Пожар во руска подморница, 14 мртви


Во пожар што избил во руска воена подморница загинаа 14 морнари, јавуваат руски агенции повикувајќи се на руското министерство за одбрана.

Подморницата за истражување длабоки води спроведувала воен надзор во руски територијални води, пренесе Ројтерс.
РТ јавува дека причината за пожарот, засега е непозната.