Кина ѝ кажала на ЕУ дека не можела да прифати Русија да ја загуби против Украина


  Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му рече на највисокиот дипломат на Европската унија дека Пекинг не може да прифати Русија да ја изгуби војната против Украина, бидејќи тоа би можело да им овозможи на САД целосно да го свртат своето внимание кон Кина, рече функционер информиран за разговорите, што е спротивно на […]

Голем дел од Чешка без струја поради дефект, метрото во Прага запре


Прага – Метрото во чешката престолнина Прага денеска беше привремено запрено, а пожарникарите спасуваа луѓе заглавени во лифтови откако прекинот на електричната енергија предизвикан од уривање на далноводот го зафати поголемиот дел од земјата. Операторот на чешката мрежа на платформата Икс соопшти дека прекинот траел неколку часа и дека влијаел на осум од 44 дистрибутивни трафостаници […]

Деветти пат од почетокот на војната нуклеарната централа Запорожје остана без струја и работи на дизел генератори


Сите надворешни далекуводи што ја напојуваат со струја украинската нуклеарна електрана Запорожје се прекинати, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Украинската нуклеарна централа во Запорожје целосно остана без надворешно електрично напојување денеска во 17:36 часот. Ова е деветти пат од почетокот на воениот конфликт и првпат од крајот на 2023 година“, објави МААЕ […]

Мерц со Трамп разговарал за купување „Патриот“ системи за Украина


Германскиот канцелар Фридрих Мерц имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата Германија да купи американски системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, потврди денеска портпарол на германската Влада. Разговорот, инициран од Мерц, бил насочен кон поттикнување нови испораки на оружје за Украина, особено системите „Патриот“, откако Пентагон ја прекина испораката на одредени […]

Сирија е подготвена да соработува со САД за враќање на Договорот за безбедност со Израел


Сириските власти денеска соопштија дека се подготвени да соработуваат со САД за враќање на Договорот за безбедност од 1974 година со Израел. Откако во декември минатата година беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад и власта ја презеде исламистичка коалиција, Израел изврши стотици напади рз Сирија и распореди војници во демилитаризираната тампон-зона на Голанска Висорамнина, […]

Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. .„Разговаравме за можностите за воздушна одбрана и се договоривме да работиме заедно за да ја зајакнеме заштитата на нашето небо”, напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп. Тој додаде […]

Уште еден руски директор паднал од прозорец. Тој беше втор човек на државната нафтена компанија


  Андреј Бадалов, потпретседател на „Транснефт“, руската државна компанија за транспорт на нафта, почина откако наводно паднал од прозорец во својот стан во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија руските државни медиуми во петокот. „Транснефт“ потврди дека Бадалов починал на 62-годишна возраст, но не коментираше за околностите на неговата смрт, објави „Москва тајмс“. Компанијата соопшти дека […]

Финска се повлекува од Меѓународната конвенција за забрана на противпешадиски мини


Претседателот на Финска, Александар Стуб денеска потпиша повлекување на Финска од Меѓународната конвенција од Отава за забрана на противпешадиски мини. – Финска се соочува со непосредна воена закана, но и промените во оперативното опкружување бараат од нас да ја зајакнеме нашата одбрана. Финска има 1.340 километри граница со Русија, а видовме како Русија води војна, […]

Голем прекин на струја во Прага и неколку поголеми градови во Чешка


Денеска дојде до прекин на електрична енергија во Прага и во северните и источните делови на Чешка. Целиот источен брег на реката Влтава остана без струја, а по еден ќас прекин метрото и неколку трамвајски линии повторно проработија, соопшти заменик-градоначалникот на Прага, Зденек Хржиб. Аеродромот „Вацлав Хавел“ функционира нормално, изјави неговата претставничка Дениса Хејтманкова. Во […]

Вашингтон во ерата Вотергејт беше помалку токсичен од сега


Вашингтон е град во криза. Физички, емоционално, психолошки и духовно. Како миризливиот воздух да е проткаен со невидлив отров, како тивко да се задушуваме со јаглерод моноксид. Емоцијата што е присутна насекаде околу нас – опиплива на улиците, во продавниците, рестораните, во деловните канцеларии, на масите за вечера – е страв. Луѓето преминаа од поздравување […]

Русија прва во светот го призна режимот на талибанците во Авганистан


  Русија официјално го призна Исламскиот Емират на Авганистан, државен ентитет контролиран од движењето Талибан. Ова е наведено во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. Како што е наведено во одделот, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко ги прифатил копии од акредитивните писма од новиот авганистански амбасадор во Москва, Ѓул Хасан. Според рускиот амбасадор […]

Русија ја зголемува употребата на хемиско оружје во Украина


 Русија ја зголемува употребата на хемиско оружје во Украина, според наодите од Германската федерална разузнавачка служба (БНД) и две холандски разузнавачки агенции, јави ДПА. -Употребата на солзавец и хлоропикрин од страна на руските трупи сега стана стандардна практика и е широко распространета, соопшти БНД заедно со Холандската воена разузнавачка и безбедносна служба (МИВД) и Холандската […]

Прв Самит ЕУ-Молдавија


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Кишињев каде учествуваат на првиот Самит ЕУ-Молдавија, кој, според очекувањата на молдавските власти, треба да ги подигне меѓусебните односи на сосема ново ниво и „да ја признае стратешката важност“ на земјата за Унијата.  Главни теми на Самитот […]

Огромна експлозија на бензинска пумпа во Рим, неколку повредени (видео)


Неколку лица се повредени, вклучувајќи тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во источен Рим, според извештаите на локалните медиуми. Огромната експлозија се случила на бензинска пумпа која дистрибуира бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани, и се слушнала низ целиот италијански главен град. Според првичните информации, несреќата се […]

Странците ќе плаќаат поскапо за влез во националните паркови на САД


Претседателот Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која влезниците во националните паркови во Соединетите Држави ќе бидат поскапи за странските туристи. За оние со американско државјанство, таксите ќе останат исти, им рече Трамп на поддржувачите во Ајова, поврзувајќи ја својата политика со еден од неговите добро познати слогани: „Америка на прво место“. Уредбата, исто […]

Трамп „многу разочаран од Путин“, денес ќе разговара со Зеленски


Американскиот претседател Доналд Трамп утрово изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со Владимир Путин бидејќи рускиот претседател не изгледа дека сака да ја запре војната во Украина и додаде дека денес ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обидите на САД дипломатски да ја завршат војната на Русија во Украина во голема мера дојдоа […]

Данска почнува постапка за одземање на правото на глас на Унгарија во рамките на Европската Унија


Данска сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на блокот, вклучително и лансирање на таканаречените нуклеарни опции од Член 7 против Будимпешта, пишува Политико. „Сè уште сме сведоци на кршење на основните вредности. Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7 и сослушувањето за Унгарија“, изјави […]

Украинско воздухопловство: Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина


Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, соопштија денеска украинските воздухопловни сили. Украинската војска соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле вкупно 270 руски дронови во текот на ноќта. Други 208 руски дронови биле или пренасочени со електронско војување или биле симулатори на дронови […]

Претставничкиот дом на САД го усвои законот на Трамп за нови даночни олеснувања за богатите


Вашингтон– Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против. Двајца републиканци им се придружија на демократите во противењето на предлог-законот. Трамп постави краен рок […]

Неколку лица избодени со нож во трговски центар во Финска


Неколку лица беа избодени со нож во близина на трговски центар во финскиот град Тампере во четврток, соопшти полицијата.   Полицијата во соопштението соопшти дека уапсила едно лице и дека инцидентот повеќе не претставува закана за другите. Повредените добиваат прва помош, соопшти полицијата. Тие не дадоа детали за степенот на повредите или сторителот.   Полицијата […]