Авионот со кој Марко Рубио патувал за Европа се вратил во САД поради дефект


Вашингтон – Авионот со американскиот државен секретар Марко Рубио патуваше од Вашингтон за Минхен се вратил во САД поради техничка неисправност, јавија американските медиуми. Рубио ќе го продолжи своето патување во Германија и на Блискиот Исток со друг авион, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. 

Бројот на повредени во нападот во Минхен се искачи на 30


Минхенската полиција соопшти дека бројот на повредени во денешниот напад во главниот град на Баварија се искачи на 30 лица, јави ДПА. Утрово маж удри во група луѓе на плоштадот Штигелмаер во Минхен. Наводно, осомничениот е 24-годишен маж од Авганистан. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека авганистанскиот возач кој удри со својот …

Бројот на повредени во нападот во Минхен се искачи на 30 Read More »

Трамп: Русија треба да се врати во Г7. Сакале или не, тоа е Г8


 Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека би бил среќен доколку Русија се врати во Г7. Според него, исфрлањето на Москва од Групацијата било грешка, пренесоа агенциите. -Би сакал да се вратат. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, тука не се работи за сакање или несакање на Русија…Мислам дека и Путин би бил среќен да …

Трамп: Русија треба да се врати во Г7. Сакале или не, тоа е Г8 Read More »

Трамп потпиша план за реципрочни тарифи што ќе поттикне глобална трговска војна


  Претседателот Доналд Трамп во четвртокот го претстави својот план за зголемување на американските тарифи за да се совпадне со даночните стапки што другите земји ги наплаќаат на увозот, што веројатно ќе предизвика поширока економска конфронтација со сојузниците и со ривалите, бидејќи се надева дека ќе ги елиминира сите трговски нерамнотежи. „Одлучив заради правичност дека …

Трамп потпиша план за реципрочни тарифи што ќе поттикне глобална трговска војна Read More »

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство


Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот. Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич …

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство Read More »

Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија и бара нови избори


Европскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се отфрли легитимноста на „самопрогласените власти на Грузија“ и повика на нови парламентарни избори, јави ДПА. Резолуцијата ги критикуваше „наместените“ избори во Грузија на 26 октомври, наведувајќи значајни нерегуларности како што се заплашување гласачи, манипулација со гласовите и мешање со изборните набљудувачи и медиумите. Партијата …

Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија и бара нови избори Read More »

Зеленски не го потпишал договорот за минералите што ги сака Трамп


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, очекуваше лична средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но наместо тоа во Киев пристигна американскиот министер за финансии Скот Бесент. Според Си-Ен-Ен, Бесент му понудил финансиски договор околу минералите во вредност од 500 милијарди долари што ги сака Трамп, но Зеленски  не го потпишал. Додека Бесент беше во главниот град …

Зеленски не го потпишал договорот за минералите што ги сака Трамп Read More »

Украина нема да прифати мировен договор меѓу САД и Русија без учество на Киев


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да прифати мировен договор меѓу САД и Русија без учество на Киев. „Како независна земја едноставно не можеме да прифатиме никакви договори без нас. И ова многу јасно им го артикулирам на нашите партнери. Нема да прифатиме никакви билатерални преговори за Украина без нас“, рече Зеленски …

Украина нема да прифати мировен договор меѓу САД и Русија без учество на Киев Read More »

Путин постигна голема победа, но не на бојното поле


  За претседателот Владимир Путин, еден телефонски повик означи пресвртница голема како и секоја битка во неговата тригодишна војна. Во долгиот разговор во средата, претседателот Трамп му испрати порака на Путин во која се опфатени голем дел од тоа како рускиот лидер го гледа денешниот свет: дека Русија и САД се две големи држави кои …

Путин постигна голема победа, но не на бојното поле Read More »

Уште еден напад со автомобил во Германија, во Минхен – 12 повредени


  Германската полиција во четвртокот соопшти дека најмалку 28 лица се повредени кога автомобил влетал во толпа во Минхен во, како што го нарекоа официјалните лица „сомнителен напад“. Инцидентот се случи ден пред почетокот на големата безбедносна конференција на која присуствуваа светските лидери. Автомобилот управуван од 24-годишен Авганистанец удрил во пешаци околу 10,30 часот во …

Уште еден напад со автомобил во Германија, во Минхен – 12 повредени Read More »

Разговорот на Трамп со Путин е како „концерт на моќните од 19. век“, вели полскиот министер за Европа


  Очигледно е дека за Украина, САД и Европа целта е мирот. Само мирот мора да биде праведен и траен – рече Адам Шлапка, министер за европски прашања на Полска во разговорот за телевизијата ТВН24. Тој оцени дека разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин бил „сигнал што може да предизвика …

Разговорот на Трамп со Путин е како „концерт на моќните од 19. век“, вели полскиот министер за Европа Read More »

Карл Билт го спореди разговорот на Трамп со Путин со Минхенскиот договор од 1938


  Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, го оцени телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери и изјавите на тимот на Трамп за неспособноста на Украина да ги врати териториите кои Русија ги зазеде со договорот од Минхен со Хитлер во 1938 година. „Ова е, се разбира, иновативен пристап кон …

Карл Билт го спореди разговорот на Трамп со Путин со Минхенскиот договор од 1938 Read More »

Фицо политички се изолира самиот, вели коалицискиот партнер во отворено писмо


  Андреј Данко, лидер на словачката тврдодесничарска владејачка партија СНС, упати отворено писмо до неговиот коалициски партнер, премиерот Роберт Фицо (Смер), обвинувајќи го за непочитување на своите партнери и политичка изолација по обидот за атентат против него. Писмото на Данко дојде како одговор на изјавата на Фицо во вторникот вечерта, во која тој рече дека …

Фицо политички се изолира самиот, вели коалицискиот партнер во отворено писмо Read More »

Њујорк тајмс: Стејт департментот планира да купи Сајбертрак блиндирани возила на Tесла за 400 милиони долари


Тесла, чиј главен извршен директор, Илон Маск, го советува претседателот Доналд Трамп како да ги намали владините трошоци, најверојатно ќе добие профитабилен договор со Стејт департментот за снабдување со блиндирани верзии на Сајбертрак (Cybertruck), објави Њујорк тајмс, нагласувајќи дека тоа е наведено во јавните документи. Прогнозата за набавка на одделот за 2025 година, која ги …

Њујорк тајмс: Стејт департментот планира да купи Сајбертрак блиндирани возила на Tесла за 400 милиони долари Read More »

Хегсет: Европа има одговорност да ја запре „руската воена машина“


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека одговорност на Европа е да ја запре, како што рече, „руската воена машина“. Пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Хегсет повтори дека земјите-членки на Алијансата треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП. Сегашната цел за одбранбените …

Хегсет: Европа има одговорност да ја запре „руската воена машина“ Read More »

Волстрит џурнал: Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин


Кинеските власти во изминатите недели предложиле Пекинг да биде домаќин на средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, како и помош за мировните преговори за Украина, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори во Пекинг и Вашингтон. Весникот наведува дека кинеските претставници преку посредници ги испратиле тие понуди до тимот на …

Волстрит џурнал: Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин Read More »

Европа шокирана по потегот на Трамп за Украина: „Ова е изневерување и предавство“


  Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Веста за договорот предизвика бурни реакции во меѓународната заедница, а најмногу ги шокираше европските сојузници на Украина. Поранешниот британски министер за надворешни работи Џејмс Клеверли остро …

Европа шокирана по потегот на Трамп за Украина: „Ова е изневерување и предавство“ Read More »

Полицијата во Италија заплени речиси милион евра во измама со вештачка интелигенција


Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка, откако станал жртва на измама со вештачка интелигенција, соопштија официјални лица. Измамниците користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе и …

Полицијата во Италија заплени речиси милион евра во измама со вештачка интелигенција Read More »

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, во Саудиска Арабија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако во претходниот телефонски разговор се договориле веднаш да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина. „Ќе се сретнеме во Саудиска Арабија“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Покрај разговорите со Путин, Трамп …

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, во Саудиска Арабија Read More »

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина


Вашингтон – Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси. Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен. …

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина Read More »