Иранска ракета погоди болница во јужен Израел


  Иран испали бараж од околу 30 балистички ракети рано утрово во четврток, предизвикувајќи директен удар врз главната јужна болница во Израел, Медицинскиот центар „Сорока“, а имаше уште два удари во централните градови Холон и Рамат Ган. Повредени се десетици луѓе, вклучувајќи шест во сериозна состојба. Службата за итни случаи соопшти дека еден маж, 80, […]

Трошоците за Самитот на НАТО во Хаг ќе изнесуваат милион евра по минута


Самитот на НАТО идната недела во Хаг е најскапиот досега и проценетите трошоци изнесуваат 183,4 милиони евра. Врз основа на времето во кое светските лидери ќе се сретнат, според холандскиот весник „AД“ трошоците за самитот ќе изнесуваат нешто повеќе од милион евра по минута. Светските лидери ќе одржат формален „Северноатлантски совет на ниво на шефови […]

Израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран нема да предизвикаат нов Чернобил


Нападите врз иранските постројки за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на проценки од нуклеарни експерти. Според Би-Би-Си, целите биле постројки за збогатување ураниум, а не активни реактори каде што се случува нуклеарна фисија. Токму поради ова, опасноста од […]

Би-би-си: Иран за прв пат му нанесе сериозна штета на Израел


Како што објавува Би-Би-Си, бранот напади од утрово покажува дека Иран, и покрај израелските напади, сè уште има способност да лансира ракети што ја пробиваат воздушната одбрана и предизвикуваат штета во Израел. Ова е првата епизода од овој конфликт во која иранските напади доведоа до значителни последици на терен, откако претходните ракети беа претежно пресретнати […]

Експлодира ракета на Елон Маск – околните објекти претрпеа штета (видео)


Ракетата „Старшип 36“ на „Спејс Екс“ експлодираше за време на тест за статичко палење во Бока Чика, Тексас, предизвикувајќи драматичен пожар и густ чад што се издига високо на ноќното небо. Инцидентот се случи, околу 23 часот по локално време, за време на рутинска постапка пред лансирање. Виралната снимка го покажува моментот кога врвот на […]

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив и утринава


Рано утрово, серија гласни експлозии се слушнаа во областите на Ерусалим и Тел Авив, пренесуваат медиумите. Израелската армија претходно предупреди за нови ракетни напади што доаѓаат од Иран, што предизвика тревога во многу делови од Израел. Експлозиите, слушнати околу 7:10 часот наутро по локално време, биле најмоќните во Ерусалим од почетокот на војната, предизвикани од […]

Волстрит џурнал: Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од објавување наредба


Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но чека да види дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма пред да даде каква било наредба за напад, објави „Волстрит џурнал“. Трамп вчера ги информирал своите високи помошници дека ги одобрил плановите, се вели во извештајот на весникот кој цитира „луѓе запознати […]

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море


 Уште еден американски носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ следната недела треба да биде распореден во Европа, во близина на Блиски Исток, објавија американските медиуми повикувајќи се на неименуван извор. Се претпоставува дека носачот на авиони „УСС Форд“ ќе биде прераспореден во источниот дел на Средоземно Море. Пред два дена американскиот брод носач на […]

Иран испали нова серија ракети кон Израел, сирени се огласија во Тел Авив, Ерусалим и други градови


Сирени за тревога се огласија во неколку градови во централен Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Холон и Петах Тиква, откако израелската војска (ИДФ) соопшти дека ракети биле испукани од Иран кон израелска територија. „Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области низ Израел откако беше идентификувано дека ракетите биле испукани од Иран“, соопшти ИДФ. […]

Амбасадата на САД подготвува план за евакуација на Американците од Израел


Американскиот амбасадор во Ерусалим, Мајк Хакаби на платформата Икс објави дека Амбасадата на САД подготвува план за евакуација на американските граѓани од Израел. Тој наведе дека американските граѓани, кои ќе сакаат да заминат од Израел поради тековниот конфликт со Иран, ќе бидат евакуирани со авиони и бродови.

„Јастребите“ во Кремљ бараат од Путин да прогласи нова мобилизација


  „Јастребите“ меѓу највисоките руски функционери го зголемуваат притисокот врз претседателот Владимир Путин остро да одговори на нападите на Украина врз руските стратешки воздухопловни бази, објавува британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. „Воената партија“ го повикува Путин официјално да ѝ објави војна на Украина и да спроведе нова масовна мобилизација во која […]

Иранскиот лидер го отфрли повикот на Трамп да се предаде


  Врховниот лидер на Иран во средата ги отфрли повиците на САД за предавање пред жестоките израелски напади и предупреди дека секое воено вклучување на Американците ќе им предизвика „непоправлива штета“, во снимено видео емитувано од државната телевизија. Ова беше второ јавно појавување на ајатолахот Али Хамнеи откако започнаа нападите, а дојде еден ден откако […]

Евакуирани речиси 70.000 луѓе – големи поплави во кинеската покраина Гунагдонг (видео)


Повеќе од 180.000 луѓе се погодени од силни поплави во округот Хуаиџи, градот Жаоќинг, во јужната кинеска покраина Гуангдонг, по обилните дождови од саботата, соопштија локалните власти. Flood in Guangdong province pic.twitter.com/cXq7qGagp9 — @ (@anthraxxxx) June 18, 2025 Врнежите од дожд беа предизвикани од комбинација од тајфунот Вутип – првиот тајфун во годината – монсунски […]

Персоналот алармира дека Лувр се распаѓа поради масовниот туризам


Париз – Лувр, најпосетуваниот музеј во светот и глобален симбол на уметност, убавина и издржливост, издржа војна, терор и пандемија – но во понеделник, беше затворен од сопствениот штрајкувачки персонал, кој вели дека институцијата се распаѓа под тежината на масовниот туризам. Тоа беше речиси незамислива глетка: дом на делата на Леонардо да Винчи и милениуми […]

Кој е ајатолахот Али Хамнеи и зошто Израел сака да го ликвидира?


Деновиве, се појавија информации дека Израел планирал да го убие врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, но американската администрација наводно интервенирала за да го спречи потегот. Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп се закани на социјалните мрежи со зборовите: „Знаеме точно каде се крие таканаречениот „Врховен лидер“. Кој е Хамнеи? Али Хамнеи е […]

(Видео) Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали атомска бомба


Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“ додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува раководството на Иран. Видеото е објавено на социјалната мрежа X од страна на Иранската арапска новинска агенција. ربما..Maybe pic.twitter.com/tB02PrPbp1 — إيران بالعربية (@iraninarabic_ir) […]

Новинар: Би поддржале ли напад на САД врз Иран? Демократски сенатор: По ѓаволите, да!


СЕенаторот Џон Фетерман, демократ од Пенсилванија, рече дека би поддржал превентивен напад врз Иран за уништување на неговите нуклеарни капацитети. Кога новинарите го прашаа дали би поддржал директно вклучување на САД во војна меѓу Израел и Иран, тој одговори: „Велам „по ѓаволите да“ речиси шест недели“. Тој ја потврди својата загриженост дека Иран би можел […]

Бројот на жртви во воздушните напади во Киев се искачи на 21, соопшти Украина


Бројот на жртви од масовниот руски напад врз Киев во понеделникот се искачи на 21, соопштија службите за итни случаи. -Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени, напишаа службите за итни случаи на Телеграм. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа бил „еден од најстрашните напади“ на Русија врз Киев откако […]

Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион


Тел Авив– Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, објавија медиумите од Блискиот Исток. Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на појдовни летови, бидејќи расте стравот од […]

Австралија за прв пат воведува санкции врз руската „флота во сенка“


Канбера – Австралија за прв пат воведе санкции врз 60 бродови од руската флота во сенка, соопшти австралиската влада. Австралија веќе воведе неколку други пакети санкции врз Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина. Санкции против руската флота во сенка веќе воведоа ЕУ, Велика Британија и Канада.