Голема зимска бура во САД. Откажани 9.000 летови, милиони луѓе под закана на студот


Голема зимска бура им се заканува на Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи откажување на повеќе од 9.000 летови закажани за викендот. Милиони луѓе се под закана, а властите стравуваат од неколкудневни прекини на електричната енергија и блокади на главните патишта, пишува АП. Предупредување за зимска бура е издадено за околу 140 милиони луѓе во областа од …

Голема зимска бура во САД. Откажани 9.000 летови, милиони луѓе под закана на студот Read More »

Момче почина од струен удар откако се обидело да земе електронска цигара која му падната на шините во метро станица во Берлин


Едно момче починало од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА. Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на …

Момче почина од струен удар откако се обидело да земе електронска цигара која му падната на шините во метро станица во Берлин Read More »

Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби, вели украинскиот министер за надворешни работи


Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека цинично наредил напад врз Украина додека украинската, руската и американската делегација биле на мировни преговори во Абу Даби, во кои Вашингтон е посредник. „Овој варварски напад уште еднаш докажува дека местото на Путин не е во Одборот за мир, туку …

Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби, вели украинскиот министер за надворешни работи Read More »

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат


Рускиот напад врз украинските енергетски објекти во текот на ноќта покажува дека договорите за противвоздушната одбрана постигнати со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос оваа недела мора целосно да се спроведат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски и Трамп се сретнаа завчера на маргините на Светскиот економски форум, каде што разговараа за поддршката на воздушната …

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат Read More »

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД


САД ќе останат клучен сојузник на НАТО и партнер на Европа, но како приоритет ќе ја постават одбраната на земјата и одвраќањето на Кина, според новата верзија на Стратегијата за национална одбрана на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која беше објавена доцна синоќа и цитирана од ДПА. Во документот се наведува дека Вашингтон ќе продолжи …

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД Read More »

САД најавија воен самит за безбедноста на западната хемисфера


Највисоки воени претставници од 34 земји ќе се сретнат во февруари за да разговараат за заедничките безбедносни приоритети на западната хемисфера, соопшти американската армија. „Земјите од западната хемисфера делат длабоки историски врски, заеднички вредности и интерес за регионална стабилност што ја поддржува долгорочната безбедност и просперитет на Соединетите Американски Држави и нашето заедничко соседство“, се …

САД најавија воен самит за безбедноста на западната хемисфера Read More »

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило


 НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило, како и да создаде нова одбранбена зона базирана на роботизирани и автоматизирани технологии, објави ДПА. Мерките имаат за цел да го зајакнат ефектот на одвраќање против Русија, изјави бригадниот генерал Томас Ловин за неделното издание на германскиот весник „Велт“. Според новиот, повеќеслоен …

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило Read More »

Белата куќа објави слика на Трамп со пингвин


Белата куќа објави слика на која се гледа американскиот претседател Доналд Трамп како шета низ снегот со пингвин. Сликата прикажува снежен, леден пејзаж со планини во позадина и широка бела рамнина во преден план. Пингвин носи американско знаме, додека знамето на Гренланд може да се види на рид во далечината. Патем, пингвините се природно распространети …

Белата куќа објави слика на Трамп со пингвин Read More »

Нови руски напади врз Украина: Беспилотни летала погодија болница и породилиште во Харков


Два од најголемите градови во Украина беа под руски напади рано наутро во саботата, при што беа повредени две лица во главниот град Киев и 11 во Харков на североисток, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека двете повредени лица во главниот град се во сериозна состојба и се лекуваат во болница. …

Нови руски напади врз Украина: Беспилотни летала погодија болница и породилиште во Харков Read More »

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби


 Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во овој формат за да ги разгледаат за условите за завршување на четиригодишната војна во Украина, бидејќи Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата …

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби Read More »

Минеаполис на нозе: Масовен протест против политиките на ИЦЕ и Трамп


Илјадници демонстранти и покрај големиот студ излегоа за да маршираат низ улиците на Минеаполис и да бараат крај на мерките на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата во нивниот град, дел од пошироката демонстрација на пркос „ICE Out!“. На денот што започна со температури од минус 29 степени Целзиусови, организаторите рекоа дека дури 50.000 луѓе излегоа …

Минеаполис на нозе: Масовен протест против политиките на ИЦЕ и Трамп Read More »

Стармер гневен на „ ужасните“ забелешки на Трамп за трупите на НАТО во Авганистан


  Кир Стармер упати невидена прекор до Доналд Трамп за неговите „навредливи и искрено ужасни“ забелешки за британските и другите трупи на НАТО во Авганистан и предложи тој да се извини. По еден ден зголемен бес низ целиот свет поради тврдењето на американскиот претседател дека британските и трупите на НАТО кои се бореа во Авганистан …

Стармер гневен на „ ужасните“ забелешки на Трамп за трупите на НАТО во Авганистан Read More »

Американците се подготвуваат за „зимска бура на векот“: Температурите би можеле да паднат под -40°C


Соединетите Американски Држави се подготвуваат за она што метеоролозите го предупредуваат како „екстремно опасна“ зимска бура што би можела да погоди голем дел од земјата Се очекува повеќе од 160 милиони Американци да се соочат со невообичаено силна зимска бура, со прогнози за обилни врнежи од снег и замрзнат дожд. ❄️ Historic winter storm will …

Американците се подготвуваат за „зимска бура на векот“: Температурите би можеле да паднат под -40°C Read More »

Принцот Хари по изјавата на Трамп: Изгубив пријатели во Авганистан


Принцот Хари порача дека за жртвите на британските војници кои служеле и загинале во Авганистан мора да се зборува вистинито и со почит, реагирајќи на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сојузниците од НАТО се држеле настрана од првите линии на војната. Самиот Хари служел во Авганистан како член на Воздухопловниот корпус на британската …

Принцот Хари по изјавата на Трамп: Изгубив пријатели во Авганистан Read More »

Сопственикот на барот во Кран-Монтана ослободен со кауција


Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот. Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале. Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право …

Сопственикот на барот во Кран-Монтана ослободен со кауција Read More »

Скандалозен настап на министер на Орбан: „Ромите треба да ги чистат тоалетите во возовите, не Унгарците“


  Унгарската опозиција и здруженијата на Роми во петокот побараа оставка од министерот за транспорт, кој рече дека ромската заедница треба да „ги чисти валканите тоалети“ во возовите затоа што неговата влада не прифаќа баратели на азил. „Ако нема мигранти и некој мора да чисти тоалети во возовите, тогаш мора да ги користиме нашите внатрешни …

Скандалозен настап на министер на Орбан: „Ромите треба да ги чистат тоалетите во возовите, не Унгарците“ Read More »

Луиџи Манџоне пред суд за убиството на директорот на „Јунајтед Хелткеар“


Луиџи Манџоне, обвинет за убиството на главниот извршен директор на здравствената компанија „Јунајтед Хелткеар“, Брајан Томпсон, денеска ќе се појави пред федералниот суд во Менхетен. Судијката Маргарет Гарнет треба да одлучи дали клучните докази во случајот ќе бидат прифатени во понатамошната постапка. Манџоне (27) се соочува со обвиненија за убиство, демнење и незаконско поседување оружје. …

Луиџи Манџоне пред суд за убиството на директорот на „Јунајтед Хелткеар“ Read More »

Мелони и Мерц бараат реформи во „Одборот за мир“ на Трамп и поголема будност за Арктикот


Италијанската премиерка Џорџа Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција во Рим порачаа дека нивните земји се подготвени да се приклучат кон новоформираниот „Одбор за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, но побараа суштински промени во неговиот статут поради уставни пречки. „Одборот за мир“ е ново меѓународно тело под водство на САД, со …

Мелони и Мерц бараат реформи во „Одборот за мир“ на Трамп и поголема будност за Арктикот Read More »

Дански јавен сервис: Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД


Данските трупи распоредени на Гренланд добиле наредба да бидат подготвени за борба во случај на напад од САД врз оваа автономна територија на Данска, јави данскиот јавен сервис ДР. Според ДР, во воената наредба што Данска ја издала минатата недела е наведено дека војниците на Гренланд треба да бидат опремени со боева муниција. Јавниот сервис …

Дански јавен сервис: Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД Read More »

Аргентинскиот претседател во Давос го прогласи „Макијавели за мртов“


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи изјави на Светскиот економски форум во Давос дека „Макијавели е мртов“ и го промовираше пазарот како единствен организатор на општествениот живот. „Стојам пред вас за категорично да кажам дека Макијавели е мртов“, беа првите зборови што ги изговори Хавиер Милеи на Светскиот економски форум во Давос. Нападот на крајно десничарскиот претседател …

Аргентинскиот претседател во Давос го прогласи „Макијавели за мртов“ Read More »