(ВИДЕО) Објавена првата снимка од судирот на бродовите во Дунав


Унгарските медиуми објавија видео снимка од моментот кога се судираат бродовите во Дунав при што, според информациите настрадале седум лица, а 21 лице се водат за исчезнати по кои се уште се трага. Моментот на трагедијата е снимен со камера од покривот на еден хотел во близина. Туристичкиот брод се судри со друг брод во […]

Анкета: 70 отсто Германци сметаат дека наследничката на Меркел не е способна за функцијата канцелар


Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својот наследник на функцијата претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и можна наследничка, Анегрет Крамп-Каренбауер. Таа во изминатите денови предизвика негативни реакции за јавното коментирање за активистите за интернет, додека германските граѓани изразуваат сериозно сомневање во нејзината способност да биде достоен наследник на канцеларката во заминување. Според анкета […]

ЕП не го пушти да влезе Пуџдемон, иако е избран за европратеник


На новоизбраниот шпански европратеник Карлес Пуџдемон не му било овозможено  да влезе во Европскиот парламент, објавија медиумите во Брисел. Откако вчера се обидел да земе пропусница од ЕП во Брисел, Пуџдемон поминал на проверка за безбедност, но бил спречен од обезбедувањето. На Пуџдемон му било кажано дека не е во списокот на лица со право […]

Мексико: Судар на автобус со аџии и камион, 21 мртов


Најмалку 21 лице загинаа и околу 30 се повредени во судар на автобус и камион во државата Веракруз на истокот на Мексико, соопштија локалните власти. Деветнаесет луѓе загинале веднаш, а уште двајца им подлегнале на повредите во болница, вели началничката на цивилната заштита Гвадалупе Осорно. Автобусот превезувал аџии.

Кнесетот се самораспушти, нови избори во Израел на 17 септември


Израелскиот Парламент се самораспушти и закажа нови парламентарни избори за 17 септември. Кнесетот гласаше оваа ноќ за своето самораспуштање со 74 гласови „за“, а 45 „против“ по иницијатива на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој не успеа да формира владина коалиција по парламентарните избори во април. Организирањето на вторите парламентарни избори во рок од […]

(Видео) Во бродската несреќа на Дунав загинаа седум лица, 21 се водат за исчезнати


Најмалку седум лица загинаа, а 21 лица се водат за исчезнати, откако синоќа во унгарскиот главен град Будимпешта се преврте туристички брод, објавија унгарските медиуми. Национална новинска агенција МТИ наведува дека во бродот се превезувале 33 туристи од Јужна Кореја, а на бродот имало и двајца членови на екипажот. Министерството за надворешни работи на Јужна […]

Искачувањето на Еверест „поплочено“ со мртви тела


Индија– Ед Доринг, доктор од Аризона, сонуваше целиот живот да стигне до врвот на Монт Еверест. Но, кога пред неколку дена се искачи, бил шокиран од она што го видел. Алпинистите се туркаа за да направат селфи. Рамниот дел од врвот, кој тој го проценува на големина од две пинг-понг маси, бил полн со 15 […]

Четири жртви во пад на воен хеликоптер во Украина


Сите четворица членови на екипаж загинаа во уривање на украински воен хеликоптер МИ-8. Украинските копнени сили соопштија дека леталото се урнало во западниот дел на земјата. Армијата не откри повеќе информации за инцидентот кој се случил вчера доцна попладне.

Турските власти го ослободија американскиот научник од НАСА


САД– Турција синоќа го ослободи Серкан Голге, научник од НАСА со двојно американско и турско државјанство, чие приведување пред околу три години ги влоши односите меѓу двете земји. – Ги поздравуваме информациите за денешното ослободување на Серкан Голге од затвор, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортегас. -Ние ќе продолжиме одблизу да го следиме […]

Пелоси не исклучува постапка за импичмент на Трамп


САД – Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Нанси Пелоси изјави дека ништо не може да се исклучи, вклучувајќи и потенцијална процедура за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Пелоси говореше на собир во Калифорнија откако специјалниот обвинител Роберт Малер вчера изјави дека од Конгресот зависи што следува по неговиот извештај. Пелоси рече дека бара комисиите […]

Тројца загинати и 16 исчезнати по судир на два брода во Будимпешта


Унгарија – Три лица загинаа, а 16 се водат за исчезнати, oткако туристички брод се судри со друг брод во Дунав во близина на центарот на Будимпешта, јави државната телевизија. На туристичкиот брод имало 32 патника и членови на екипажот во момент на несреќата што се случила во близина на зградата на унгарскиот Парламент. Министерството за […]

(ФОТО/ВИДЕО) Маж се запали во близина на Белата куќа


Неидентификуван маж се запали пред минувачите во паркот Елипс во Вашингтон, недалеку од Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Од противпожарната служба на Вашингтон потврдија за „Си-Ен-Би-Си“ дека од паркот Елипс е доведен еден пациент со изгореници. Портпаролот на Тајната служба на САД Џефри Адамс истакна дека обезбедувањето на Белата куќа „реагирало во секундата“. Според зборовите […]

Ердоган и Трамп ќе се сретнат за време на самитот Г20


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се договорија да се сретнат на маргините на самитот Г20, кој е закажан за 28 и 29 јуни во Јапонија, објави директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун на Твитер. Портпарол на Белата куќа потврди дека двајцата лидери разговарале за прашања […]

Сореца му го врачи извештајот на Рама и порача партиите да се заложат за дијалог во интерес на сите


Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Албанија, Луиџи Сореца попладнево му го врачи Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2019 година на албанскиот премиер Еди Рама, притоа упатувајќи апел дека „пред овој факт, сите политички партии треба да се заложат за дијалог во интерес на сите“. -Политичките партии треба да […]

Брнабиќ: ЕУ и самата треба да го почитува владеењето на правото


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ја повика Европската унија да го почитува владеењето на правото, на кое толку многу инсистира, бидејќи Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Приштина предвидува механизми во случај некој да ја прекрши, како што властите во Приштина прават со таксите за стока од централна Србија и Босна и Херцеговина. По примањето […]

Специјалниот обвнител Роберт Малер го затвори случајот за руско мешање и поднесе оставка


Специјалниот обвинител Робарт Малер на денешната прес конференција изјави дека заминува од Министерстото за правда и ја затвора канцеларијата за истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој објасни дека одлуката ја донел поради завршувањето на истрагата. -Решението го донесов самостојно, без ничие убедување, изјави Малер за својата […]

Телохранител случајно пукнал со пиштол во авионот на Бабиш, нема повредени


Телохранител случајно испука од пиштолот во владиниот авион со кој патуваше  чешкиот премиер Андреј Бабиш на вечера во ЕУ, но никој не е повреден, соопшти полицијата. – Можеме да потврдиме случаен истрел од пиштол за време на проверка на оружјето во владиниот авион, изјави портпаролката на Чешката национална полиција, Ленка Сикорова. Таа додаде дека никој […]

Кандидатот за британски премиер Борис Џонсон соочен со судење


Англија – Борис Џонсон, кој е фаворит за нов премиер на Велика Британија, се соочува со судење поради наводи дека ја лажел јавноста во врска со Брегзит и последиците од него, соопшти денеска британски суд. Судија во Судот во Вестминстер денеска одлучи дека Џонсон, поранешен министер за надворешни работи на Велика Британија, мора да одговори на […]

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта


Германија – Поради проблемот со загаденоста со хлориди на руската нафта од нафтоводот „Дружба“, германскиот пазар почнува да страда од недостаток на суровини. Некои нафтени компании се веќе на раб на банкрот. Нема извештаи за недостигот на нафта на германскиот пазар. Руската страна се обврза целосно да го реши проблемот до почетокот на јуни. Сепак, фактите покажуваат […]

Поранешен градоначалник на Техеран призна дека ја убил сопругата


Полицијата го уапси некогашниот ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран, Мохамад Али Наџафи, откако призна дека убил една од своите две жени со пиштол во нивната куќа. Полицијата вчера го привела Наџафи откако сам се пријавил и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи, јави агенцијата ИРНА цитирајќи го обвинителот Мухамед Џахријари. Џахријари […]