Словачкиот парламент усвои закон против невладините организации


Словачкиот парламент денеска усвои закон за кој критичарите тврдат дека ќе биде штетен за многу невладини организации. Законот го изготвија членовите на владејачката коалиција, а го одобри владата на популистичкиот премиер Роберт Фицо, кој често напаѓа невладини организации, пренесе Бета. Организаторите на протестот во Братислава против законот тврдат дека нацртот е инспириран од рускиот закон, […]

Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина


Српските власти издале пасоши на десетици Руси поврзани со Кремљ од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, објави денеска порталот за истражувачко новинарство IStories, цитирајќи владини податоци. Вкупно 204 Руси биле натурализирани како српски државјани во периодот од почетокот на 2022 година до април 2025 година, вклучително и многумина со врски со руската одбранбена индустрија […]

Холандија од новиот буџет ќе одвои дополнителни 1,1 милијарда евра за одбраната


Холандската влада ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната за уште 1,1 милијарда евра, напиша лидерот на Народната партија за слобода и демократија (НПСД) Дилан Јешилгоз на „Икс“. НПСД е дел од владејачката коалиција во земјата. Одлуката за дополнителното трошење е донесена по преговорите меѓу лидерите на четирите партии од владејачката коалиција, на кои се разговарало […]

Харвард е „смешка“: Трамп ги засилува нападите врз универзитетот


  Претседателот Доналд Трамп ги засили своите напади врз Универзитетот Харвард и неговите факултети, откако ја одзеде институцијата од федерално финансирање поради нејзиното отфрлање на промените во политиката од неговата администрација. Додека претставниците на Трамп рекоа дека промените во политиката биле насочени кон борба против антисемитизмот, денешните напади на претседателот во голема мера се насочени […]

Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа


Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај во рамки на Системот за брзо предупредување за опасните непрехранбени производи „Безбедносна порта“ за 2024 година, кој покажува дека лани биле регистрирани 4.137 вакви стоки, што е највисока бројка од лансирањето на системот во 2003 година.  При презентацијата на извештајот еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото […]

Северна Кореја заработи од војната во Украина 20 милијарди долари


  Учеството на Северна Кореја во руската војна против Украина веќе ѝ донесе на економијата повеќе од 20 милијарди долари, пишува „Њусвик“, повикувајќи се на извештај на јужнокорејскиот тинк-тенк КИДА. Според пресметките на КИДА, најголемиот дел од приходот доаѓа од испораките на муниција за Русија. Руската армија во Украина стана исклучително зависна од снабдувањето со […]

Врховниот суд на Британија: Концептот за пол е бинарен, личноста е или маж или жена


Врховниот суд на Обединетото Кралство едногласно одлучи дека термините „жена“ и „род“ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат исклучиво на биолошки пол, а не на законски признат пол врз основа на родовиот идентитет, јавува Би-би-си. Пресудата беше донесена во контекст на случајот изнесен пред судот од страна на шкотското здружение For Women […]

Роберт Фицо нема да ја слуша Каја Калас: Ќе одам во Москва за 9 Мај


  Словачкиот премиер Роберт Фицо остро се противи на апелот на Калас во врска со посетата на Москва. Фицо го нарече „непочитување“ и „закана“ апелот на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас до лидерите да не присуствуваат на прославите на Денот на победата во мај во Москва. Оваа порака ја напиша на […]

Доктор во Берлин убил петнаесет пациенти – потпалувал станови за да ги прикрие трагите


Берлинскиот лекар за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, објави во средата берлинското државно правобранителство. „Во моментов претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку 15 пациенти меѓу 2021 и 2024 година“, соопшти берлинското државно правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар […]

САД го тргнаа од црната листа главниот советник на Виктор Орбан


  Соединетите држави ги укинаа санкциите за блискиот соработник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека казнените мерки биле „неконзистентни со интересите на надворешната политика на САД“. Марко Рубио, државниот секретар, во вторникот разговараше со својот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто и го информираше за потегот, рече портпаролката на […]

Рускиот генерал кој отворено го критикуваше Кремљ вратен на фронтот: Новата улога опишана како „смртна казна“


Генералот во руската армија Иван Попов по две години се враќа на фронтот, но во поинаква улога која некои руски медиуми ја опишаа како „смртна казна“. Според Си-ен-ен, по двегодишна суспензија, Попов ќе ја преземе командата со баталјонот поранешни затвореници, кој претрпе големи загуби во претходните три години. Попов пред две години упати гласовна порака […]

Трамп најави можност САД да им понудат пари на мигрантите доброволно да ја напуштат земјата


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави. Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучи одредена финансиска помош и можност за подоцна легален влез во земјата. „Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со […]

Сѐ повеќе Американци сакаат да студираат во Канада поради мерките на Трамп


Се повеќе студенти кои живеат во САД аплицираат на канадските универзитети или изразуваат интерес за студирање во Канада, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги намали федералните средства за универзитетите и да ги укине визите за странските студенти, пишува Гардијан. Универзитетот на Британска Колумбија (UBC) во Ванкувер вели дека бројот на апликации за […]

Италијанскиот претседател Матарела хоспитализиран за имплантација на пејсмејкер, планирана е операција


Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа бил примен во болница на закажана операција за да се вгради пејсмејкер, пренесуваат италијанските медиуми. Матарела е хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“ во Рим поради вградување пејсмејкер, соопштија медицински извори, објаснувајќи дека неговата состојба е добра. Претседателската палата соопшти дека Матарела вчера работел и го примил премиерот на Црна Гора, […]

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. -Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. […]

Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина


 Американскиот претседател Доналд Трамп нареди ревизија на потенцијалните нови царини за сите американски увозни клучни минерали, наведувајќи го „преголемото потпирање“ на Вашингтон на Кина за преработените верзии на минералите. Трамп потпиша налог со кој му се наредува на министерот за трговија Хауард Лутник да покрене истрага за националната безбедност според член 232 од Законот за […]

Администрацијата на Трамп предлага прекин на финансирањето на мировните мисии на ОН


 Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се прекине финансирањето на мировните мисии на ОН, објави Ројтерс, повикувајќи се на внатрешен документ што го видела, јави БТА. Мотивот се проблеми и неуспеси во работењето на мисиите во Мали, Либан и Демократска Република Конго. Вашингтон најмногу придонесува во буџетот на ОН, заедно со Кина, која […]

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за намалување на цените на лековите, со кој и наредува на својата влада да развие низа мерки за намалување на цените на фармацевтските производи во САД, каде што се значително повисоки од оние во странство. Активностите вклучуваат подобрување на процесот на преговарање помеѓу системот на јавното здравствено осигурување и […]

САД ја одбија резолуцијата на Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми


САД одбија поддршка за заедничката резолуција на сојузниците од Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми, при што загинаа 35 лица, јави синоќа агенцијата „Блумберг“. Според извештајот, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ова го образложила со желбата да „се задржи простор за преговори“ со Москва за крај на војната во Украина. Како што наведуваат […]

„Њусвик“: САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд


 САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд, се пресметките на неделникот „Њусвик“ базирани на понудата на Хари Труман од 1946 година, која денеска би вредела околу 1,6 милијарди долари. Труман тогаш на Данска и понудил 100 милиони долари в злато, или 1.6 милијарди долари во денешна противвредност. Дополнително, администрацијата […]