, каде се очекува да се соберат повеќе од 400 милиони луѓе. Овој хиндуистички свет фестивал ќе биде најголемиот собир што ќе се одржи на сливот на три свети реки – Ганг, Јамуна и митската, невидлива Сарасвати. Побожните хиндуси веруваат дека капењето во света […]

Во тек е потрага по исчезнати луѓе во пожарите во округот Лос Анџелес


 Според последните податоци, 16 лица загинаа во повеќе пожари кои беснеат околу Лос Анџелес, а најмалку 16 лица се водат како исчезнати, изјави денеска шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна. Тој на прес-конференција рече дека 12 лица се водат како исчезнати во областа на пожарот Итон и четири во пожарот во предградието на Лос […]

Десетици илјади протестираа во Букурешт против поништените претседателски избори


Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Букурешт против минатомесечната одлука на високиот суд да ги поништи претседателските избори на кои прорускиот десничар Калин Георгеску неочекувано освои најмногу гласови. Многу демонстранти во Букурешт свиреа и вееја романски знамиња, додека други вееја транспаренти со пароли како „демократијата не е изборна“ и „сакаме слободни избори“. Многумина повикаа и […]

Тежок напад на Стив Банон против Илон Маск: Тој е „расист“ и „навистина злобен“


  Поранешниот советник на Трамп го осудува прифаќањето на технолошкиот извршен директор на некои форми на имиграција и вети дека ќе го „симнат овој човек“ Во ескалација на несогласувањето меѓу најпознатите екстремно десничарски следбеници на Доналд Трамп, неговиот поранешен советник Стив Бенон го нарече најновиот миленик на Трамп, Илон Маск, „расист“ и „навистина злобен човек“, […]

Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин


Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. – Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави Волц за „Оваа недела“ на Еј-Би-Си. Тој додаде дека „во тел се подготовки“ […]

ОН: Повеќе од милион деца во Газа се соочуваат со криза на менталното здравје


УНИЦЕФ соопшти дека на речиси 1,1 милион деца во Газа им е потребна ментална и психосоцијална поддршка во услови на израелско бомбардирање, раселување и тешки услови за живот. Децата страдаат од кошмари, вознемиреност и стравови поврзани со воздушни напади и губење на членовите на семејството. Многумина стануваат агресивни, се повлекуваат или престануваат да зборуваат, соопшти […]