Повеќе од 600.000 луѓе се без електрична енергија по руските напади во Украина


Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Украина по руските напади со ракети и беспилотни летала, соопшти украинското Министерство за енергетика. „Како резултат на нападите, повеќе од 500.000 потрошувачи во Киев и повеќе од 100.000 потрошувачи во неговиот регион останаа утринава без електрична енергија“, наведе Министерството. Како што беше додадено, речиси 8.000 луѓе […]

Во поплавите во Тајланд животот го загубија 162 лица


Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкиат денеска изјави дека 162 лица го загубиле животот во поплавите во јужен Тајланд, пренесуваат агенциите. Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе се погодени во поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи […]

Најмалку еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев


Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче. Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор. Шефот на воената […]

Трамп најави помилување за поранешниот претседател на Хондурас, осуден на 45 години затвор


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандес, кој во САД издржува затворска казна од 45 години поради пресуда за трговија со дрога и недозволено поседување оружје. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп повторно ја изрази поддршката за претседателскиот кандидат на Хондурас, Насри Асфура од […]

Нашата борба продолжува: Зеленски ѝ се обрати на нацијата по оставката на Јермак


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи откако шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднесе оставка. На социјалната мрежа Фејсбук, Зеленски нагласи дека Русија „едвај чека Украина да направи грешки“, но порача дека Украина нема да потклекне. – Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против […]

Унгарија размислува за купување удел во руските нафтени компании под санкции


Потпретседателот на руската Влада, Александар Новак, изјави дека за време на денешните разговори меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, се разгледувала можноста Унгарија да купи удел во руските нафтени компании кои се погодени од неодамна воведените американски санкции. Новак на прес-конференција изјави дека овие разговори, водени во Кремљ, „не […]

Во Франција наскоро и поморски интервенции против илегалните преминувања кон Англија


Франција денеска соопшти дека „наскоро“ ќе почне да ги пресретнува малите чамци на шверцерите на луѓе на море на патот кон Англија, пред во нив да се качат мигранти. Оваа промена на политиката, која Париз ја почна под притисок од Лондон, се подготвуваше со месеци. Француските власти бараа да најдат начин да се спротивстават на […]

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски, поднесе оставка во скандалот со корупција


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка по рацијата против корупција во неговиот дом. 54-годишниот Јермак беше најблискиот советник на Зеленски во текот на целата војна во Русија, но беше под зголемен притисок поради корупциски скандал – иако не беше обвинет за никакво кривично дело. Украинските антикорупциски […]

„Телеграф“: Трамп му предлага на Путин да ги признае окупираните региони на Украина како руска територија


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да ја признае руската контрола врз Крим и другите окупирани територии на Украина како дел од „мировен план“, објавува британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори. Според весникот, специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, кој треба да ја посети Москва следната недела со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, […]

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по скандалот со дипломата


Министерот за одбрана на Романија Јонуц Моштјану денеска објави дека поднесува оставка, јави новинската агенција Аџерпрес. „Разговарав со претседателот, со премиерот, со претседателот на партијата, со дел од моите колеги во партијата Сојуз за спас на Романија и им благодарам за поддршката и довербата“, напиша Јонуц Моштјану на својот профил на Фејсбук и додаде дека […]

Покуси денови, знаци на замор: Трамп се соочува со стареењето додека е претседател


  Денот пред Ноќта на вештерките, американскиот претседател Доналд Трамп слета во заедничката база „Ендрјус“ откако помина речиси една недела во Јапонија и Јужна Кореја. Потоа беше однесен во Белата куќа, каде што им делеше бомбони на оние што сакаа да се забавуваат. Сојузниците се восхитуваа на издржливоста на претседателот: „Овој човек е нон-стоп со […]

Девојка му користела авион на ФБИ: Директорот Кеш Пател се соочува со засилени критики 


Во претходните месеци, Пател беше критикуван затоа што наводно ѝ дозволил на својата девојка, Алексис Вилкинс, да користи официјален авион на ФБИ за да патува на нејзините концерти. Неодамнешните извештаи дека девојката на директорот на ФБИ, Кеш Пател, летала со авион на ФБИ, ги засилија критиките за користењето на средствата на даночните обврзници од страна […]

Ужас во Југоисточна Азија: Поплавите убија 161 лице


Големи поплави ја погодија Југоисточна Азија, а бројот на жртви се искачи на најмалку 161 лице. Властите во регионот се обидуваат да спасат заглавени луѓе, да ја обноват електричната енергија и телекомуникациите и да ги координираат напорите за спасување додека водата се повлекува. Pray for Southeast Asia. Severe flooding has hit Indonesia, Malaysia, Vietnam, and […]

„Игра на тронови“ во реалноста: Данска формираше „ноќна стража“ поради Трамп


Данската влада воспостави „ноќна стража“ во Министерството за надворешни работи, не за да ги одврати Дивјаците и Белите шетачи како Ноќната стража од Игра на тронови, туку за да ги следи изјавите и потезите на Доналд Трамп додека Копенхаген спие. Ноќната стража започнува секој ден во 17 часот по локално време, а во 7 часот […]

Претрес во куќата на шефот на кабинет на Зеленски


Украинските антикорупциски институции – Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) – утрово извршија претрес во куќата на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, објави пратеникот Јарослав Железњак на својот Телеграм канал. Според него, членови на НАБУ и САП упаднале во домот […]

Белгија го отфрли и новиот предлог на ЕК за „заемот за репарации“ за Украина како „фундаментално погрешен“


Белгискиот премиер Барт де Вевер во писмо упатено синоќа до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека планот за т.н. „заем за репарации“, кој предвидува користење на 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства во ЕУ за исплата на финансиска поддршка на Украина е „фундаментално погрешен“, може да создаде сериозни економски и […]

Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица


Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти на денешната прес-конференција. Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време (02:18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за […]

Романија сериозно се вооружува: Купува француски системи за противвоздушна одбрана „Мистрал“


Романија, членка на ЕУ и НАТО, има долга граница со Украина, што ја зголемува нејзината воена важност. Нејзината моментална воздушна одбрана вклучува разни модерни системи како што се Патриот, авиони Ф-16 и ракетни лансери Химарс. Романското Министерство за одбрана објави дека потпишало договор со Франција за купување на 231 преносни системи за противвоздушна одбрана „Мистрал“ […]

Европол заплени осум милиони штетни играчки


Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (Европол) соопшти дека во предбожиќната акција запленети се осум милиони лажни и штетни играчки од продавници и пазари во 26 држави. Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“. Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети […]

САД ќе почнат копнени акции против шверцерите со дрога од Венецуела


Вашингтон – Претседателот на САД Доналд Трамп најави денеска дека „многу скоро“ ќе започнат операции „по копно“ за спречување на наводните венецуелски шверцери со дрога, пренесе ДПА. Во телефонски разговор со припадници на американските вооружени сили, Трамп истакна дека „веќе нема многу (венецуелски шверцери на дрога) што доаѓаат по морски пат“, додавајќи дека неговата администрација […]