Путин се уплаши, почна да работи на мировен план


Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум за принципи за евентуален мировен договор за завршување на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со својот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен […]

Русија напредува на североисток од Украина


  Русија контролира четири погранични села во североисточниот украински Сумски регион, враќајќи мал дел од територијата што беше ослободена од силите на Киев во 2022 година. „Непријателот ги контролира селата Новенке, Басивка, Веселивка и Журавка во регионот Суми. Жителите на тие села беа евакуирани одамна, така што нема закана за цивилното население таму“, изјави Олех […]

Расистички марш на илјадници Израелци во муслиманскиот кварт на Ерусалим


  Илјадници Израелци се придружија на маршот финансиран од државата низ муслиманскиот кварт на Стариот град во Ерусалим, каде што големи групи извикуваа расистички слогани, вклучувајќи „Газа е наша“, „смрт за Арапите“ и „нека горат нивните села “. Годишниот марш, платен и промовиран од градската власт на Ерусалим, го слави освојувањето и окупацијата на Источен […]

Израелски министер повика на окупација на Газа и обнова на храмот на местото на Ал-Акса


Израелскиот министер за финансии, Бецалел Смотрич, предизвика нова контроверза со повици за окупација и населување на Појасот Газа, како и за обнова на храмот на местото на џамијата Ал-Акса во Ерусалим. За време на т.н. „Марш на знамето“, настан организиран од екстремно десничарски групи, во Стариот град на Ерусалим се собраа израелски политичари и нивни […]

Трамп подготвува силен удар врз Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од постојаните напади на Москва врз Украина и фрустриран од бавниот напредок на мировните преговори, размислува за воведување нови санкции врз Русија уште оваа недела, дознава „Волстрит џурнал“ од извор близок до Белата куќа. Иако не се очекуваат дополнителни санкции против банките, според овие извори, Белата куќа разгледува голем број […]

Макрон со години не разговара со мајка си поради Брижит? Неговиот татко се огласил и ги открил сите детали


  Емануел и Брижит Макрон, претседателот на Франција и неговата сопруга, се најдоа во центарот на вниманието поради шокантното видео на кое се гледа како таа наводно му удира шлаканици на својот сопруг откако пристигнаа во официјална посета на Виетнам. Инцидентот се случил во авионот, по слетувањето, а на камерата биле снимени многу контроверзни детали. […]

Франција пред финансиски колапс до 2027 година, предупредува Државниот ревизорски суд


Франција би можела да се соочи со сериозен недостиг на буџетски средства до 2027 година доколку не се преземат итни мерки за ограничување на јавната потрошувачка, предупреди францускиот Државен ревизорски суд. Во вчерашниот извештај на ревизорите, кој го пренесуваат денеска француските медиуми, како главна причина за зголемениот дефицит се наведуваат широките социјални програми. Само во […]

Цунамито од долгови кон Кина ќе погоди десетици земји низ светот


 Отплатите кон Пекинг ќе достигнат рекордни нивоа во оваа 2025 година. Најсиромашните земји во светот се соочуваат со „плима и бран на долгови“, предупреди австралиски тинк-тенк. Кредитната експанзија на Кина во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“ во 2010-тите финансираше пристаништа, железници, патишта и други инфраструктурни проекти од пустините на Африка до тропскиот Јужен Пацифик. […]

На Русија ќе ѝ требаат речиси 100 години за да направи „тампон зона“ од Украина


Вашингтон- Доколку продолжи со сегашното темпо на офанзива и загуби, на руската армија ќе ѝ бидат потребни 91 година и 50 милиони војници за да создаде „безбедносна зона“ од речиси цела Украина, како што предложи Дмитриј Медведев, заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, објави вашингтонскиот Институт за изучување на војната. Медведев претходно се […]

Путин најави блокада на западните ИТ-компании што сѐ уште работат во Русија


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги блокира услугите на западните информатички компании кои сѐ уште оперираат на нејзина територија, јави ДПА. – Тие мора да бидат ограничени, рече Путин на средба со руски ИТ-претприемачи. Западот сака да ја задуши Русија, затоа мораме да возвратиме, додаде тој. Путин најави и други […]

Путин: Русија беше „принудена“ да ја почне војната


  Владимир Путин уште еднаш се обиде да оправда целосна инвазија на Украина тврдејќи дека Москва била „принудена“ да ја започне војната. Зборувајќи на состанок со руски бизнис лидери, тој ја повтори старата реплика за „крвавиот државен удар“ во Киев, кој, според него, го предизвикал конфликтот, и тврдеше дека новата украинска влада наводно почнала „да […]

Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и маици


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики и маици. Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот […]

(Видео) Ужасен напад во Ливерпул: Маж со автомобил прегази навивачи, луѓето летаа на сите страни


  Парадата на победата на фудбалскиот клуб Ливерпул во Премиер лигата се претвори во хаос во понеделник вечерта откако автомобил удри во пешаци во центарот на градот, оставајќи многу повредени. Педесет и тригодишен бел Британец беше уапсен на местото на судирот на улицата Вотер во срцето на градот, на неколку метри од и Градското собрание […]

Што досега се знае за преговорите Брисел – Вашингтон за царините и спречувањето трговска војна


Пред Доналд Трамп да се повлече од својата последна закана за високи царини против Европската унија, американскиот претседател ги оправда со образложение дека разговорите со блокот „не водат никаде“. Сега, со царини од 50 проценти што се ставени на чекање – и рокот за преговори на 9 јули е вратен по повикот на Трамп со […]

Трамп сака да му одземе 3 милијарди долари на Харвард и да ги пренасочи кон занаетчиските школи


Вашингтон- Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ја разгледува можноста за одземање на 3 милијарди долари федерални грантови од Универзитетот Харвард и пренасочување на тие средства кон стручните училишта низ САД. Наведувајќи дека престижниот универзитет треба да „плати цена“ за, како што тврди, своето одбивање да се усогласи со националните интереси. Трамп на својата […]

Салман Ружди е задоволен што неговиот напаѓач доби максимална затворска казна


Лондон– Англо-индискиот романописец и есеист Салман Ружди изјави дека е задоволен што човекот кој се обиде да го убие со нож во 2022 година ја доби максималната можна затворска казна. Хади Матар (27) беше осуден на 25 години затвор претходно овој месец за обид за убиство откако повеќе пати го избоде Ружди на сцената во […]

Пет скијачи пронајдени мртви во планините близу луксузно одморалиште во Швајцарија


Tелата на петмина скијачи се пронајдени во планините близу швајцарското луксузно одморалиште Цермат. Хеликоптер бил испратен да ја прегледа областа околу врвот Римпфишхорн откако планинари ги известиле властите за напуштени скии близу врвот во саботата, пренесува Гардијан. „Телата на пет лица беа брзо пронајдени“, соопшти швајцарската полиција, додавајќи дека е отворена истрага и дека се […]

Хамас се согласи со американскиот предлог за прекин на огнот во Газа


  Хамас се согласи со предлогот што го изнесоа САД за прекин на огнот во Газа во понеделникот, изјави за Ројтерс палестински функционер близок до групата. Според извештајот, новиот предлог, поднесен од американскиот специјален претставник Стив Виткоф, предвидува ослободување на десет израелски заложници во две групи, во замена за 70-дневен прекин на огнот и делумно […]

Во Австрија голем број училишта примиле лажни закани за поставена бомба


 Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија денеска добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка. Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција. Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки. Закани за поставени бомби во […]

Трамп ги избрка од Харвард, Кина ги кани студентите на нејзините универзитети


Кина ги кани странските студенти со „безусловни понуди“ откако Трамп им забрани да студираат на Харвард. Одлуката на Трамп, која федерален судија во петокот привремено ја блокираше и закажа рочиште за 29 мај, значи крај на студиите на Харвард и за околу 1.300 кинески студенти, кои сочинуваат околу една петтина од вкупниот број на меѓународни […]