Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда


Вашингтон – Вашингтон денеска поднесе тужба против администрацијата на Доналд Трамп поради распоредувањето на Националната гарда во главниот град на САД. Тужбата, поднесена во федералниот суд, бара од судот да издаде наредба со која се забранува распоредувањето на Националната гарда, со образложение дека одлуката е неуставна и крши неколку федерални закони. – Вооружени војници не треба […]

Судија пресуди дека администрацијата на Трамп незаконски го прекинале финансирањето на Харвард


Универзитетот Харвард извојува клучна правна победа во судирот со администрацијата на Трамп, кога федерален судија изјави дека владата го прекршила законот со замрзнување на милијарди долари од истражувачки фондови во име на сузбивање на антисемитизмот, пренесува Њујорк Тајмс. Пресудата можеби не е последен збор за ова прашање, но одлуката на судијката Алисон Д. Бароуз од Окружниот […]

Мелони: Италија нема да испрати војници во Украина


Италија нема да испрати војници во Украина за да го набљудуваат евентуалниот мировен договор со Русија, изјави денеска премиерката Џорџија Мелони на Самитот на Коалицијата на подготвените, што се одржа во Елисејската палата. Таа нагласи дека Италија нема да испрати војници во Украина, но е подготвена да го поддржи евентуалниот прекин на огнот преку иницијативи […]

Русија протера естонски дипломат


 Русија денеска протера естонски дипломат, како реципрочна мерка за протерувањето на руски дипломат од Талин, обвинет поради „мешање“ во внатрешните работи. – Ниту една непријателска акција на Tалин нема да остане без одговор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Естонија на 13 август протера еден руски дипломат поради „директно и активно“ мешање во загрозување на […]

Мерц: Сите згрешивме во врска со Путин


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери погрешно ја процениле руско-украинската криза и рускиот лидер Владимир Путин. – Сите ние згрешивме во врска со Владимир Путин. Вистината е дека јас секогаш бев скептичен. Но требаше и јас побрзо да ја сфатам заканата, многу пред неговиот напад на Украина – во 2014 година, кога ја […]

Руте: Руската економија не е поголема од онаа на Тексас, Путин е само гувернер


  Рускиот претседател Владимир Путин не треба да се сфаќа „премногу сериозно“, изјави генералниот секретар на НАТО Руте на конференцијата за одбрана во Меѓународниот институт за стратешки студии (ИИСС) во Прага. НАТО не треба да ја преценува моќта на Русија затоа што нејзината економија „не е поголема од онаа на Тексас“, рече Руте. „Треба да […]

Што е трамвајската жичница во Лисабон и како функционира


  Португалија е во жалост откако 17 лица загинаа, а 21 беа повредени кога вагон на жичницата излета од шините и се урна на улиците на Лисабон. Сведоците им кажаа на локалните медиуми дека вагонот изгледал надвор од контрола додека се движел надолу кратко по 18 часот за време на вечерниот шпиц во средата. Именувани […]

Страшна несреќа во Берлин: Со автомобил покоси група деца и нивната наставничка


Автомобил удри група луѓе во Берлин во четвртокот попладне. На местото на настанот има повредени лица, меѓу кои и деца. Несреќата се случила во населбата Вединг,  околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобил Бе-ем-ве удрил во група деца на возраст од седум до осум години додека вртел. Според весникот „Билд“, од вкупно 15 деца, три […]

Парижани се борат да го спасат Монмартр од прекумерниот туризам


  ПАРИЗ – Кога Оливие Бароан се пресели во стан во Монмартр пред околу 15 години, се чувствуваше како да живее во село во срцето на Париз. Веќе не. Продавниците за жителите исчезнуваат, заедно со пријателската атмосфера, вели тој. На нивно место се орди луѓе кои прават селфиња, продавници кои нудат туристички ситници и кафулиња […]

Флорида планира укинување на сите задолжителни вакцини, вклучувајќи ги и училишните


Флорида планира да ги укине сите државни задолжителни вакцини, вклучувајќи ги и оние кои се услов за учениците да посетуваат училишта, најави синоќа државниот здравствен инспектор Џозеф Ладапо. Одлуката, според експерти за јавно здравје, може да предизвика сериозни епидемии меѓу деца, туристи и лица со нарушен имунолошки систем. Ладапо, заедно со гувернерот на Флорида Рон […]

Путин подготвува нова офанзива во Украина


  Додека ги одложува преговорите за решавање на конфликтот во Украина, Владимир Путин подготвува нова офанзива на фронтот. Според проценките на европските земји и Киев, обид за пробив може да се направи во областа на Покровск, која руската армија не може да ја освои повеќе од една година. За време на разговорите за Украина минатата […]

Во рамки на европска истрага за даночни измами запленети средства од над 28 милиони евра


Финансиската полиција од италијанскиот град Равена заплени средства во вредност од над 28 милиони во рамки истрагата на Европското јавно обвинителство за измама со наплата на ДДВ од големи размери.  Како што соопшти Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), станува за истрага поврзана со даночни измами во кои биле вклучени над 70 компании од неколку […]

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 интернет страници


 Властите во Турција во 2024 година блокирале повеќе од 311.000 Интернет страници, со што е достигнат највисокиот број забрани откако се води ваква статистика, стои во извештај на Турската асоцијација за слобода на изразување (İFÖD), цитиран од Туркиш Минут („Turkish Minute“). Според извештајот на организацијата, која се занимава со следење на цензурата во онлајн просторот […]

Се множат повиците за оставка на Роберт Ф. Кенеди


    Оваа недела не беше вообичаена за  Роберт Ф. Кенеди помладиот. Во саботата, сенаторот Берни Сандерс (демократ од Вермонт), висок член на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот, напиша колумна во „Њујорк тајмс“ во која го повика Кенеди да поднесе оставка. Следниот ден, девет поранешни директори на Центрите за контрола и превенција […]

Бројот на жртви во несреќата на фуникулар во Лисабон достигна 17 лица


Бројот на загинатите при вчерашниот инцидент со фуникулар во Лисабон достигна 17, соопштија денеска службите за заштита и спасување. Двајца од повредените починале ноќеска во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице. Мартинш не ги откри имињата и националноста […]

Денешните автократи не се како Садам или Сталин, владеат со манипулација


Современите автократи се мајстори во манипулирањето на медиумите и јавното мислење. Тие избегнуваат брутална репресија или директно насилство и го одржуваат изгледот на демократија – додека ја празнат од нејзината суштина. Критичарите често го обвинуваат претседателот Доналд Трамп дека негува деспотски амбиции. Новинарите и академиците повлекуваат паралели помеѓу неговиот стил на лидерство и оној на […]

За Москва, украинските барања за безбедносни гаранции се „гаранции за опасност“


 Русија ги осуди барањата на Киев за безбедносни гаранции во рамки на мировно решение за конфликтот и ги нарече „гаранции за опасност за европскиот континент“. – Русија нема планови да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни […]

Двопартиска иницијатива во САД: конгресмените повеќе да не поседуваат акции


Во Претставничкиот дом на САД се создаде необична коалиција од конгресмени кои ретко се согласуваат по други прашања, но овојпат се обединија во поддршка на законски предлог за забрана членовите на Конгресот и нивните семејства да поседуваат и тргуваат со акции на компании. Групата вклучува претставници од крајната десница, левицата, умерени политичари и други. Тие […]

Администрацијата на Трамп незаконски го запрела финансирањето на Харвард, оцени суд во САД


Федерален судија во САД вчера донесе одлука дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите во износ од околу 2,2 милијарди долари наменети за универзитетот Харвард и дека повеќе не смее да го прекинува финансирањето на истражувањата на престижната институција од Бршленовата лига. Судската одлука на судијката Алисон Бароус во Бостон претставува голема […]

Навроцки и Трамп разговараа за зголемување на американското воено присуство во Полска


Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека за време на вчерашната посета на Белата куќа разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за зголемување на американското воено присуство во Полска. Навроцки изрази уверување дека разговорите ќе завршат успешно, иако се наоѓаат во почетна фаза. – За време на средбата дискутиравме за проширување на американското воено […]