Калас: Со давањето територијални отстапки на Русија во Украина ќе се испрати порака дека агресијата се исплати


Мора да се почитува принципот на територијалниот интегритет на Украина, бидејќи ако земјата направи територијални отстапки кон Русија со тоа ќе се испрати порака дека агресијата се исплати и дека едноставно секој можете да употреби сила против своите соседи и да го добие она што го сака, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи […]

Австралија ја обвини Кина за опасно и непрофесионално однесување


Австралија денеска ја предупреди Кина за опасно воено однесување и ја обвини кинеската армија дека истрелала ракети во близина на австралиски авион, што летал над Јужно Кинеско Море. Австралискиот авион „Посејдон“ вчера ја контролирал областа над Јужно Кинеско Море кога му се приближил кинески авион кој истрелал ракети односно сигнални ракети, во негова непосредна близина, […]

Претседателот на Монголија стави вето на смената на премиерот


Претседателот на Монголија, Ухнаагин Курелсух денеска стави вето на парламентарната резолуција за смена на премиерот Гомбоџав Занданшатар. На 17 октомври Парламентот на Монголија го разреши од функција премиерот Занданшатар, по само четири месеци од именувањето. Занданшатар (55) ја презеде премиерската функција откако Парламентот во јуни го разреши неговиот претходник Лувсанамсраин Ојун-Ердене, поради обвинувања за корупција […]

„Доста со карти“: Трамп ги фрлил настрана мапите за фронтот во Украина на средбата со Зеленски


  За време на разговорите со Володимир Зеленски, Доналд Трамп „речиси дословно“ повторил многу од поентите на Владимир Путин – дури и оние што се спротивставувале на неговите сопствени изјави за слабоста на Русија, изјавиле за „Фајненшел тајмс“ европски извори запознаени со состанокот. Според еден од изворите на ФТ, Трамп му рекол на Зеленски дека […]

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги демантираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети. – Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс. Во израелскиот напад врз Иран во јуни се […]

Украдениот накит од Лувр е „значајна културна загуба“ со „непроценлива вредност“


Париз – Вкупно девет парчиња накит биле цел на криминалците, а осум всушност биле украдени во најдрската – и можеби најскапата – кражба некогаш изведена во Лувр (за седум минути), кој ги сместува најценетите уметнички колекции во земјата. Француските политичари јавно жалеа за загубата и ги нападнаа оние што ги сметаа за одговорни, гласно барајќи […]

Зелено светло од ЕУ за преговори со Украина и Молдавија уште во ноември?


Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата. Според неа, […]

Трамп го притискал Зеленски да отстапи територија на Русија, тој одбил


Доналд Трамп го притискал Володимир Зеленски на нивната последна средба во Белата куќа да ѝ отстапи територија на Русија, од што украинската делегација била многу разочарана, изјавија за „Ројтерс“ два извора запознати со разговорите. Трамп исто така одбил да ѝ даде проектили „томахавк“ на Украина и размислувал за давање безбедносни гаранции и на Киев и […]

Грабеж во Лувр: Полицијата се сомнева дека крадците биле странци, протече и кратко видео


Француската полиција продолжува со потрагата по крадците кои украдоа осум непроценливи парчиња кралски накит од парискиот музеј Лувр на сред бел ден во неделата. Околу 60 истражители моментално работат на случајот, а официјалните лица велат дека крадците се чини дека се искусни и постои можност да се странски државјани. Крадците пристигнале помеѓу 9:30 и 9:40 […]

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени


За време на воена вежба по повод 250-годишнината од американскиот морнарички корпус во базата „Камп Пендлтон“ во Калифорнија, дел од обезбедувањето на потпретседателот на САД Џеј Ди. Венс беше погоден од метални шрапнели откако артилериска граната експлодирала над автопат, соопшти сообраќајната полиција на Калифорнија (ЦХП). Инцидентот се случил за време на вежба со боева муниција […]

ЕУ размислува за прием на нови членови, но да немаат право на вето


  Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски „Политико“ од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им […]

Зеленски: Украина нема да му даде ништо на агресорот и нема да заборави ништо


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да „даде ништо ниту да заборави“ на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Киев активно работи на обезбедување воена и енергетска поддршка за наредниот период, пишува United24 Media. Во своето последно обраќање, Зеленски откри дека Украина работи со европските сојузници за проширување […]

Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да го предаде целиот Донбас на Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во претседателскиот авион дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е сè уште важечки и рече дека нема да ги укине царините за Индија сè додека не престане да купува руска нафта. „Да, сè уште е важечки“, одговори Трамп кога новинарите го прашаа дали прекинот на […]

Пораз на левицата во Боливија: центристот Родриго Паз победи на претседателските избори


Сенаторот Родриго Паз Переира победи во вториот круг од претседателските избори одржани вчера во Боливија, покажуваат прелиминарните резултати. Кандидатот на центристичката Христијанско-демократска партија освои околу 55 отсто од гласовите по пребројувањето на речиси сите ливчиња, што изборната власт го опиша како „неотповиклива предност“. Неговата победа става крај на речиси две децении левичарски влади во земјата, […]

По украински напад прекинато снабдувањето со гас во Русија од Казахстан.


Голема руска фабрика за преработка на гас во Оренбург, најголемата во светот, беше принудена да го запре снабдувањето со гас од Казахстан вчера, потврди Министерството за енергетика на Казахстан. Прекинот се случи по украинскиот напад со беспилотни летала врз објектот, објавија украинските медиуми. Украинската војска претходно соопшти дека објектот, кој се наоѓа во југозападниот регион […]

Сесија на ЕП – меѓу темите и институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, случувањата во Србија и владеењето на правото во Бугарија


Состојбата на Блискиот Исток, институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, случувањата во Србија, владеењето на правото во Бугарија, претстојниот Самит на ЕУ, мерките кон Русија и приоритетите на Унијата за 2026 година се меѓу темите за дискусија на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.  Заседанието ќе започне доцна попладнево со дебати посветени […]

Трамп му рекол на Зеленски да ги прифати условите на Путин или ризикува уништување


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати руските услови за прекин на војната меѓу Русија и Украина на состанокот во Белата куќа во петокот, предупредувајќи дека претседателот Владимир Путин се заканил дека ќе ја „уништи Украина“ ако не се согласи на договор, објави „Фајненшл тајмс“. За време на […]

Саркози ќе ја отслужи затворската казна во Париз


Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска француските медиуми. Кога ќе го напушти својот дом во Париз, ќе биде придружуван од колона сниматели на мотоцикли, објави „Ле Фигаро“. Автомобилот на Саркози ќе вози директно до затворскиот комплекс, каде што поранешниот претседател ќе […]

Владата на Мелони трета најдолговечна влада во повоена Италија


Десничарската влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони стана трета најдолговечна влада во повоената историја на Италија. Мандатот на Џорџа Мелони траеше 1.093 дена, што е исто како и поранешниот социјалистички премиер Бетино Кракси во средината на 1980-тите, објави новинската агенција АНСА во неделата. Само конзервативниот Силвио Берлускони ги предводеше владите подолго, еднаш од 2001 до […]

Вашингтон се обидува да спречи колапс на мировниот договор за Газа


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да спречи понатамошни инциденти во Газа што би можеле да доведат до пропаѓање на мировниот договор, по пропаѓањето на прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, објави денеска „Аксиос“. Весникот наведува дека американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговарале по телефон со израелскиот […]