Пронајдени повеќе од 80 нацистички кутии во подрумот на Врховниот суд во Аргентина


Десетици кутии со нацистички документи запленети од аргентинските власти во текот на Втора светска војна неодамна повторно се откриени во подрумот на Врховниот суд на Аргентина. Врховниот суд соопшти дека 83 кутии со документи во јуни 1941 година биле испратени од Амбасадата на Германија во Токио со јапонскиот пароброд „Нан-а-Мару“ во Аргентина. Тогашните аргентински власти […]

Индија и Пакистан најавија директни преговори


Командантите на воените операции на Индија и на Пакистан денеска ќе разговараат за следните чекори откако беше постигнато примирје на границата на двете нуклеарни сили. По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти. Примирјето во Кашмир пред два дена го најави американскиот претседател Доналд Трамп по четиридневните меѓусебни напади, […]

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава


Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година. – Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое […]

Нетанјаху: Израел не се обврза на прекин на огнот, туку само на безбеден коридор за ослободување на заложникот Едaн Александар


Израел не се обврза на прекин на огнот со радикалната палестинска групација „Хамас“ во Појасот Газа, ниту на размена на заложници за Палестинци во израелски затвори, туку само на обезбедување безбеден коридор за ослободување на заложникот со израелско и американско државјанство Едан Александар, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху,. Соопштението на премиерот беше објавено од […]

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина


Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека е неопходен прелиминарен прекин на огнот за да може на 15 мај да се одржи средба на највисоко ниво помеѓу Украина и Русија во Истанбул. Средбата беше предложена од рускиот претседател Владимир Путин, а прифатена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Макрон вчера разговарал со своите германски, […]

Трамп за подарениот авион: Корумпираните демократи сакаат да платиме за авион кој е бесплатен


Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да прифати луксузен авион „Боинг 747-8“ како подарок од Катар за време на своето патување на Блискиот Исток оваа недела, а американски претставници тврдат дека авионот може да се преуреди како претседателски авион. Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, […]

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот


Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош. Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско […]

Трамп ќе потпише указ за намалување на цените на лековите во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе потпише указ за намалување на цените на лековите на рецепт на ниво што го плаќаат и другите високоразвиени земји, што би можело да значи намалување од 30 до 80 проценти. Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“, Трамп изјави дека ќе потпише указ за спроведување на таканареченото […]

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава


Едностраното признавање на палестинска држава ќе го натера Израел да преземе „еднострани мерки“, предупреди израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар по средбата со неговиот германски колега Јохан Вадефул во Ерусалим. – Секој обид за еднострано признавање (…) само ќе ги наруши идните можности за билатерален процес и ќе нѐ принуди на еднострани мерки како […]

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир


Индиските напади на пакистанска територија и на делот од Кашмир под контрола на Пакистан резултираа со ликвидација на над 100 екстремисти, вклучувајќи команданти, изјави денеска командантот на индиските воени операции, генерал-потполковник Раџив Гај. Висок индиски воен претставник соопшти дека вооружените сили погодиле девет објекти, вклучувајќи локации на групата „Лашкар-е-Таиба“, која Индија ја обвинува за терористички […]

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата


Илјадници луѓе денеска протестираа во Париз против зголемената исламофобија во Франција, оддавајќи почит на Абу Бакар Сисе, млад човек од Мали, убиен во џамија во јужна Франција кон крајот на април. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Расизмот почнува со зборови, а завршува како Абу Бакар“ и извикуваа „Не на исламофобијата“. На протестот учествуваа претставници […]

Еј-Би-Си Њуз: Трамп добива златен „Ер Форс Уан“ од Катар, планира да го задржи


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе добие еден од највредните подароци некогаш дадени на американската држава – луксузен авион „Боинг 747-8“, познат како „летечка палата“, кој ќе стане негов нов „Ер Форс Уан“. Според „Еј-Би-Си Њуз“, авионот е подарок од кралското семејство на Катар, а неговата испорака се очекува за време на претстојната посета на […]

Нетанјаху ги пофали „одличните односи“ со Берлин за време на посетата на Вадефул


 Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат откако ја презеде функцијата. За време на средбата со претставници на двете земји во Ерусалим, Нетанјаху изјави дека Израел и Германија имаат „одлични односи“ и дека сакаат да продолжат да ги развиваат. – Имаме многу заеднички интереси, многу заеднички […]

Париз го поддржува барањето за ревизија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел


 Барањето на Холандија за ревизија на договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел е праведно, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Тој повика Европската комисија да го разгледа прашањето, бидејќи хуманитарната помош не стигнува до Газа повеќе од два месеца. Холандската влада, која се смета за еден од најлојалните сојузници на […]

Вонредна состојба во Каталонија поради токсичен облак, повеќе од 150.000 луѓе се ставени во карантин


Опасен токсичен облак се формирал по пожарот во фабриката за хемикалии за базени во Виланова и ла Гелтру, што доведе до тоа шест градови во Каталонија да бидат ставени во карантин во саботата, соопштија шпанските власти. Пожарот избувнал околу 2:20 часот наутро во саботата во компанијата „Клим Вотерпул“, специјализирана за производи за чистење базени. Зградата […]

Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот


Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите за прекин на огнот и траен мир меѓу Русија и Украина, му рекол денеска во телефонски разговор турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот француски колега Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Ердоган.  Тој изјави дека е постигната историска пресвртница на патот кон завршување на војната меѓу Русија […]

Најмалку 21 лице загина во автобуска несреќа


Најмалку 21 патник во автобус што превезувал аџии загинаа, а 24 други беа повредени во недела наутро во централна Шри Ланка, кога возилото паднало во клисура, изјави заменик-министерот за транспорт. „Дваесет и едно лице загина, се обидуваме да ги идентификуваме“, изјави за новинарите Прасана Гунасена, која брзо пристигна на местото на несреќата. „Повредените се префрлени […]

Првиот чекор на Русија кон завршување на војната е прекин на огнот од 12 мај, смета Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како позитивен знак тоа што Русија почнала да размислува за прекин на војната, но нагласи дека првиот чекор кон тоа е прекин на огнот од утре, 12 мај. „Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната. Секој во светот долго време го чекаше ова. […]

Додека Путин нуди мировни преговори, руската армија го напаѓа Киев


Руските сили утрово извршија напад со беспилотни летала врз регионот Киев, предизвикувајќи уништување во два округа во близина на украинската престолнина. Според Украинците, во нападот е повреден 71-годишен маж. Тој претрпел акутна стресна реакција и е во шок. Во извештајот се вели дека пет куќи биле оштетени и во округот Обухив. Нападите се случуваат во […]

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма


Преговарачи од Соединетите Американски Држави и Иран денеска во Оман ќе ја одржат четврта рунда преговори за иранската нуклеарна програма. Се очекува претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, да присуствуваат на разговорите во Мускат. Арагчи вчера изјави дека ако целта на Соединетите Американски Држави е […]