И Џулијан Асанж беше на погребот на папата Франциско


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се појави јавно во саботата, на последното збогување со папата Франциско во Ватикан. Педесет и тригодишниот новинар и активист беше на плоштадот „Свети Петар“ со еден од своите синови. Од 2010 година, Викиликс објавува, меѓу другото, тајни материјали на информаторката Челси Менинг за воените операции на САД во Ирак и […]

Зошто Кралот Чарлс не смееше да присуствува на погребот на папата Франциско


Шефови на држави, највисоки претставници на кралски семејства и црковни достоинственици денес ќе се збогуваат со папата Франциско, заедно со целиот христијански свет. Сепак, на една од највлијателните личности на нашето време ѝ беше забрането да присуствува на погребот. Многумина се прашуваат зошто кралот Чарлс не е во Ватикан, но – сè си има свои […]

Повторно инцидент помеѓу нуклеарните сили


Индиската армија соопшти дека синоќа имаше престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија на фактичката граница помеѓу двете земји во Кашмир. – Неиспровоцирани истрели од лесно оружје од страна на пакистанската армија регистрирани се на повеќе пунктови долж целата конторлна линија во Кашмир. Индиските сили соодветно одговорија, се наведува во соопштението на индиската армија. Во пограничниот […]

Тајмс: Трамп се заканува со повлекување од мировните преговори ако до идната недела нема напредок


Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со напуштање на мировните преговори за Украина доколку идната недела не се постигне договор за Украина, јави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори. Украинскиот претседател Володомир Зеленски моментално е под огромен притисок да го прифати американскиот предлог, наведува изданието. Предлогот, како што е претставен од специјалниот пратеник […]

Зеленски по разговорот со Трамп: „Ви благодарам, ова може да биде историски состанок“


Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски се сретнаа за време на погребната церемонија на папата Франциск во Ватикан и одржаа краток состанок. На почетокот, тој рече дека тоа било добра средба каде што разговарале „еден на еден“. „Се надеваме на резултати во сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен […]

Папата Франциско погребан со приватна церемонија во Санта Марија Маџоре


  Попладнево беше погребан папата Франциско подалеку од јавноста во едноставна гробница на подот на базиликата Санта Марија Маџоре, помеѓу две капели. Само името Franciskus е врежано на надгробната плоча изработена од лигурски мермер. Папата Франциско е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан. […]

Путин: Курск е целосно ослободен


 Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин. Началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов изјави дека поразот на украинските сили во Курската област е целосен. Според него, за време на операцијата во Курск, украинската армија изгубила околу 76.000 војници. Герасимов го призна придонесот […]

Макрон: Средбата со Трамп, Зеленски и Стармер за Украина беше позитивна – Трамп си замина


Претседателите на САД, Доналд Трамп, Володимир Зеленски од Украина, Емануел Макрон од Франција и британскиот премиер Кир Стармер имаа „позитивна“ размена на мислења за Украина, на маргините на последното испраќање на папата Франциск, соопшти Елисејската палата. „Потврдувам дека имаше размена на мислења меѓу претседателот и Трамп, Зеленски и Стармер, што беше позитивно“, рече советникот од […]

Поворката од Ватикан помина преку Тибар и покрај Колосеумот (во живо)


По службата, телото на Франциск, облечено во црвенa одежда и папска митра од дамаск и злато, ќе биде пренесено од Свети Петар во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим за погреб. Колоната ја премина реката Тибар и помина покрај Колосеумот по оваа рута. Папата Франциск ќе биде првиот папа по Лав XIII кој ќе биде […]

Мисата заврши, следува погребот на Франциско во базиликата


Ковчегот на папата Франциск беше попрскан со света вода за последен пат. „Милостољубив Татко, на Твојата милост го доверуваме нашиот папа Франциско, кого го постави за наследник на Петар и пастир на Црквата, бестрашен проповедник на Твоето слово и верен служител на божествените тајни“, рече кардиналот Ре. „Примете го, ве молиме, во вашето небесно живеалиште, […]

Ковчегот со папата Франциско изнесен на плоштадот „Свети Петар“


Точно во 10 часот почна процесијата на погребот на папата Франциско во Ватикан. Пред повеќе изјади присутни, меѓу кои и најважните личности во светот, ковчегот беше пренесен на раце од базиликата „Свети Петар“ на плоштадот. Претходно, како што пренесуваат медиумите, на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија им било дозволено да поминат неколку […]

Антивладини протести во Тунис


 Повеќе од 2.000 луѓе протестираа синоќа во Тунис, барајќи ослободување на уапсениот адвокат и оставка од претседателот Каис Саид. „Народот сака пад на режимот“, скандираа демонстрантите, повторувајќи ги слоганите од 2011 година, кога беше соборен диктаторот Зин ел-Абидин Бен Али по повеќе од 20 години на власт. Тие исто така извикуваа „Твој ред е, диктаторе […]

Стотици илјади верници во Ватикан, папата Франциско на последно „земско патување“ во папамобилот (во живо)


Бројни верници почнаа да пристигнуваат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, од каде што ќе го следат погребот на папата Франциско, кој е закажан за 10 часот наутро. Контролните пунктови во Ватикан се отворија во 5:30 часот наутро, а многу граѓани веќе беа пред портите чекајќи одобрение за влез на плоштадот. „Веќе во 5:30 часот, […]

Погребот на папата можност за прва средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп


Базиликата „Свети Петар“ во Рим денеска ќе се претвори во жариште на меѓународната дипломатија кога светските лидери ќе се собираат во неа за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој во понеделникот почина на 88-годишна возраст.  Како што наведува бриселскиот портал „Еурактив“, на врвот на голем број листи на желби на присутните ќе […]

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби


Вулканската планина Левотоби, лоцирана во индонезиската провинција Источно Мали Сунди денеска еруптираше и исфрли пепел во висина до 3.500 метри, соопшти Агенцијата за вулканологија и ублажување од геолошки катастрофи. Поради густите сиво-црни облаци од пепел на авионите им е забрането да летаат под 5.000 метри во близина на вулканот. Во исто време е издадено и […]

Сите во црно на погребот на Папата Франциск, никој не смее да ги прекрши правилата


Погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи на плоштадот Свети Петар, не е само верски туку и глобален дипломатски настан од највисок ред. Со учество на повеќе од 130 странски делегации и десетина владетелски дворови, Ватикан постави строги правила што ги регулираат не само протоколот на седење, туку и облекувањето на сите присутни – […]

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск


По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим. Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април. Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот […]

Запечатен е ковчегот на папата Францискo, почит му оддале 250.000 луѓе


Ковчегот на папата Францискo е запечатен вечерва за време на литургиската церемонија во базиликата „Свети Петар“, пред неговиот погреб што ќе се одржи утре, додека околу 250.000 верници му оддадоа почит на поглаварот на Римокатоличката црква. Кардиналот Кевин Фарел ја предводеше церемонијата за запечатување на ковчегот на папата Франциск, со што се означи крајот на јавното изложување […]

Силен земјотрес од 6,3 степени го погоди Еквадор


Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), при што се оштетени зградите во градот Есмералдас и привремено е затворен дел […]

ОН: За две недели во Дарфур убиени над 480 цивили


Повеќе од 480 цивили се убиени во изминатите две недели во северниот дел на Дарфур во Судан, соопштија денеска Обединети нации, истакнувајќи оти најверојатно бројот на загинати е многу поголем. Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека е потврдено оти од 10 април загинале најмалку 481 човек во северниот дел на Дарфур. Помеѓу загинатите […]