Претседателот на Камерун, Пол Бија, на 92 години тргнува по осмиот мандат


Камерунскиот претседател Пол Бија, кој има 92 години и е на власт речиси 43 години, синоќа на платформата X објави дека ќе се кандидира за осмиот седумгодишен мандат на претседателските избори закажани за октомври. „Јас сум кандидат на претседателските избори на 12 октомври 2025 година. Бидете сигурни дека мојата решеност да ви служам е соодветна […]

Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега


 Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега и „никогаш мирот на европскиот континент не зависел толку многу од непосредните одлуки“. -Живееме во момент на превирања. Одамна ја разбравме нивната неизбежност, […]

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија. -Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми. Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија […]

Мелони предупредува на трговска војна на Западот


Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп  најави царинки од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). -Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ […]

Макрон повика ЕУ „одлучно да ги брани европските интереси“ од царините на Трамп


  Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика ЕУ „решително да ги брани европските интереси“ откако Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 30 отсто царини за речиси целиот увоз од ЕУ. Ова се случи откако ЕУ се обиде да ги деескалира тензиите по директниот потег на Трамп во саботата. Блокот прогласи понатамошна пауза на одмаздничките […]

Анкета: Мнозинството во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат Британија да се врати во ЕУ


  Десет години откако пратениците гласаа за одржување на референдумот што доведе до напуштање на Велика Британија на Европската унија, анкета покажа дека мнозинството во четирите најголеми земји-членки на блокот би го поддржале приклучувањето на Велика Британија – но не под истите услови како и претходно. Анкетата на YouGov во шест западноевропски земји, вклучувајќи ја […]

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина


Силите за противвоздушна одбрана на Украина соборија 40 од вкупно 60 беспилотни летала со кои руските сили извршија напад врз Украина меѓу 12 и 13 јули, соопштија денеска Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина. Како што пренесува агенцијата „Укринформ“, нападот бил извршен од правец на руските градови Курск и Милерово, а станувало збор за […]

Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел


 Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за малку избегнал смрт за време на 12-дневната војна со Израел, пренесе ДПА, повикувајќи се на ирански медиуми. Иранската новинска агенција „Фарс“ јави дека израелските воздушни сили бомбардирале комплекс на зграда на Советот за национална безбедност на 16 јуни, три дена по почетокот на војната. По нападот, електричната енергија била прекината, […]

ЕУ и Мексико остро реагираа на царините на Трамп од 30 отсто


Европската унија и Мексико изразија длабоко разочарување поради заканата од претседателот на САД, Доналд Трамп, дека од 1 август ќе воведе 30 отсто царини на нивниот извоз во САД. Двете страни најавија дека се подготвени да одговорат со пропорционални контрамерки, но воедно порачаа дека се подготвени да продолжат со преговорите со Вашингтон, пишува Би-Би-Си. Мексико ја […]

Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата објави дека воведува царини од 30 отсто против Европската унија и Мексико. Трамп ги објави царините за двајца од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави во писма објавени на неговиот профил на социјалните мрежи. Во своето писмо до мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, Трамп призна дека земјата […]

Вашингтон потврди дека е убиен американски државјанин од еврејски доселеници во Западниот Брег


Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека е запознаен со смртта на американскиот државјанин Саиф ал-Дин Камел Абдул Карим Мусалат на окупираниот Западен Брег, по извештаите за фатален напад од страна на еврејски доселеници врз палестински Американец. Палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на локалното Министерство за здравство, објави дека Мусалат, на возраст од 20 години, […]

Ал Џезира Балканс денес на пладне прекинува со работа, 200 вработени „на улица“


Медиумската куќа Ал Џезира Балканс денес го прекинува своето емитување, а последното издание на вестите ќе биде прикажано во 12 часот, потврдија извори блиски до редакцијата. Иако официјалната потврда од менаџментот сè уште не е објавена, информацијата веќе е потврдена преку јавни објави на социјалните мрежи од страна на новинари и вработени, кои со емотивни […]

Белата куќа го рекламира Трамп како Супермен


Белата куќа објави уште едно од своите соопштенија што беа незамисливи пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател на Соединетите Американски Држави. Имено, на официјалниот X профил објавија фотомонтажа од Трамп како – Супермен. „СИМБОЛ НА НАДЕЖ. ВИСТИНА. ПРАВДА. АМЕРИКАНСКИ НАЧИН. СУПЕРМЕН ТРАМП“, напишаа тие покрај сликата.

Двајца Палестинци претепани до смрт од израелски доселеници на Западниот Брег


Израелски доселеници претепаа до смрт двајца Палестинци во напад на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската самоуправа. Едниот бил американски државјанин. Израел го истражува инцидентот во селото Синџил, каде што армијата соопшти дека биле фрлани камења кон Израелците. Палестинските медиуми соопштија дека доселениците го започнале судирот поради нелегалните згради на доселениците во […]

Трамп во Тексас ги посети поплавените подрачја


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Тексас за да ги обиколи поплавените подрачја и да се сретне со локалните власти, спасувачи и роднини на речиси 120 лица кои загинаа во катастрофата од 4 јули. Десетици лица сè уште се водат за исчезнати. Од денот кога се случи поплавата, не се пронајдени преживеани. Поплавите во регионот […]

САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“


Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го нападна кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, наметнувајќи му визни ограничувања, поради неговата улога во репресијата на масовните протести во 2021 година, јави ДПА. Рубио изјави дека Вашингтон ги ограничува визите „за претставниците на кубанскиот режим: претседателот Дијаз-Канел, министерот на револуционерни вооружени сили Алваро, Лопез Миера, министерот за внатрешни работи […]

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната


Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа  движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици […]

Жесток руски напад врз западна Украина со дронови и ракети


Русија во текот на ноќта започна жесток бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина, гаѓајќи области далеку од линијата на фронтот, соопштија утринава украинските медиуми и официјални лица. Експлозии се регистрирани во градовите Л’вов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на границата со Романија, како и во северозападниот град […]

Снабдувањето со гориво за моторот било прекинато непосредно пред падот на авионот на „Ер Индија“


  Прекин на снабдувањето со гориво до моторите ја предизвика несреќата на „Ер Индија“ минатиот месец, во која загинаа 260 луѓе, покажа прелиминарниот извештај. Авионот што леташе кон Лондон само што ја напушти пистата на аеродромот во Ахмедабад кога удри на земјата. Сите во авионот загинаа, освен еден патник. Според извештајот на Бирото за истрага […]

Германците не сакаат во војска: Расте бројот на приговори на совест


Како што се разгорува политичката дебата во Германија за повторно воведување на регрутацијата, така расте и бројот на луѓе кои поднесуваат барања за повикување на совест, јави денеса медиумската групација РНД. До сојузната канцеларија за регрутација минатата година биле поднесени 2.241 барање за приговори на совест, изјави за РНД портпаролот на канцеларијата. Тоа е двојно […]