Зеленски и Макрон ќе потпишат договор за воздушна одбрана


Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денеска во Париз (по вчерашната посета на Атина) за да ги финализира договорите со Франција за снабдување со противвоздушни системи, борбени авиони и ракети, во време кога руските напади со беспилотни летала и ракети се интензивираа, а Москва известува за напредок во регионот Запорожје, пренесува Франс24. Зеленски ќе разговара со францускиот […]

По неколку години, Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија


Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, неколку години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји. Полските власти, на полноќ ги отворија контролните пунктови Кужњица и Бобровники. Според новата одлука, преминот Кужњица – Брузги ќе пропушта само патнички возила, исклучувајќи ги автобусите, додека преминот Бобровники – Бјерестовица ќе […]

САД подготвуваат закон за санкции кон секоја земја што соработува со Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Републиканската партија работи на нацрт-закон со кој ќе се воведат строги санкции за секоја земја што остварува економска или друга соработка со Русија, а посочи дека и Иран би можел да се најде на таа листа. „Како што знаете, јас го предложив тоа. Секоја земја која работи со Русија […]

Трамп инвестирал најмалку 82 милиони долари во обврзници, фокусиран на секторите што ги претпочита


Американскиот претседател Доналд Трамп купил корпоративни обврзници во вредност од најмалку 82 милиони долари од крајот на август до почетокот на октомври, вклучувајќи нови инвестиции во сектори што имаат корист од неговите политики, покажуваат финансиските пријави. Според пројавите објавени од Канцеларијата за владина етика на САД, Трамп од 28 август до 2 октомври направил повеќе […]

Орбан: Нема да ја припојуваме Закарпатска Област


Унгарија би се откажала од можноста да го припои Закарпатје (Западна Украина) на својата територија, дури и ако добие таква понуда, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, во интервју за медиумската група „Аксел Шпрингер“. „Вие, Германците, веќе се обидувавте со други територии, а на крајот ние страдавме. Така што, искуството покажува дека не вреди да се […]

Белата куќа тврди дека „Алибаба“ ѝ помага на Кина во воените операции против Америка


Кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ обезбедува техничка поддршка на кинеската војска за „операции“ против цели во Соединетите Американски Држави, според меморандум од Белата куќа објавен од „Фајненшл тајмс“. Во меморандумот се тврди дека „Алибаба“ ѝ помага на кинеската војска, но „Фајненшл тајмс“ забележува дека не може независно да ги потврди тврдењата или да го објави целиот […]

Менталното здравје на младите луѓе во Европа се влошува, девојките се особено погодени


Проблемите со менталното здравје се растечка криза кај децата и тинејџерите низ цела Европа, а стручната поддршка е критично недостасана, според новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО). Според нивната анализа, дури еден од седум Европејци под 20 години се соочуваат со проблем со менталното здравје, што е зголемување од една третина во последните 15 […]

Чиле: Во вториот круг од претседателските избори ќе се соочат комунистката Хара и десничарот Каст


Комунистката Жанет Хара и десничарскиот политичар Хозе Антонио Каст ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори во Чиле, како освојувачи на најмногу гласови во вчерашниот изборен ден, соопшти актуелниот претседател Габриел Бориќ. „Честитки за Жанет Хара и Хозе Антонио Каст за пласманот во вториот круг. Следната недела, на 14 декември, Чиле уште еднаш […]

Мадуро ја запеа „Замисли“ на Џон Ленон: „Каква прекрасна песна. Да живее мирот“ (видео)


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, се обрати на митинг во Каракас во саботата, во услови на зголемени тензии со САД. Вашингтон распореди поморски сили во Карибите во близина на брегот на Венецуела, што предизвика загриженост во Каракас за можноста од воен конфликт. Во својот говор, Мадуро повика на смиреност и рече дека бара мир. За […]

Рубио: Картелот на Сонцата е предводен од Николас Мадуро и е одговорен за трговија со дрога во САД и Европа


Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека ќе го означи т.н. „Картел на Сонцата“ (Cartel de los Soles), сомнителен криминален синдикат наводно составен од високи венецуелски функционери, како терористичка организација. Одлуката ќе стапи во сила на 24 ноември, јави ДПА. – Со седиште во Венецуела, Картелот на Сонцата е предводен од (претседателот) Николас Мадуро и други […]

Уништени 236.000 згради: Војната во Украина предизвика станбена криза без преседан


Повеќе од 236.000 згради во Украина се уништени или оштетени за време на војната, а вкупно над 2,5 милиони живеалишта станаа недостапни поради вооружениот конфликт, што е приближно 10 отсто од целиот станбен фонд на земјата,се наведува во извештај на Меѓународната организација за миграција (МОМ) при ОН. Во извештајот, кој ја опишува ситуацијата во Украина […]

Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК


Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на блокот.  Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, […]

Трамп за досиејата Епстин: Немаме што да криеме, време е да се стави крај на измамата на демократите


Американските законодавци кои се обидуваат да го забрзаат објавувањето на досиејата поврзани со истрагата за сексуална трговија против финансиерот Џефри Епстин очекуваат голема победа во Претставничкиот дом оваа недела, откако „низа републиканци“ ја поддржаа примената на законот за декласификација, првично, спротивставувајќи се на раководство на Републиканската партија и на претседателот Доналд Трамп. Сепак, претседателот Трамп […]

Европратеници бараат судска оценка на законитоста на Договорот ЕУ-МЕРКОСУР


Вкупно 145 европратеници од 21 земја членка на ЕУ предложија резолуција со која се бара Судот на правдата на Европската Унија да оцени дали Договорот на блокот со организацијата на јужноамерикански држави МЕРКОСУР е во согласност со договорите за функционирање на Унијата.  По Предлог-резолуцијата, потпишана од пратеници од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната […]

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ вплови во Карипско Море


Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ (USS Gerald R. Ford) денеска вплови во Карипско Море, со цел да помогне во „пресретнувањето на трговијата со дрога и онеспособувањето и демонтирањето на меѓународните криминални организации“. Претседателот на САД, Доналд Трамп минатиот месец нареди распоредување на „Џералд Форд“ во Карипско Море. Носачот на авиони „Џералд Форд“ беше пуштен […]

Во ДР Конго загинаа 32 луѓе во рудник за кобалт


Најмалку 32 луѓе загинаа вчера при уривање на рудник за кобалт во јужниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти. Несреќата се случила кога се урнал мост над поплавен коп во рудникот за кобалт во покраината Луалаба. Спасувачки екипи сè уште го пребаруваат рудникот.

Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија


Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата Клаудија што ја погоди Португалија. Португалија и делови од Шпанија повеќе денови се соочуваат со екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која вчера стигна и до одредени области на Велика Британија и Велс, каде предизвика поплави. Во Велс се спроведуваат операции за спасување, евакуации на […]

(Видео) Украинците дигнаа во воздух клучен пат во близина на Покровск


  Украинските сили го дигнаа во воздух патот што ги поврзува окупираното Селидово и градот Покровск, местото на некои од најжестоките борби во регионот Донецк. Овој потег пресече важна рута што ја користеа руските сили за упади од северозапад, објави 7-миот корпус за брза акција на Украина. Градот Селидово, кој имаше 20.000 жители пред војната, […]

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба


Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, јави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета. Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 […]

Стотици припадници на Националната гарда на САД се враќаат во своите матични држави


 Стотици војници на Националната гарда од Калифорнија и Тексас, кои беа распоредени во Портланд и Чикаго како одговор на протестите поради репресиите против имиграцијата, ќе се вратат во своите матични држави, потврди функционер на Министерството за одбрана на САД. Официјалниот претставник на одбраната, исто така, изјави за Си-Би-Ес дека бројот на војници на Националната гарда […]