Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Израел и Иран итно да ги деескалираат тензиите, пренесе ДПА. – Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладаат, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Сепак, и покрај […]

Иран возврати со балистички ракети, експлозии се слушаат во Тел Авив


Одмаздничките напади на Иран ги потресоа зградите во Израел, според јавувањата на светските агенции Иран истреал „стотици различни балистички ракети“ кон Израел, во она што Техеран го нарече почеток на својот „разорен одговор“ на израелските напади во петокот наутро, според официјалната новинска агенција на Иран, ИРНА. Ефикасноста на израелската „Железна купола“ во спречувањето на некои […]

ОН Конференцијата во Ница постигна напредок за заштита на 30 отсто од океаните


Борбата против пластичниот отпад, климатските промени и прекумерниот риболов беа меѓу клучните теми на кои дискутираа претставници од 170 земји на третата Конференција на ОН за океаните, одржана неделава во францускиот град Ница, јави ДПА. Иако конечниот документ, кој се очекува подоцна денеска, веројатно нема да ги исполни очекувањата на екологистите, конференцијата постигна значителен напредок […]

Трамп треба да и плати на Керол пет милиони долари поради сексуален напад и навреда


Американскиот Апелациски суд денеска ја потврди пресудата од 30 декември минатата година дека претседателот Доналд Трамп треба да и исплати пет милиони долари на поранешната колумнистка Елизабет Џин Керол. Керол (81) го обвини Трамп дека ја сексуално ја нападнал во 1996 година, а во октомври 2022 година ја навредил во објава на социјалната мрежа „Трут […]

Седум мажи прогласени за виновни за злоупотреба на малолетни девојчиња во Велика Британија


Седум мажи се прогласени за виновни за сексуално злоупотребување на две малолетни девојчиња во британскиот град Рочдејл, објави Скај њуз. Тие биле користени како робови за време на злоупотребата, која траела со години, се вели во пресудата. На судењето, кое се одржа во Крунскиот суд во Манчестер, поротата слушаше докази 72 дена во врска со […]

Израел ги затвора амбасадите и конзулатите низ целиот свет на неопределено


Израел ги затвора амбасадите низ целиот свет и ги повикува своите граѓани да бидат внимателни и да не прикажуваат израелски или еврејски симболи на јавни места, се вели во соопштението објавено на официјалните веб-страници на амбасадите. По нападот на Израел врз Иран, амбасадите објавија дека нема да обезбедуваат конзуларни услуги и ги повикаа граѓаните да […]

Шпанскиот премиер Педро Санчез се извини за корупцијата во неговата партија


  Шпанскиот премиер Педро Санчез се извини за корупциските скандали во рамките на неговата Социјалистичка партија во четвртокот, неколку часа откако еден водечки член на неговата политичка организација беше вмешан во скандал со мито. „Се појавувам тука за да им се извинам на граѓаните и поддржувачите на Шпанската социјалистичка работничка партија“, рече Санчез на телевизиска […]

Израел ги сокри патнички авиони на тајна локација надвор од земјата


Израелските виокомпании „Ел Ал“, „Аркија“ и „Израел“ ги преместија своите авиони надвор од земјата на непозната локација како подготовка за евентуален ирански напад врз аеродромот „Бен Гурион“, јавува дописникот на „Скај њуз“ од Блискиот Исток. Авионите беа транспортирани без патници, како дел од однапред подготвените безбедносни протоколи во случај на понатамошна ескалација и напади врз […]

Демократски сенатор врзан со лисици додека ѝ поставуваше прашања на американска министерка


  Демократите го критикуваа насилното отстранување на ериканскиот сенатор кој постави прашање за имиграциската акција на Доналд Трамп на прес-конференција како „насилно“, „ужасно“ и „зачудувачка злоупотреба на моќ“. Службеници на Тајната служба и ФБИ го зграпчија и го турнаа на земја демократскиот сенатор Алекс Падиља пред да му стават лисици откако се појави и постави […]

Мосад изградил база за дронови среде Иран од каде нападна


  Израел потроши години подготвувајќи се за операцијата против нуклеарните и ракетните програми на Иран, која беше започната рано наутро во петокот, изјави безбедносен функционер за „Тајмс оф Израел“, вклучувајќи изградба на база за беспилотни летала во Иран и шверцување на прецизни системи за оружје и командоси во земјата. Во операцијата повеќе од 200 авиони […]

Како и зошто Израел го нападна Иран. И може ли тоа да значи поголема војна


  Израел започна напад врз Иран насочен кон „десетици“ цели, вклучувајќи ги неговите нуклеарни постројки, воени команданти и научници, тврдејќи дека презел еднострана акција затоа што Техеран почнал да гради нуклеарни боеви глави. Додека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се закани со „строга казна“ против Израел, израелската војска во петокот наутро соопшти дека Иран […]

Израел ги уби шефот на Револуционерната гарда и началникот на генералштабот на Иран


  Иранската државна телевизија потврди дека шефот на паравоената Револуционерна гарда е убиен во израелските напади во петокот наутро. Генералот Хосеин Салами дојде на функцијата пред шест години и имаше историја на заканување кон САД и Израел, објави Асошиетед прес. Иранската Револуционерна гарда е создадена по Исламската револуција во 1979 година. Од нејзиното основање, таа […]

Британецот „нема поим“ како го преживеал падот на авионот во Индија


  Британец е единствениот преживеан од летот на „Ер Индија“ за Лондон со 242 патници, кој се урна кратко по полетувањето во северозападниот индиски град Ахмедабад. Вишваш Кумар Рамеш, кој се наоѓал на седиштето 11А од летот, рекол дека авионот се урнал речиси веднаш по полетувањето. Се верува дека неговиот брат бил на истиот лет. […]

Маск би можел да го изгуби проектот „Златна купола“ по кавгата со Трамп


Улогата на Илон Маск во новиот американски систем за ракетна одбрана е доведена во прашање по расправијата минатата недела помеѓу милијардерот претприемач и американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Ројтерс три лица запознаени со проектот. Белата куќа до неодамна разгледуваше план за „Спејс Екс“, ракетниот и сателитскиот потфат на Маск, да соработува со производителот на […]

Израелците масовно купуваат храна и вода, се подготвуват за иранска одмазда


Репортерот на Би-би-си од Ерусалим известува дека Израелците почнале масовно да купуваат храна и вода, а полиците во супермаркетите брзо се празни пред очекуваниот ирански одговор. Поголемиот дел од земјата се разбудил околу 3 часот наутро кога се огласиле сирени и бил испратен телефонски аларм со предупредување за „значајна закана“, а на граѓаните им било […]

Истрагата за падот на кобниот „Боинг“ се врти околу една техникалија


  Спасувачките тимови бараа исчезнати лица и делови од авион во изгорените згради на студентскиот дом на медицинскиот колеџ во Ахмедабад во неделата, откако авион на Air India се урна во кој загинаа повеќе од 240 луѓе во најлошата воздушна катастрофа во светот во последната деценија. Авионот Boeing 787-8 Dreamliner со 242 лица на лет […]

Анализа: Иран ќе му возврати на Израел со сè што има


Ова е од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но и го очекуваа. Како што анализира Скај њуз, клучното прашање сега станува: што следи? Израел долго време ги сметаше нуклеарните амбиции на Иран за егзистенцијална закана, без оглед на тврдењата на Техеран дека станува збор за исклучиво мирна програма. Иранските лидери постојано […]

Откажани летови низ Блискиот Исток


Летовите низ Блискиот Исток се откажани или одложени, а патниците во Ирак, Јордан, Либан, Иран и Дубаи се соочуваат со прекини. Авиокомпаниите денеска ги откажуваат и летовите до и од Израел поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по нападите на Израел врз Иран. Израелската авиокомпанија „Ел Ал“ ги откажа сите свои закажани летови до […]

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека ненадејниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“ и дека операцијата ќе трае со денови. „Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Натрупуваме достигнувања. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни“, рече тој […]

Трамп се надева дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападот на Израел


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека земјата ќе се врати на преговарачката маса. „Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговарачката маса. Ќе видиме. Има неколку луѓе во раководството кои […]