Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Анкориџ


По самитот во Анкориџ, Алјаска, меѓу претседателите на Русија на САД Владимир Путин иДоналд Трамп, високи руски политичари го прогласија состанокот за победа на Русија и нејзината позиција во однос на војната во Украина. „Самитот во Алјаска ја потврди желбата на Русија за долгорочен и праведен мир“, изјави Андреј Клишаш, влијателен пратеник од партијата Единствена […]

Калас: Суровата реалност е дека Путин не сака мир ни по средбата со Трамп


Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, денеска предупреди дека Русија нема намера да ја прекине војната во Украина, и покрај синоќешните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска. Калас, во изјава за Политико, го поздрави обидот на Трамп за постигнување мировен договор, […]

Рубио: Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок


 Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок за време на самитот во Алјаска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Енкориџ. -Сè уште имаме долг пат пред себе, но постигнавме напредок, изјави Рубио за рускиот „Прв […]

Повеќе од 320 мртви во обилните дождови во Пакистан


 Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица. Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, […]

Медведев тврди: Трамп не му се заканувал на Путин со ултиматуми


Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, утринава на својот канал на Телеграм ја објави првата реакција на Москва по средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска. Според него, средбата се одржала мирно и без закани или ултиматуми, како и дека е обновен „целосниот механизам за состаноци […]

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски


Европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, издадоа заедничка изјава по разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да стави крај на агресивната војна на Русија и да постигне праведен и траен мир“, се наведува во соопштението. […]

Се сретна ли Трамп со двојник на Путин?


Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа вчера во Алјаска, но теоретичарите на заговор се убедени дека Трамп се сретнал всушност со двојник на рускиот претседател. Тиа ги базираат своите претпоставки на изгледот и одењето на Путин, тврдејќи дека лицето кое слетало на Алјаска имало пополни јаболчници и изгледало посреќно од […]

Лидерот на малцинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, дециден: Трамп не доби ништо од Путин


Лидерот на демократското малцинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, остро ја критикуваше средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавува ДПА. „Доналд Трамп денеска го простре црвениот тепих за авторитарниот гангстер Владимир Путин. Наместо да застане со Украина и нашите сојузници, Трамп застана рамо до рамо со автократ кој со години […]

Зеленски во понеделник оди во САД да се сретне со Трамп


Претседателот на Украина, Володомир Зеленски ја поздрави можноста за тројна средба со Владимир Путин и Доналд Трамп и најави дека во понеделник оди во САД да се сретне со американскиот претседател.  „Имавме долг и суштински разговор со американскиот претседател. Започнавме со разговор еден на еден пред да ги поканиме европските лидери да ни се придружат. […]

Од Клинтгон до Трамп: Сите американски претседатели на Путин


Во раните години од 25-годишното владеење на Владимир Путин, билатералните средби со неговите американски колеги беа чести. Со текот на времето, сепак, особено по нелегалната анексија на Крим во 2014 година и обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, контактите станаа поретки и постудени. Вчера  за прв пат по години, Путин  […]

Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска


Американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на НАТО за неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, објавија светските агенции. Белата куќа соопшти дека разговорот со Зеленски бил долг, по што следел и телефонски разговор со лидерите на НАТО, но не даде детали за разговорите. Трамп и Путин ја завршија […]

Нетанјаху нуди пари на сиромашни земји за да населат Палестинци


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека се во тек разговори со неколку земји за прием на Палестинци раселени од војната во Газа. Вклучените земји се Јужен Судан, Сомалиленд, Етиопија, Либија и Индонезија, изјави за Си-Ен-Ен висок израелски функционер. Во замена за прием на дел од населението на Газа од повеќе од два милиони луѓе, функционерот […]

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина


Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот состанок во Алјаска, изјавија за американски медиуми претставници на Белата куќа. Меланија Трамп не го придружуваше својот […]

Путин им оддаде почит на советските пилоти на гробиштата во Енкориџ


Пред да замине од самитот со Трамп, рано утринава, рускиот претседател Владимир Путин ги посети гробиштата на советските војници во градот Енкориџ, во американската држава Алјаска, јави ДПА. Тој положи црвени рози на белите камени крстови на Националните гробишта Форт Ричардсон. Меѓу погребаните таму се советски пилоти кои ги загубија животите за време на Втората […]

Нема мир ни по средбата на Трамп со Путин


Со борбени авиони, црвен тепих и надежен слоган – „Спроти мирот“ – залепен на ѕидот, претседателот Доналд Трамп го пречека својот руски колега Владимир Путин на самитот во Алјаска во петокот, чии резултати останаа целосно нејасни откако ненадејно заврши. По средбата што траеше речиси три часа, двајцата лидери излегоа да прогласат напредок. Но, тие ја […]

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин


 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот шеф на државата, Владимир Путин започнаа разговори за можен крај на војната меѓу Русија и Украина. Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, претходно се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што […]

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет е на пат кон Алјаска, тој е во авион одделно од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави функционер од одбраната за Си-Ен-Ен. Хегсет не беше меѓу функционерите на списокот на оние кои патуваат со американскиот претседател на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за војната во […]

Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите. „Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот […]

Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација


 Десетици илјади украински бегалци во САД од денеска почнуваат да ја губат својата правна заштита, што ги изложува на ризик од апсење и депортација, доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп не преземе мерки. Се проценува дека околу 120.000 Украинци, кои пристигнале во последните две години преку програмата „Обединети за Украина“, ќе останат без хуманитарниот статус […]

Трамп: Нема бизнис со Путин без мировен договор


Доналд Трамп изјави дека нема да соработува со Владимир Путин додека не се постигне мировен договор.Зборувајќи од „Ер Форс Уан“ на пат кон Алјаска, американскиот претседател рече за својот руски колега: „Забележав дека тој носи многу бизнисмени од Русија и тоа е добро. Ми се допаѓа тоа затоа што тие сакаат да работат, но нема […]