Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Важно е војната да запре, а Украина да добие безбедносни гаранции


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел имаше средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, за да го договорат заедничкиот настап на утрешната средба во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп. Покрај Фон дер Лајен и Зеленски на средбата со Трамп ќе учествува и европската „тешка артилиерија“: францускиот и финскиот претседател, германскиот […]

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!


Додека Володимир Зеленски и Урсула фон дер Лајен ја одржуваа заедничката прес-конференција во Брисел пред утрешната средба со него во Вашингтон, американскиот претседател, Доналд Трамп објави краток коментар на неговата социјална мрежа „Truth Social“ за преговорите што во петокот ги имаше со рускиот претседател со Владимир Путин. „ГОЛЕМ НАПРЕДОК ЗА РУСИЈА. СЛЕДЕТЕ! Претседател ДЈТ“, напиша […]

Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк


 Најмалку три лица се убиени, а осум се повредени во пукотница во клубот „Tastes of the City Bar“ во Бруклин, Њујорк, соопшти денеска њујоешката полиција. Полициската комесарка во Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција изјави дека жртви се тројца мажи, на возраст од 27, 35 години и една со непозната возраст, но не ги откри нивните […]

За Хамас планот на Израел за преселувања во Газа е „нов бран геноцид“


Палестинската милитантна група Хамас денеска објави дека планот на Израел за преселување на жителите на Газа е „нов бран геноцид“ против стотици илјади жители на енклавата. Хамас во соопштение оцени дека планираното поставување шатори и друга опрема на југот од Газа е „очигледна измама“. Израелската армија објави дека почнувајќи од денеска жителите на Газа ќе […]

Рубио: Самитот на Путин и Трамп беше „многу добар и продуктивен“


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржан на 15 август на Алјаска, бил „многу добар и продуктивен“. На прашање на руски новинари, тој кратко одговори: „Многу добро. Беше многу продуктивно“. Путин и Трамп се сретнаа во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Разговорите […]

Ова е понудата на Путин за завршување на војната, Ројтерс ги објави деталите


Русија ќе се откаже од помали делови од окупирана Украина, а Киев ќе отстапи големи делови од истокот на земјата што Москва не успеа да ги освои – ова е рамката на мировниот предлог што го дискутираа на самитот во Алјаска рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според извори на Ројтерс запознаени […]

Познато е кого Европа ќе испрати со Зеленски во Вашингтон


Финскиот претседател Александар Стуб и евентуално генералниот секретар на НАТО Марк Руте утре ќе патуваат во Вашингтон со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Политико. Целта на европските лидери е да ја зајакнат позицијата на Киев на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и да спречат нови тензии во време кога се одлучува за иднината на […]

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, оценувајќи дека таквата одлука „ја комплицира ситуацијата“ во остварувањето на мировниот план што го побара американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. „Гледаме дека Русија одбива бројни повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила […]

Три американски држави испраќаат национална гарда во Вашингтон за справување со криминалот


 Три американски држави презедоа мерки за распоредување на свои единици од Националната гарда во главниот град Вашингтон за да ги поддржат напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за реформирање на полициската работа преку федерални мерки за борба против криминалот и бездомништвото. Западна Вирџинија соопшти дека распоредува меѓу 300 и 400 војници од Националната гарда, […]

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе


Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж. Во интервју за германската јавна телевизија АРД, дадено синоќа, Мерц рече дека самитот бил одржан со „голем протокол“ […]

Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени


Најмалку 29 лица се повредени, меѓу кои две се во критична состојба, откако земјотрес со јачина од шест степени изутринава го погоди островот Сулавеси во централна Индонезија, соопштија официјалните власти. Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, 13 повредени се пренесени во болници во областите Посо и Токорондо, откако врз нив паднал […]

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици


Илјадници луѓе протестираа против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, откако организаторите повикаа на протести во околу 300 градови под мотото „Fight the Trump Takeover“ („Спротивстави се на преземaњето на Трамп“). Еден од најголемите собири се одржа во Остин, главниот град на јужната сојузна држава Тексас, каде локалните медиуми јавија дека се собрале околу 5.000 […]

Европските лидери одлучуваат дали да го придружуваат Зеленски при посетата на Вашингтон


Европските лидери денеска ќе одлучат дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде придружуван за време на неговата посета на Вашингтон, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. На прашањето дали германскиот канцелар Фридрих Мерц би можел да го придружува Зеленски во Вашингтон, Вадефул одговори […]

Политико: Триумфот на Путин во Алјаска


Рускиот претседател Владимир Путин ја напушти Алјаска многу задоволен. И имаше причина за тоа, пишува колумнистот Џејми Детмер во Политико. Средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, одржана во воена база од времето на Студената војна во близина на Анкориџ, му даде можност да се претстави на американска почва како рамноправен светски лидер, а не како […]

Ураганот „Ерин“ се засили до највисоката, петта категорија


Ураганот „Ерин“, првиот во Атлантскиот Океан за оваа сезона, се засили до катастрофална петта категорија според скалата на Сафир-Симпсон, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НЦУ). Бурата се наоѓа на околу 285 километри североисточно од главниот град на Порторико, Сан Хуан, придружена со постојани ветрови со максимална брзина од 260 км/ч. Според прогнозите на НЦУ, […]

Канадскиот премиер ја поздрави подготвеноста на САД за безбедносни гаранции за Украина


Канадскиот премиер Марк Карни ја пофали „подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина“ во рамките на договорот за прекин на војната на Русија против Украина. „Сигурните и доверливи гаранции се клучни за праведен и траен мир. Ја поздравувам подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции како дел од напорите на ‘Коалицијата на подготвените’“, […]

Израелската армија почнува да ги преселува Палестинците. Подготвува напад врз градот Газа


Жителите на Газа ќе добијат шатори и друга заштитна опрема почнувајќи од утре пред нивното преместување од борбените зони во „безбедните“ зони на југот од енклавата, изјави портпарол на израелската армија. Одлуката доаѓа неколку дена откако Израел објави дека има намера да започне офанзива за преземање на контролата врз северниот град Газа, најголемиот урбан центар […]

Израел ќе гради населба што ќе го подели Западниот Брег – бран меѓународни осуди


 Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич најави почеток на изградба на контроверзно населено место Е1, кое би го поделило Западниот Брег и би го отсекол од Источен Ерусалим. Според неговиот кабинет, проектот ќе ја „погреба“ идејата за палестинска држава, што предизвика серија остри реакции. Стоејќи на местото на идната населба во Мале Адумим, седум километри […]

Путин со непристоен предлог, бара Донецк и Луганск да станат руски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел од мировниот план, кој наводно бил поддржан од Доналд Трамп. Според Ројтерс, во телефонски разговор со Трамп кој траел час и половина, Зеленски јасно ставил до знаење дека таква опција не е можна. Лидерите на […]

Европските лидери поканети во Белата куќа на средбата Трамп-Зеленски


Европските лидери се поканети да присуствуваат на состанокот меѓу украинскиот претседател  Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани претставници. „Трамп ќе разговара за овој план (за решавање на конфликтот) со Зеленски во понеделник во Белата куќа, а европските лидери се поканети да присуствуваат […]